logo
logo
logo

Брз и вкусен појадок: ПИЦА МАФИНИ!

Vecer | 28.08.2022

Брз и вкусен појадок: ПИЦА МАФИНИ!

Нема кој не сака пица и не чудо што таа се јаде во кој било дел од денот. Еве одлична верзија за појадок, станува збор за мафини со вкус на пица.

Потребни состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички оригано
  • 2 јајца
  • 2 лажички масло
  • 50 г кашкавал
  • 50 г шунка
  • 50 г кулен

 

Начин на приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Во поголем сад изматете ги јајцата и додадете ги маслото и јогуртот. Постепено додавајте го брашното, како и прашокот за пеливо, солта и сода бикарбоната. Тестото треба да биде мазно. Додадете го ренданото сирење и сувомеснатите производи и измешајте да се соедини со тестото. Полека мешајте ја сувата смеса додека не се соедини. Наредете и распоредете ја смесата во калапот за мафини, па одозгора додајте оригано и уште малку сирење. Печете 20 до 22 минути. Оставете да се излади 10 минути во плехот. Послужете со јогурт.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk