Една од најкапите пици во светот чини повеќе од 12.000 евра и е направена во Италија.

Имено, пицата се вика „Луј XIII“, а рецептот го „дизајнирал“ готвачот Ренато Виола. Може да ја нарачаат одбрани гости во приморскиот град Салерно.

Дијаметарот на пицата е 20 сантиметри, а е направена од специјални состојки. Тестото е направено од органско арапско брашно посипано со розова сол од реката Мареј, најдолгата река во Австралија. За да се подготви оваа пица потребни се дури 72 часа.

Во пицата се додаваат три вида кавијар: Oscietra Royal Prestige, Kaspia Oscietra Royal Classic од иранскиот брег, Kaspia Beluga и седум видови сирење. Се разбира, има дополнителни состојки.

„Најскапите состојки се јастозите кои се прекриени со коњак Луј XIII, кој инаку е тешко да се најде на пазарот“, вели Виолта.

Со „Луј XIII“ се служи шампањ  „Krug Clos du Mesnil“ и ракија „Carta Real Sanches Romate Finos“.