logo
logo
logo

ЗДРАВО И ВКУСНО

Без брашно, масло и дополнителен шеќер: ОСВЕЖИТЕЛЕН колач од боровинки

Vecer | 09.08.2022

Без брашно, масло и дополнителен шеќер: ОСВЕЖИТЕЛЕН колач од боровинки

Доколку барате лесен десерт кој не е премногу сладок, нема додаден шеќер и брзо освежува, овој брз домашен десерт е одличен избор за вас. Убав за око, уште поубав за непце, овој рецепт е нешто што само треба да го пробате!

Потребни состојки:

  • 400 мл јогурт
  • 4 јајца
  • 4 лажици густин
  • 100 г боровинки

Начин на приготвување:  Јајцата се матат со јогуртот, па се додава густинот. Се добро измешајте за да се распаднат грутчињата, па додадете 70 грама боровинки. Смесата истурете ја во сад за печење обложена со хартија за печење и посипете со остатокот од боровинките. Се пече во загреана рерна на 170 степени околу 55 минути.

Покријте со проѕирна фолија и оставете го да отстои во фрижидер најмалку два часа.

Еве како изгледа подготовката.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk