logo
logo
logo

Зачувајте го овој рецепт за ДЕНОВИ НА ПОСТ: Компир со тиквички е најевтин, и најсочен порилог со ручек

Vecer | 02.10.2021

Зачувајте го овој рецепт за ДЕНОВИ НА ПОСТ: Компир со тиквички е најевтин, и најсочен порилог со ручек

Компир и тиквички прават одлична комбинација, а уште кога ќе се додаде малку пиперки и лук, добивате совршен (посен) прилог. Компирот го сакаме скоро во секој облик, еве еден посен рецепт кој одлично оди со риба но и со месо.

Состојки

• половина колограм компир

• 1 тиквичка

• 1 домат

• 1 пиперка

• 1 главица кромид

• сол, бибер, лук

• малку масло

Подготовка:

Компирот и тиквичките се лупат и сецкаат на кругови. Зачинете ги и залеете со малку масло а потоа добро да се измешаат.

Пиперката, лукот и доматот се сецкаат, се посолуваат, се мешаат со компирите и тиквичките, се редат во подмачакан плех. Откако  ќе ги наредите во плехот додајте масло по потреба.

Се печат околу еден час на 220 степени или додека не видете дека е готово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk