logo
logo
logo

БРЗ ЛЕБ совршен за слабеење: БЕЗ БРАШНО и од само 2 состојки

Vecer | 06.03.2023

БРЗ ЛЕБ совршен за слабеење: БЕЗ БРАШНО и од само 2 состојки

Домашниот леб е секогаш подобра опција отколку купениот во продавница, бидејќи имате целосна контрола врз она што го внесувате во телото. Овој леб не само што нема адитиви, туку не содржи и пченично брашно, а неговата клучна состојка е лененото семе.

Зошто треба да се јаде ленено семе?

Како и сите семки кои се богати со масти, и тоа има значителна енергетска вредност, па така 100 грама ленено семе содржат дури 534 калории. Богато е и со протеини, кои во истата количина има околу 18,28 грама, најчесто се препорачува да се консумира во комбинација со месо бидејќи ленот не содржи лизин, важна аминокиселина.

Во 100 грама ленено семе има 28,88 грама јаглехидрати, од кои повеќето се влакна, кои благотворно делуваат на работата на дигестивниот систем. Содржи дури 27,3 грама!

Сето ова го прави лененото семе одличен избор доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми и, воопшто, ако се грижите за вашето здравје.

Измешајте го со белки и ќе имате вкусен и здрав леб во кој ќе ужива целото семејство.

Леб без брашно

Потребни состојки:

- 100 грама ленено семе

- 250 мл белки

Начин на приготвување: Не е задолжително, но пред подготовката можете да го потопите лененото семе во вода.

Одделете ги белките од жолчките и веројатно ќе ви требаат шест јајца за да добиете околу 250 мл течност. Потоа измешајте ги белките и семето од лен, па изблендирајте и имајте на ум дека не треба да добиете прашок од семето, доволно е да го иситните и да ги изматите белките за смесата да стане речиси кремаста.

Мал сад за печење обложете го со хартија, па полека префрлете го со шпатула. Израмнете со влажна лажица, да не се залепи, па печете околу 35 минути во рерна загреана на 180 степени. Потоа исклучете ја рерната и оставете го лебот внатре уште 45 минути за да не „спласне“ при ненадејната промена на температурата на која би бил изложен кога ќе се извади од рерната. Погледнете како изгледа подготовката на овој леб.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk