Како да го спремил Алија од Баш чаршија

Босански ќебап, за радост на сите дома

Состојки:
Овчо месо - 450 грама
Говедско месо - 150 грама
Кромид - 40 грама
Црн пипер - 4 грама
Сол - 12 грама
За пита лебче
Говедска супа - 1 кесе

Подготовка:

Измијте го месото, расечете го на парчиња 3x3cm и измелете го на машина. Меленото месо промешајте го со рака 15-20 минути со повремено додавање зачини. Смесата оставете ја да отстои неколку часа па дури и ден, а потоа направете ќебапи.

Ќебапите се печат на обична скара од прилика 4-7 минути, а на електрична скара околу 10 минути. За време на печењето доволно е да ги превртите два пати. Кога ќе бидат готови, врз нив наросете црн пипер или доколку сакате наросете сецкан магдонос.

Ќебапите се служат во пита лебче кое претходно ќе го потопите во говедска супа. Како прилог, со ќебапите се послужува свеж млад кромид или домати, зелена салата, печени пиперки и сенф.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари