logo
logo
logo

Колач од лиснато тесто со крем од лешник и чоколадо

Vecer | 14.05.2021

Колач од лиснато тесто со крем од лешник и чоколадо

Лиснатото тесто е идеално за брзи, а сепак фини десерти кои не бараат премногу напор или состојки. Милфејот е класика кој нуди безброј можности за комбинирање на состојките.

Добитни комбинации се ванила и чоколадо, а можете дополнително да го збогатите со јагоди или малини, да украсите со ореви или сецкани лешници. Ако имате повеќе време наместо инстант пудинг можете да подготвите домашен крем од нишесте.

Состојки за колачот од лиснато тесто:

500 гр лиснато тесто

500 мл млеко

80 гр шеќер + за посипување

2 кесички инстант пудинг од ванила

Тегличка намаз од лешник и чоколадо

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Расукајте го тестото во две правилни правоаголни кори со големина на лист за печење и избоцкајте го со вилушка. Плехот обложете го со хартија за печење, ставете го првиот лист тесто врз него и посипете со 2 лажици шеќер. Покријте го со хартија за печење, а потоа со друг  сад за печење за тестото да не нарасне премногу. Печете околу 15-20 минути.

2. Кон крајот на печењето, проверете ја бојата на тестото - треба да биде златна. Извадете го тестото да се излади. Кога ќе се олади, исечете ја кората од лиснато тесто во еднакви правоаголници. Повторете ја постапката со другата кора.

3. Пудингот од ванила подгответе го според упатството на пакувањето, а потоа покријте го со прозирна фолија за да спречите создавање на кора и оставете го да се излади.

4. Филувајте го тестото наизменично премачкувајќи со крем од ванила и чоколадо и редете една кора врз друга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk