logo
logo
logo

Брза фокача со едно јајце

Vecer | 03.03.2022

Брза фокача со едно јајце

Едноставен рецепт за фокача која истовремено е и крцкава и мека. За подготовка ви треба само едно јајце, а за печење потребни се само 15 минути. Најдобра е додека се уште е топла, а може да биде замена за леб со јадење или како комплетен оброк со јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки:

1 јајце

150 г брашно

1 г сол

3 г панко

20 г путер

40 г топло млеко

18 г солен путер

Начин на приготвување:

Едно цело јајце измешајте го со топлото млеко, па додадете го квасецот и сè убаво измешајте да се соедини. Додадете брашно и малку сол, па замесете тесто и додадете путер. Сè убаво замесете за да добиете мазно тесто. Покријте и оставете да отстои додека не се удвои. Промешајте уште еднаш и обликувајте ја погачата. Расукајте со сукало до дебелина од околу половина сантиметар. Ставете во плех обложен со хартија за печење, а одозгора наредете ги коцките солен путер. Се пече во рерна на 180 C околу 15 минути додека не порумени т.е. додека не добие златна коричка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk