logo
logo
logo

БЕЛА САЛАТА - вкусен летен оброк

Vecer | 18.07.2022

БЕЛА САЛАТА - вкусен летен оброк

Ви носиме одличен рецепт за салата слична на таратурот или ѕаѕвики, која ќе ве оживее, но и ќе ве засити подолго од онаа направена според класичниот грчки рецепт.

Потребни состојки:

  • две краставици со средна големина
  • чаша густ јогурт
  • чаша павлака
  • малку мајонез
  • 2,3 чешниња лук
  • 200 г пилешки гради
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку сечкан зачин (по желба)
  • малку сок од лимон

Начин на приготвување: Краставиците излупете ги и изрендајте ги на покрупно ренде. Издробете го лукот или ситно исечкајте го во блендер. Пилешките гради исечкајте ги на мали коцки. Сè заедно ставете во еден сад, прелијте го со јогурт, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Ставете во фрижидер малку да се стегне и готова е за јадење. Можете да ја послужите со месо, а ако додадете двопек или крутони, оваа салата може да биде комплетен оброк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk