logo
logo
logo

НАПРАВЕН „ЗА ИНАЕТ“ НА ТУРЦИТЕ: Како настана францускиот кроасан и ЗОШТО Е СКАП

Vecer | 28.05.2021

НАПРАВЕН „ЗА ИНАЕТ“ НА ТУРЦИТЕ: Како настана францускиот кроасан и ЗОШТО Е СКАП

Националниот производ на Франција, кроасанот настанал во  Австрија, и тоа „за инает“ на Турците. Оваа приказна е, всушност, многу интересна и датира  уште од 1683 година, кога Виена беше под опсада на Турците.

Австрија  и покрај тоа што се наоѓаше во тешка ситуација - пекарите работеа со полна пареа.

Според оваа приказна еден од работниците во пекарницата слушнал сомнителни звуци и ги предупредил чуварите, а потоа било откриено дека се копаат тунели под Виена. Спречен бил напад на Турците, и затоа, како знак на победа, пекарот направил пециво во форма на полумесечина - симбол што се наоѓа на знамето на Турција.

Затоа терминот „виенско пециво“ се користи за секој вид кроасан, и тој со задоволство се консумира во таа земја, особено со кафе, иако секако се припитомил во Франција. Но, само неколку векови подоцна.

Имено, носталгичната Марија Антоанета им наложила на готвачите да и направат „виенски колачи“.

Терминот „кроасан“ на француски значи полумесечина. Интересно е и погрешно да се толкува нејзината изјава: „Ако немаат леб – нека јадат колачи“, се претпоставува дека е „Ако немаат леб – нека јадат кроасани“.

Значи, ова слатко или солено печиво „падна“ од судот дури и кај обичните граѓани, но го задржа својот углед. Дури и денес, тој е прилично скап во сите европски пекари, иако е со едноставен состав. Тоа има повеќе врска со ритуалот отколку што може да ве засити.

Меѓутоа, ако ги оставиме настрана „приказните од судот“, ситуацијата во реалноста е ваква. Австрискиот офицер Аугустин Занг заминал за Париз заради некоја Французинка, а со цел да си обезбеди живот - отворил мала пекара, каде продавал колачи слични на денешниот кроасан.

Рекламите се појавиле низ целиот град, а париската буржоазија се заинтересирала веднаш за него. Наросен со шеќер и збогатен со бадеми - неодоливо потсетувал на Ориентот. Но, тогаш француската култура ги „вмешала прстите“ и обично тестото било заменето со лиснато тесто, а самиот кроасан станал поелегантен пекарски производ.

Освен традицијата и историјата на кроасаните, поврзани и со дамите на Шанел, кои го пијат утринското кафе и уживаат во „францускиот десерт“, врз цената и угледот влијаат и состојки како путер. Општо е познато дека путерот ја зголемува цената на секој производ, во однос на маргаринот, а кроасанот не е исклучок.

Денес, кроасанот веќе не е толку обичен (иако никогаш не бил). Комбиниран е со солени состојки, како шунка и сирење, но и со чоколадо, бадеми и суво грозје. Кога се прават кроасани, се користи прилично голема количина путер.

Всушност, иако рецептите се разликуваат, повеќето добри кроасани се прават од најмалку 25 проценти путер. Ова исто така сугерира дека ова вкусно пециво не е најздраво за јадење секој ден, но исто така и дека цената скока - како што скока цената на путерот. Од друга страна, цената на путерот не се зголемува „сама по себе“, туку е поврзана со повремено недостиг на млеко.

И, конечно, малку повеќе луксуз: пред неколку години, најскапиот десерт „кронут“ (кроасан-крофна) беше продаден во Лондон за дури 1.500 фунти. Се служи со специјален шампањ и златни листови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk