Чиа пудинг – природен десерт без нездрави шеќери и несакани калории

Едноставен природно благ десерт без нездрави шеќери и несакани калории.
Потребни состојки:

360 милилитри бадемово млеко
60 грама чиа семки
25 грама какао во прав
30-75 милилитри јаворов сируп
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
Шумско овошје

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад со средна големина и добро измешајте ги. Покријте ги и ставете во фрижидер на 3-5 часа (може и да ги оставите да отстојат преку ноќ). Потоа префрлете ги во садови за сервирање и декорирајте со овошје, јаткасти плодови или други здрави и природни додатоци.

Пудингот трае 2-3 дена во фрижидер, покриен.

Најнови вести

Коментари