Проколнати ли сме: Од падот на берлинскиот ѕид до падот на Југославија

Да бевме какви што се другите во Европа, рационални и толерантни, денес ќе бевме во Европската унија веќе две децении. Како Југославоија, без проблеми дали сме или не сме Македонци затоа што и Македонија како југословенски федеративен државен дел ќе беше во ЕУ со статус на неспорен народ, јазик и идентитет. Какви што бевме отсекогаш за светот додека Југославија постоеше. Сега секој има своја држава, но секоја од државите, доколку е во ЕУ, има помала власт отколку што ја имаше во Југославија, а оние кои не влегоа во ЕУ со проблеми без решение и статус на држави кој е спорен по многу основи.

Покрај Бранденбуршката порта, каде што поминуваше границата на Истокот и Западот, на местото каде што Џон Кенеди рекол, а сите му поверуваа: „Јас сум Берлинец", може да се стори дека е Берлин премногу далеку за нешто да ни значи нам кои сме длабоко долу. Сепак, токму тука, многу далеку од вообичаените центри на моќ кои влијаеле на Хрватска и 20 години подоцна, сфативме колку уривањето на Ѕидот не потресе сите нас. Толку тешко, што додека овде се' уште се слави, ние закрепнуваме.

Тоа беше мигот кога матицата на Европа тргна на една страна, а општеството на поранешната држава, на друга. Големиот раскол меѓу Европа и нејзиниот југоисток се' уште не е надминат. Словенија успеа да се приклучи, Хрватска стаса подоцна, но стаса, а сите други поранешни републики се на мраз.

Дваесет и осум години по уривањето на Ѕидот, кога се споија двата дела на Германија, а земјите на средна Европа, плус пет балкански (Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија и Грција), плус три балтички советски републики, се дел на Европската унија. Меѓутоа, сите други балкански држави настанати од поранешна Југославија немаат статус со јасна иднина - имаат само некакви Договори за стабилизација и асоцијација, или почеток на преговои со неизвесна завршница. Сето тоа е далеку послаб статус од спогодбата која во почетокот на 1990 година ја доби тогашна Југославија, а која беше дополна на продолжението на низата договори склучени од 1990 година со Брисел. Кога изби војната, Југославија беше чекор до кандидатурата. Навистина, само на чекор од влез во ЕУ.

Шанси за Југославија.

Титова Југославија беше дел на Европа кој профитираше од Ѕидот. Додека постоел Ѕидот, простор на кој и Хрватска и' беше поблиску до Европа, откако сега кога Ѕидот го нема. Додека го имаше Ѕидот, во југословенскиот систем општеството се модернизираше, а земјата се сфаќаше како интересен експеримент меѓу двата блока и двата света. Имаше непропорционално политичко значење, експонираност и углед.

Лицата од документарните снимки и фотографии, додека се уривал Ѕидот, ги откриваат историски ретки мигови на колективна среќа. Два месеци по тој настан, почна и во тој облик траеаја уште една година, големите промени, мирни револуции во земјите на Варшавскиот договор.

Источна Германија се урна буквално истата ноќ кога падна Ѕидот, а Полска, Унгарија, Чехословачка своите режими ги сменија во текот на идните месеци и тоа без крв.

Еден месец по паѓањето на Ѕидот, суштински последниот југословенски премиер Анте Марковиќ воведе паритет на динарот и на германската марка, ја скастри инфлацијата која изнесуваше 1.200 насто, нешто што нагло и значително го крена стандардот на југосовенските домаќинства и што исто така го замагли проблемот на големите европски промени. Во 1990 година Полска, Чехословачка, Унгарија и Југославија ја добија ФАРЕ програмата за помош, но Југославија беше според видот на своите договори, многу поблиска до тогашната Европска заедница.

Тешкотиите кои регионот денес ги има со проширувањето, не се само технички. Моментот на сила кој настана со паѓањето на Ѕидот се претвори во визија на обединета Европа, конкретизирана во процесот на проширување на Европската унија. Тој процес, во својата најдлабока смисла, историски е готов. Затоа Брисел и денес уште многу тешко го апсорбира и „Западниот Балкан" кој по паѓањето на Ѕидот не стапна во истото корито, туку формираше свои посебни притоки.

Југославија израсна наоѓајќи го своето место во студената војна, во просторот ни ваму ни таму. Иако немаше врска со тензиите помеѓу Истокот и Западот, интересно е дека воените судири ги заобиколија блоковите на кои со десетлетија им се закануваа и од националистички причини, ги запалија во Југославија.

 

Што со Германија?

Во 1963 година, Џон Кенеди тука, на Бранденбуршката порта, ја изговори прочуената реченица „Јас сум Берлинец" и му вети и на делот на Европа зад железната завеса дека Америка нема да ги остави. Но, до некаде. На таа насмевка и веруваа, со тоа ветување живееја, но развојот на настаните беше уште поинтересен. Две години претходно, тукушто избраниот Кенеди во Виена се сретна со Никита Хрушчов. Веќе 15 години Америка беше премногу зафатена во Европа и сакаше полека да се извлече. Главното прашање, меѓутоа, не беше решено. А тоа гласеше: како и што треба да се направи со Германија?

