logo
logo
logo

Брза пита со сирење

Vecer | 18.02.2021

Брза пита со сирење

Потребни состојки: 

  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 200 г сирење
  • 18 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 100 мл масло
  • сол

Начин на приготвување: Со миксер разматете ги јајцата, па во нив додадете јогурт, масло, сирење и уште малку матете. Потоа додадете го брашното измешано со прашок за печиво, посолете и лесно соединете со лажица. Намрсете плех (средна големина) и посипете го со брашно, па во него ставете ја смесата. Печете во добро загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Откако убаво ќе се излади исечете на коцки и послужете.

На здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk