logo
logo
logo

Брзи домашни кифлички

Vecer | 23.01.2023

Брзи домашни кифлички

Домашните кифлички – без разлика дали се слатки и полнети со џем или крем или солени и со сирење, ајвар или спанаќ – се секогаш добро решение! Ова вкусно домашно печиво е одлична идеја за брз појадок или вечера, за ужина што ќе ја однесете на работа или како послужување за гости. И она што е најважно, не треба да потрошите многу време за подготовка, дури ниту да чекате тестото да нарасне!

Сè што треба да направите е да го следите ова упатство, чекор по чекор!

Потребни состојки:

  • половина килограм брашно
  • 20 г квасец
  • 50 мл масло
  • 250 мл топла вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • маргарин
  • сусам по желба

Начин на приготвување:  Во поголем сад издробете го квасецот, потоа додадете шеќер и малку млака вода и сè убаво измешајте. Истурете малку масло и 1 лажичка брашно, па измешајте и постепено додајте го остатокот од брашното и солта. Месете додека не добиете мазно тесто. Расукајте го додека не добиете круг дебел околу 3 милиметри, па исечете го на 16 триаголници. Секој филувајте го по желба и виткајте во ролати. Растопете го маргаринот, па со него премачкајте ги кифличките и посипете ги со сусам по вкус. Печете околу 20 минути во рерна загреана на 200°C.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk