logo
logo
logo

Бадниково лепче со паричка

Vecer | 05.01.2022

Бадниково лепче со паричка

Паричката е симбол на среќа, па затоа и се верува дека оној кој во своето парче ќе ја пронајде истата, во текот на претстојната година ќе биде и најсреќен.

Потребни состојки: 

● 250 мл млака вода

● 1 квасец

● 50 мл маслиново масло

● 1 лажичка сол

● пола лажичка шеќер

● 500 г брашно

Начин на приготвување:  Од сите состојки се замесува тесто, да биде помеко, и се остава да кисне 20 минути. Потоа пак се размесува, се оформува, се става паричката, кисне уште 15 минути и се пече на 180 степени. По желба од тестото може да се направат топчиња 7-8 и во едно од нив да се стави паричката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk