Пробај, па никогаш нема да го оставиш

Американски леб без квасец

Исхраната со леб без квасец ќе ви помогне да одржите ниско ниво на квасци во организмот, што значи видлива разлика и побрување на проблемите со стомакот, а исто така и кандидата ќе ја ставите под контрола. Прекумерниот број на квасци во телото ве поттикнуваат да
јадете намирници која се богати со шеќери, која им служи како храна. Па, затоа потрудете се да
ги елиминирате шеќерите во вашата исхрана. Консумирањето на леб, создава повеќе шеќер во
телото, затоа што тој се разградува на јагленохидрати и едноставни шеќери.
Како алтернатива за сите кои не можат без леб и оние кои имаат проблем со кандида, која
предизвикува чешање, бели наслаги на јазикот, вагинални инфекции, црвенило на кожата и
замор, им предлагаме рецепт за леб без квасец.

Освен сите набројани предности, а без ниту една маана, ова печиво е многу вкусно.

СОСТОЈКИ:
4 шолји брашно
малку сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички прашок за пециво
1 разматено јајце
1,5 шолја млеко


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Просејте го брашното три пати и сите други состојки.
Во сад за мешање додајте јајце и млеко и замесете тесто.
Ставете во намастен плех и печете на 225 степени нешто подолго од половина час.

Поврзани

Најнови вести

Коментари