logo
logo
logo

Како да подготвите ШКОТСКИ јајца?

Vecer | 23.11.2022

Како да подготвите ШКОТСКИ јајца?

Шкотски јајца се една од најпопуларните британски закуски.

Станува збор за тврдо варени јајца кои се завиткуваат во мелено месо, се премачкуваат со презла и се пржат во масло додека не поруменат и не станат крцкави.

Тие се вообичаена пикник храна и може да се нарачаат во повеќето британски пабови.

Традиционално се консумираат разладени, но може да се јадат и топли, најдобро со кисели краставички, свежа салата и сос од сенф.

Во последниве години, ова јадење се зголеми во популарност и може да се најде на кул листите на гастрономски публикации, како и во рестораните со ѕвезди на Мишелин.

Подготовка чекор по чекор

Јајцата можете да ги сварите за жолчките да бидат тврди или течни, изборот е ваш. Ако сакате меко варена верзија, варете ги јајцата 4 минути. Имајте на ум дека многу течни јајца ќе биде потешко да се лупат. За целосно сварени жолчки, варете 6 минути.

Запомнете дека јајцето ќе продолжи да се готви во пржење или рерна. По готвењето, потопете ги јајцата во ледена вода за да избегнете лошо лупење. Оставете ги целосно да се изладат и полесно ќе се лупат. Излупените, варени јајца извалкајте ги во брашното, бидејќи тоа ќе им помогне на другите состојки подобро да се впијат.

Кога ги премачкувате јајцата со смесата со мелено месо, внимавајте смесата да не се распука, бидејќи ако маслото влезе меѓу месото и јајцата, јајцата може да се распаднат. Шкотските јајца традиционално се пржат за да добијат дополнителна крцкава кора, но можете да ги печете и во рерна.

Состојки

500 мелено свинско месо

1 кора леб

100 мл млеко

1 кромид

2 чешниња лук

6 јајца

Витаминка зачин за скара или 100 мелена црвена пиперка

150 гр презла

магдонос

Витаминка мешавина од сол и црн пипер

Масло Витаминка

Сос од Витаминка

1 Измешајте го месото и другите состојки

Потопете го лебот во млекото. Кромидот ситно се сечка и се пржи во тавче додека не стане стаклест. Во исцедениот леб се додава кромидот, ситно сечканиот магдонос, сечканиот лук, месото, солта и биберот и на крај се додава 1 јајце, се меша убаво да се соединат состојките.

2 Сварете ги јајцата

Варете 4 јајца 5-7 минути, изладете ги и излупете.

3 Обликувајте ги шкотските јајца

Смесата од месо поделете ја на 4 дела. Земете една четвртина, на дланка формирајте ливче, на средина ставете јајце, затворете со месо и со рацете формирајте топка.

Погрижете се јајцето да биде премачкано од сите страни. Постапката повторете ја со останатите јајца.

4 Јајцата се валкаат во смеса и се пржат

Вака подготвеното јајце извалкајте го во брашно, изматено јајце и презла, и пржете едно по едно. Превртете со лажица да се испечат рамномерно и да не ја изгубат формата.

5 Послужете топло

Печените јајца извадете ги на решетка или кујнска хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги топли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk