ПОТПЕЧЕНИ ТИКВИКИ СО КРЕМ И СИРЕЊЕ! Вкусна вечера за целото семејство (ВИДЕО)

Доколку сте гладни, ви предлагаме да направите печени тиквички со кисела павлака и ќе имате вкусен оброк.
Состојки:
3 тиквички
1 лажица масло
сол, бибер
За сосот:
1 китка копар
350 гр кисела павлака
100 гр свежо сирење
1/3 лажичка лук во прав
Подготовка:
Тиквичките исечкајте ги на прстени, па посолете и побиберете, па подмачкајте ги со масло.
Наредете на дното на огноотпорен сад. Во друг сад измешајте ги сечканиот магдонос, павлаката, сирењето и лукот во прав. Добро измешајте и потоа прелијте ги тиквичките.
Се пече во загреана рерна на 180°C околу 35-40 минути.