Ароматични пастрмајлии

 

Тесто
4 чаши брашно
1 лажичка квасец во прав
1 лажичка прашок за печиво
прстофат сол
прстофат шеќер
4 лажици масло
1 јајце
100 мл јогурт
100-150мл вода (по потреба)


Полнење
70 гр путер
200 гр домашни колбаси со праз
100 гр чаен колбас
5 јајца
150 гр кашкавал
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка диво оригано

Подготовка

1. Се замесува тесто од горенаведените состојки и се остава да отстои половина час.

2. Од тестото се оделуваат топчиња кои се развлекуваат со рака во елипсовидна форма на намрсена површина.

3. Путерот се растопува и со него се премачкува секое тесто за пастрмајлија.

4. Колбасите и чајната се сечат на помали коцки и се распоредуваат а врз нив се става мајчина душица и диво оригано.

5. Пастрмајлиите се печат 5-6 минути а потоа се вадат и краевите се премачкуваат со јајце. Така подготвени се печат уште 5-6 минути.

6. После 10-тина минути печење, се полеваат со јајца и врз нив се става рендан кашкавал, па се печат уште 10-тина минути.

7. Откако ќе се испечат се покриваат со крпа и се оставаат да омекнат.

* Пастрмајлиите се печат на 200 степени.
* Од оваа количина на состојки се добиваат 6 пастрмајлии со средна големина.

 

Најнови вести

Коментари