Вечер тема

Стапува на сцена Воениот Кабинет: Трамп до Русија и Иран - Ќе платите “висока цена за поддржување на животното Асад”

Извори од опозицијата тврдат дека сириската армија извршила хемиски напад врз областа Думa во Источнa Гутa, во близина на Дамаск. Информациите велат дека десетици цивили загинале (последните вести велат дека најмалку 70 лица загинале), а меѓу нив има и многу деца. Сириската армија целосно ги отфрли обвиненијата.

Сириските државни медиуми ги негираа извештаите за хемиски напади.

„Терористите на Џаиш ал ислам се во состојба на хаос и нивните фабрикувани вести за хемиски напад се неуспешен обид да го опструираат напредувањето на сириската војска", пренесува државната агенција САНА, цитирајќи официјални извори.

Но, главното прашање што се поставува во овој момент е како САД ќе одговорат на оваа информација. Првата реакција дојде од претседателот Доналд Трамп, кој преку својот Твитер профил изјави:

"Има многу мртви луѓе, меѓу кои жени и деца, во безумниот напад со хемиско оружје во Сирија. Областа на овој масакр е опкружена од сириската армија и целосно недостапна за надворешниот свет. Претседателот Путин, Русија и Иран се одговорни за поддршка на животното Асад. Голема цена за плаќање. Веднаш да се отвори местото за медицинска помош и верификација. Ова е уште една хуманитарна катастрофа без причина."

Во втората порака тој рече:

"Ако претседателот Обама ја држеше црвената линија што ја постави, сириска катастрофа одамна ќе беше завршена. Животното Асад ќе беше историја!"

Притоа, се осврна на ситуацијата кога Обама речиси ја нападна Сирија, но во последен момент нападот беше откажан и наместо тоа беше постигнат договор со Русија, според кој Сирија го уништи сето хемиското оружје (денес овој факт многумина го заборавија, или тврдат дека не е уништено "сè").

Извори од опозицијата велат дека сириската армија ги исфрлила бурињата исполнети со хемиски отрови од хеликоптери.

Освен овие изјави, нема конкретни докази кои укажуваат на одговорност на сириската армија.

Покрај тоа, постојат бројни индикации дека терористичките групи претходно постојано вршеле или се обиделе да извршат хемиски напади и за истите да ја обвинат сириската армија, надевајќи се дека со тоа дека ќе има еден западен воен одговор.

Досега, на таква реакција се случи само еднаш - во април минатата година, кога САД го изврши нападот со Tomahawk проектили (од воени бродови во источниот Медитеран) врз сириската воздушна воена база на територијата на провинцијата Хомс. Тоа беше одмазда за хемиски напад, кој, според опозицијата, беше изведен од сириската армија (што категорично ги отфрли сите овие обвиненија).

Дали оваа ситуација ќе доведе до такви реакции? Тоа е можно. Неофицијалните извори од Вашингтон веќе ја споменуваат можноста за напад.

Се разбира, никој не го спомнува фактот дека ако сириската армија навистина направила напад тогаш тоа би било сосема бесмислено.

Сириската армија, во голема офанзива, која ја започна на почетокот на оваа година ја врати контролата на речиси целата Источна Гута и сега е оставен само градот Дума, каде што контролата ја имаат исламистички екстремисти. Истите одбија да се предадат, наспроти другите групи кои се во контрола на Источна Гута. Зошто? Ако тие го извеле овој напад со хемиско оружје за да ја обвинат сириската армија, што е секако една од можностите, јасно е зошто, бидејќи одбиле да се предадат, иако е јасно дека тие се опкружени и дека нивната евакуација од градот им е единствената шанса за спас.

Трамп, според својот не-дипломатски речник, очигледно воопшто не го доведува во прашање кој го извршил нападот и за него нема сомневање штом ја обвини сириската армија, како што, исто така, тврдеше минатата година. Но, овојпат тој директно ги обвини сириските сојузници, Русија и Иран.

Минатата година, Трамп изврши ракетни напади врз воздушните сили на Сирија, дали сега ќе направи нешто слично или поголемо? Или воопшто нема да реагира со војска? Сè наведува дека може да следи воен напад, можеби многу наскоро.

Имено, вреди да се спомене дека составот на администрацијата на Трамп денес уште "по жесток" од оној што беше минатата година во времето кога нареди напад врз база во Хомс. Два клучни нови актери се Мајк Помпео и Џон Болтон, двајцата милитаристи кои неодамна зазедоа високи позиции во администрацијата на Трамп (советник за национална безбедност и државен секретар).

Со други зборови, Трамп собрал (или му е речено да состави) вистински "воен кабинет". Дали е можно нападите со "јастребовите засилувања" да изостанат, а минатата година тие се случија? Тешко.

Од друга страна Трамп пред 10 дена, рече дека тој сака да се повлече од американската армија од Сирија, но, е многу дискутабилно колку е сериозна оваа мисла. Едно е сигурно, никој во неговата администрација не мисли така, а судејќи според изјавите од Пентагон и од Стејт департментот, нема повлекување од Сирија, згора на тоа, велат некои извори, дека тукушто не стигнале дополнителни американски трупи. 

Во секој случај, ситуацијата е исклучително тешка и може одеднаш да ескалира, што всушност е закана која трае со години.

Што се однесува до хемискиот напад, кој и да го извршил, и ако тоа се автентични снимки на кои деца умираат во страшни болки, таквите сцени го шокираа целиот свет кој во такви моменти бара "да се преземе акција".

Според тоа, сочувството со жртвите може лесно да се експлоатира од страна на милитаристичките сили, според веќе тестираниот клуч.

Секоја воена интервенција на САД во Сирија, ситуацијата ќе ја влоши значително повеќе, а ако тоа се случи, тогаш тоа значи дека ситуацијата некој сака со предумисла да биде влошена. За жал, и покрај некои напори од Русија, Иран и Турција да се најде заеднички јазик (што ќе биде многу тешко, и покрај јавното ракување), војната во Сирија се уште не е завршена, а ако САД сметаат дека со интервенција ќе го променат текот на војната, што, секако, оди на рака на Сирија и нејзините сојузници, ќе има голема ескалација, која пак може да резултира со директен судир на американски и руски трупи.

Покрај тоа, руската армија веќе ги предупреди САД пред неколку недели дека и во градовите и во подрачјето на сириските воени објекти се руски војници. Со други зборови, секој американски ракетен или воздушен напад врз Сирија директно ќе го загрози руските војници, а на такво нешто Русија може да (не е нужно дека ќе) реагира.

Поврзани

Најнови вести

Коментари