logo
logo
logo

БАНАНИ СО МЕД И ЦИМЕТ: Кога ви се јаде нешто благо, а немате време да готвите

Vecer | 02.03.2022

БАНАНИ СО МЕД И ЦИМЕТ: Кога ви се јаде нешто благо, а немате време да готвите

 

Некои велат дека потеклото на овој десерт е од Тајланд, некои тврдат дека е од Кина, а нам и не ни е важно од каде доаѓа, туку дека е превкусен, лесен за подготовка и не чини многу.

banane

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 40 г маргарин или путер
  • цимет
  • кафеав шеќер
  • мед
  • лимон

Начин на приготвување: Излупете ја бананата, исечете ја на половина по должина и потопете ја во сок од лимон за да ја задржи природната боја. Во загреаната тава додадете маргарин, малку цимет и кафеав шеќер. Сето тоа измешајте го и додадете ги преполовените банани кои ќе ги прелиете со масата во која се крчкаат за време на пржењето. По пет минути извадете ги бананите и послужете ги во чинија, па прелијте ги со малку мед или чоколадо, а можете да ги декорирате и со шлаг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk