Палачинките се најслаткиот и најбрзиот начин за подготовка на неодолив појадок кој особено го сакаат најмалите, а нивната посна – веганска верзија е исто толку вкусна и сочна. Одвојте 10-15 минути за да подготвите посни палачинки, а потоа се што треба да направите е да го изберете омилениот фил.

Потребни состојки:

– половина литар кисела вода
– 300 г брашно
– 1 кесичка прашок за печиво
– половина кесичка сода бикарбона
– 1 мала шолја масло
– прстофат сол
– масло по потреба (за подмачкување на тавата)

Начин на приготвување: Во сад истурете ги киселата вода и маслото, а потоа постепено додајте ги претходно измешаните суви состојки: брашното, солта, прашокот за печиво и содата. Откако ќе ги соедините состојките, загрејте тавче подмачкано со масло и со мала лажичка прелијте ја смесата. По околу половина минута свртете ја палачинката да се зготви од другата страна и така додека не го потрошите материјалот. Наполнете ги палачинките со џем и мелени ореви или посни бисквити и свиткајте ги во виткање.