logo
logo
logo

4 рецепти за ДЕТОКС вода - ТЕЛОТО ЌЕ ВИ БИДЕ БЛАГОДАРНО

Vecer | 22.08.2022

4 рецепти за ДЕТОКС вода - ТЕЛОТО ЌЕ ВИ БИДЕ БЛАГОДАРНО

Поради својата улога на природен чистач на телото, водата е многу ефикасно оружје за детоксикација. Нејзините придобивки ги користат љубителите на вежбањето и здравиот живот, а освен што ја пијат во доволни количини, сè почесто ја комбинираат и со други состојки.

Имено, мешавината од здрави состојки со вода, популарно позната како детокс вода, спречува надуеност, го чисти телото од токсини и го забрзува метаболизмот.

Во продолжение ви пренесуваме четири одлични рецепти за детокс вода кои обезбедуваат и намалување на стомакот.

Вода со ѓумбир и нане

Потребни состојки:

  • 1 краставица, тенко исечена
  • 2 свеж, излупен корен од ѓумбир
  • 2 лимона
  • 10 до 12 листови свежо нане
  • прстофат хималајска сол
  • 3 литри вода

Вода со краставици и лимон

Потребни состојки:

  • 1/2 краставица
  • 1 лимон
  • неколку гранчиња нане
  • 1/2 литар вода

Вода со ананас

Потребни состојки:

  • 1,5 дл исцеден ананас
  • неколку парчиња лимон
  • 1/2 литар вода

Вода со јагоди и босилек

Потребни состојки:

  • 10 свежи јагоди
  • 2 парчиња лимон
  • исцеден сок од половина лимон
  • неколку листови свеж босилек
  • 3 литри вода

Начин на подготовка:

Сите рецепти имаат ист начин на подготовка. Измијте ги намирниците, исечете ги и измешајте со водата, па оставете ја преку ноќ во фрижидер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk