Кога надвор температурите се високи, многумина спасот го бараат во брзите рецепти, особено кога станува збор за разладувачки десерти.

Еве зошто чоколадниот сладолед со две состојки стана хит на социјалните мрежи.

Овде нема да ви треба машина за сладолед, а доброто е што нема да ги добиете таканаречените кристали.

Состојки:

– 400 милилитри шлаг

– 400 грама чоколаден крем намаз

Подготовка:

Чоколадниот намаз истурете го во сад, а потоа прелијте со шлагот. Матете со миксер додека не добиете компактна смеса.

После тоа, овој сладолед треба да се истури во сад со капак. Ставете го во замрзнувач да стои околу четири часа или повеќе.

Можете да го сервирате со некои додатоци како шлаг, чоколадни парчиња или прелив.