logo
logo
logo

ЧИА ПУДИНГ по рецепт на Ким Кардашијан: ЗА СЛАБЕЕЊЕ е одличен

Vecer | 21.07.2022

ЧИА ПУДИНГ по рецепт на Ким Кардашијан: ЗА СЛАБЕЕЊЕ е одличен

Ким Кардашијан е позната по тоа што споделува совети за нејзината исхрана и фитнес режимот на Инстаграм (кои не се секогаш здрави и успешни). Сепак, нејзиниот рецепт за пудинг со чиа стана хит на ТикТок со причина.

Рецептот е објавен на профилот Healthfood и собра повеќе од 813 илјади лајкови, а видеото детално го документира процесот на правење на оваа вкусна закуска.

Рецепт

Прво, додадете две лажици чиа семе во мал сад. Истурете половина шолја бадемово млеко и додадете половина лажичка мед, па добро измешајте. Пудингот чиа оставете го преку ноќ во фрижидер, а пред консумирање додадете сечкани јагоди или банани и посипете уште малку мед, секако, по желба.

Дали чиа пудингот е хранлив?

Според клиниката Кливленд, чиа пудингот е одличен начин луѓето да внесуваат здрави масти во нивната исхрана, а истовремено да го поттикнат губење на тежината. Чиа семето содржи омега-3 масни киселини кои се корисни за здравјето на зглобовите и срцето, а ја помагаат и меморијата.

"Чиа семето е богато со калиум, железо и калциум. Пудингот од чиа е најлесното јадење што можете да го направите бидејќи основниот рецепт има само две состојки - чиа семе и секаков вид млеко", вели диететичарката Џилијан Кулбертсон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk