logo
logo
logo

Алпски мерак: Швајцарски коцки без печење

Vecer | 08.01.2022

Алпски мерак: Швајцарски коцки без печење

Состојки

2 јајца

200 гр. шеќер

80 гр. маргарин

130 гр. бискоти на Винчини Пегит бер

80 гр. чоколада за готвење

40 гр. мелени ореви

Глазура

50 гр. чоколада за готвење

50 мл. павлака за готвење

Подготовка

– Во сад над пареа ставете ги јајцата и шеќерот постојано матејки да се варат. Кога ќе се згусти и проврие малку, додадете го маргаринот и чоколадата. Нека почне лесно да се топи, тргнете од огнот и продолжете да бркате се додека не се стопат маргаринот и чоколадата и не добиете убава хомогена смеса. Веднаш ќе ги додадете и мелените ореви и бисквити.

Разбркајте и излијте во помала модла.

Нека олади и залијте со глазурата која ќе ја приготвите така што павлаката загрејте ја без да врие и додадете го на ситно искршено чоколадото. Тргнете од огнот, бркајте да се спојат – залијте. Нека олади, сечете и декорирајте со јатка орев или пак како сакате вие.

Многу лесно се спрема плус не се пече – нели најповеке сакаме такво нешто да не печеме, а истовремено пак и да е непцето задоволно. Уживајте,

Напомена

– Ако по ваша оцена мислите дека е доста меко – додадете орев или бискоти. Вака како што сум напишала на мене ми е одлично.

– Глазурата наместо со павлака можете да ја сприготвите така што ставете во садче искршено чоколадото, додадете 1 лажица масло, ставете над пареа да се стопи, па залијте.

– Најубава висина на овој лесен колач е да биде модлата со димензии 24х18, но јас немав и ставив во малку поголема и еве потенки испаднаа, а треба да се повисоки и се сечат на потесни парчиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk