logo
logo
logo

ОВОЈ ВИД РИБИ СЕ ПЕЧЕ ВО РЕРНА САМО 10 МИНУТИ: Сите се дават ВО НЕА, а тајната е во ЗАЧИНИТЕ (РЕЦЕПТ)

Vecer | 02.11.2022

ОВОЈ ВИД РИБИ СЕ ПЕЧЕ ВО РЕРНА САМО 10 МИНУТИ: Сите се дават ВО НЕА, а тајната е во ЗАЧИНИТЕ (РЕЦЕПТ)

Состојките ги имате дома бидејќи се зачини, а во зависност од изборот на филето зависи и цената на оброкот

Најлесен и најбрз начин да подготвите вкусна риба која е одлично решение доколку постите.

Ако постите и сакате нешто брзо и вкусно, тогаш најдобро е да направите риба. Одберете го филето по ваш избор, добро зачинете го и печете го во рерна само 10 минути. Вака подготвената риба е одличен предлог и за посна трпеза, бидејќи се прави многу брзо и лесно, а вкусот е волшебен.

Состојките ги имате дома бидејќи се зачини, а во зависност од изборот на филето зависи и цената на оброкот. Можете да го послужите сам или со салата од компири.

Состојки:

1 филе бакалар

1 лажичка лук во прав или свежи чесниња лук

1 лажичка сув магдонос (може и ситно сецкан свеж магдонос)

2 лажички мелена пиперка

1 лажичка италијански зачини

2 лажички зачини за риба

1 лажичка димена пиперка

лимон

масло

Подготовка: Во сад ставете го филето од риба, посолете и побиберете ја од двете страни. Потоа измешајте ги сите зачини во сад (лук, магдонос, искршена пиперка, италијански зачин, зачин за риба и чадена пиперка) па посипете ја рибата и премачкајте ја со масло за добро да се впие. Свртете ја рибата на другата страна и повторете ја постапката. Потоа се пече во загреана рерна на 200°C околу 10 минути. Посипете ја со сок од лимон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk