logo
logo
logo

ПИКАНТНИ БАТАЦИ! Ручек од соништата, за љубителите на пилешко

Vecer | 14.11.2021

ПИКАНТНИ БАТАЦИ! Ручек од соништата, за љубителите на пилешко

Состојки:

10 пилешки батаци

три лажици чили сос

три лажици мед

сок од еден лимон

две лажици маслиново масло

две чешниња лук

сол и бибер

Подготовка:

Батаците измешајте ги во чили сос, мед, сок од лимон, маслиново масло, ситно сечкан лук, сол и бибер. Премачкајте ги батаците со маринадата и оставете ги да отстојат, додека ја загревате рерната на 180 степени.

Наредете ги батаците во сад за печење и прелијте ја со преостанатата маринада. Покријте со алуминиумска фолија и печете околу еден час.

Отстранете ја фолијата и печете уште десет минути додека не поруменат.

Послужете ги со варен ориз и сезонска салата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk