Ова не е салата од кафеана, ова е вистинската

Цезар салата, утринска варијанта

Ако мислите дека вистинската Цезар салата е она што се подготвува набрзина и се продава во повеќето ресторани (со пилешко, сланина и мајонез), тогаш сте лошо информирани и лошо услужени. За вистиснката Цезар салата, подготвувана барем еден век во Рим, Њујорк и низ фините ресторани во Виена и за која треба малку повеќе од она што се служи во просечните кафеани, или ресторани. Треба повеќе артикли, свежи и одбрани прозиводи и нивен баланс со оцетот и маслиновото масло кој е мајсторство.

Според општоприфатениот извор за веројатно најпознатата салата во светот, е заслужен Кардини Цесар, Италијанец кој некаде по Втората светска војна од минатиот век емигрирал во Америка, во Сан Диего каде го отворил ресторанот “Цезар", кој еднаш го посетила и Јулија Чајлд, еден од најголемите експерти за француска кујна во светот, и пишувала низ американските медиуми за убавината и едноставноста на оваа салата.

Еве како денес се прави таа салата во истиот ресторан Цезар, каде што таа салата е и создадена:

Според една друга, поинаква приказна, Цезар салатата наводно била измислен повеќе од деценија порано од страна на Џакомо Јуни, исто така Италијанец кој емигрирал во САД, но неговиот ресторан бил во Чикаго. И двата извори велат дека салатата е измислена за себе и свои пријатели, кога се комбинира она што го има постојано во фрижидерот без да мора да се оди специјално во дуќан: сирење, маслинки, лук, зелена салата, домати... и комбинација од сето тоа со оцет и маслиново масло и, секако, специјален сос со мајонез. Има и варено јајце иако ретко кој Италијан би посегнал по тоа правејќи изворна, италијанска салата за себе и свои пријатели.

Па, за Цезар салата оригинал ви треба:

- Добри, свежи крцкави листови зелена салата
- Пржени крцкави филети салата
- Мал беби спанаќ
- 2 - 3 варени јајца
- 1 лук
- 3 тенко сечени листови пршута или печеница
- Морска сол и шарен бибер
- 2 - 3 тенки парчиња печен леб

За сос:
- 1 полна лажица мајонез (алтернативно павлака)
- 2 - 3 лажички сок од лимон
- 2 - 3 лажици топла вода
- Малку крупна морска сол

 

Сосот треба да биде умерено густ, зависно од вкусот основата може да биде различна а за дополнителен шмек можат да се додат неколку тенки листови пржена сланина. Обавезно се додава свежо сечен лук, без него го нема италијанскиот идентитет. Ако баш сакате да биде по италијански, не е на одмет да ставите и неколку масилнки.

А за подготвувањето нема многу грижа: Свежата салата е основата врз која треба да се додадат другите производи, и сето тоа да се прелие со претходно подготвениот сос. Парчињата печен леб треба да бидат добро исецкани во коцки од околу 1-2 сантиетри, и да крцкаат додека салатата се јаде а за јадењето да ве задоволи тука се тенките листови пршута.

Одличен појадок и лесен оброк за секое време во денот, брзо се подготвува и не чини големи пари. Со Цезар салата, заборавете ги маркетинг триковите како хроно храна и слично. Јадете како луѓе  

Најнови вести

Коментари