НАТО постоеше веќе 12 години, откако Америка се прости од илузиите дека СССР ќе и' остане сојузник и откако се откажа од тоа дека одбранбените сојузи се планираа така што како главен непријател за цел ја имаат Германија.

Во годината 1949 Советите го прогласија својот дел кој го имаа под своја окупација - ДДР, Германската Демократска Република. Од друга страна, Де Гол тогаш не дозволуваше ниту обединување на германските општини во одделни сојузни држави, се' додека Америка истата година не го присили на тоа. Под заштита на Америка и по искреното доближување на францускиот претседател Де Гол и на германскиот канцелар Аденауер, почна да се формира бриселскиот блок на земји кои денес ја сочинуваат ЕУ. Нивната смисла беше да ја инкорпорираат Германија, сета нејзина сила и талент, но во исто време и да ја држат под контрола.

Канцеларот Аденауер се согласи со сите можни отстапки, но инсистираше Западна Германија да биде онаа вистинската, да го претставува и едниот и другиот дел. Исто така, не признаваше намалување на Германија на истокот, односно губење на териториите во корист на Полска. На Америка сето тоа и' беше напорно. Европејците беа гласни и имаа барања, беа во страв од Москва и во страв Америка да не ги заборави. Бараа нуклеарно вооружување, додека Германија, пак, барала нуклеарно вооружување што, пак, ги збудалуваше Французите, а сето тоа го загрижуваше и Хрушчов.

Тој одговори со тактичко заострување, со закана дека ќе издаде акт со кој ќе ја припои Германија. Воведе блокада на Берлин кој во еден дел го држеа западните сојузници. Но, Никита Хрушчов беше мошне рационален, многу искусен политичар и се покажа дека ни тој ниту младиот Кенеди не сакаа да гинат за Германија, а ниту за Берлин.

Ѕидот како стабилизатор По кревањето на Ѕидот ситуацијата нагло се стабилизира. Се решава кризата во Трст, со повлекувањето на партизаните и со договорите за Трст и Истра, се решава прашањето на Австрија. Земјите на Варшавскиот сојуз цврсто се под власта на Москва, бриселскиот блок на земји се збогатува и напредува воден од француско-германската пара, или моторот на Европската заедница. Повеќе никој не мисли на обединување на двете Германии. Добитникот на Нобеловата награда за мир Вили Брант, ја зголемува политиката на големо затоплување, затоа што како поранешен градоначалник на Берлин смета дека се најважни човечките контакти.

Создадени се услови за паѓање на Ѕидот бидејќи веќе дојдоа до такви промени во Полска, кој никој не можел да ги поништи. Немаше такви дивизии кои можеа да ги победат папата Војтила и Лех Валенса. Унгарците ги отворија границите, Австријците ги отворија границите, Источните Германци навалија. Реформаторите Горбачов и Шеварднаѕе ја спроведуваа перестројката и немаа намера да испратат дивизии. Горбачов, веројатно мислејќи дека ќе ги отсече болните делови и ќе го сочува Советскиот Сојуз.

Шеварднаѕе сакаше под небесната капа да направи место за Грузија. Една неодамнешна грешка на Михаил Саакашвили избриша се', бидејќи Путин никогаш не го прости паѓањето на угледот на Москва. Покрај поранешна Југославија, тој дел од светот е уште еден губитник.

Во текот на војната во 90-тите неменувањето на границите стана свет принцип на меѓународната политика кон Западниот Балкан. Бадинтеровата арбитража на републичките граници за државни веројатно исто така му должеше на германското признание на постоечките граници на Полска како конечни.

Францускиот претседател Франсоа Митеран беше доволно зрел за да не стои на патот во обединувањето. Но, не може да се ослободи од големото незадоволство, а игралиштето на кое тоа ќе му го покаже на германскиот канцелар Хелмут Кол и на Америка се државите во војна, оние на Балканот.

Митеран, под изговор на сојузништвото на Франција и Србија во Првата светска војна, а всушност затоа што не сака Германија да помисли дека може да се разигра, го поддржува Милошевиќ против Загреб и Сараево. Неговото доаѓање во Сараево пред сојузничката одлука за бомбардирањето, најверојатно беше афирмација на некои фамозни интересни сфери на европските држави.

По обединувањето на Германија и инатењата на германскиот канцелар Хелмут Кол, на обединета Германија и меѓу Британците предизвикуваше непријатност. Бидејќи признавањето на Хрватска беше една од првите големи потези на обиденета Германија, Париз и Лондон тоа го протолкуваа како германски поглед наназад, во периодот на нацизмот и потрагата по старите сојузници. Всушност, тоа беше потег на голема одговорност на демократски изменетата Германија, која сметаше дека и таа полага сметки за сите настани случени во текот на Втората светска војна и по неа.

Секако, парчињата цигли и градежен материјал од Ѕидот беа дофрлени многу подалеку отколку што тоа го мислеа гледачите на тогашните телевизии во Југославија кога гледаа што се случува во земјата на „трабантот".

(Инес Сабалиќ)

Поврзани

Најнови вести

Коментари