Рецептите за напивки и други подготовки што го зајакнуваат имунитетот секако се добредојдени во сезона на настинки и грипови.

Во овој период, кога се бориме со пандемија, најважно е да се одржува добар имунитет. Оваа витаминска бомба можете сами да ја подготвите и да го одржувате телото во добра форма.

За 12-16 порции ви требаат 3-4 лимони, 200 грама суви кајсии, 150 грама боровинки, 150 грама мед, 200 мл сок од портокал, 5 цветови од сушено каранфилче. Измијте ги лимоните, исечкајте ги четвртини, извадете ги семките и сите состојки, освен каранфилчето, ставете ги во блендер да ги сомелете во груба каша. Истолчете го каранфилчето во аван и додајте го во смесата, па измешајте. Готовата смеса распоредете ја во тегли и чувајте ја во фрижидер.

Оваа витаминска бомба е корисна за здравјето затоа што е богата со корисни состојки како витамините А, Ц, ПП, Б, и минерали: калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, бакар. Сокот од лимон помага во исфрлање отрови од телото. Сокот од портокал има антисептично и противвоспалително дејство. Медот е докажан корисен производ, кој е здрав за целиот организам. Од овој витамински производ земајте секое утро на гладно по една лажица, а по потреба и навечер.