Чоколадниот мус е незаменлив деликатес за топлите летни денови, а доколку е подготвен без јајца и со многу малку неопходни состојки, тогаш дефинитивно најдовте омилена торта за вас и вашето семејство.

Овој мус ќе ве освои со својата кремаста текстура, но и со својата едноставност, а сето тоа ќе го заслади вашиот неделен ручек.

Потребни состојки:

  • 1 чаша брашно
  • 2 лажици какао
  • прашок за печиво
  • сода бикарбона
  • шеќер
  • екстракт од ванила
  • масло
  • половина чаша вода
  • шлаг
  • шеќер во прав
  • црно чоколадо

 

Начин на приготвување: Измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печиво и сода бикарбоната. Најдобро би било сето тоа да се стави во цедалка и така да се измешаат состојките кои ќе пропаѓаат во садот под неа. Додадете шеќер по вкус и екстракт од ванила, малку масло и вода во добиениот прав, а потоа измешајте сè додека не добиете единствена смеса. Намачкајте ја тавата со масло и врз неа ставете хартија за печење, а потоа прелијте ја смесата и оставете ја на загреан шпорет осум до десет минути.

Почекајте да се излади и со калап за торта (прстен) извадете ја формата. Се мешаат павлаката и шеќерот во прав, како и две лажици какао и се се мати додека не стане густо. Прелијте го колачот кој е во посебна рамка и размачкајте по желба. Оставете во фрижидер најмалку еден час. Направете прелив со темна чоколада и прелијте со пената, а одозгора по желба можете да додадете и рендано чоколадо како декорација.

Вашата совршена торта е подготвена за послужување!