Тема на денот

Напад на Дамаск: Американците ја покажаа својата храброст. Што потоа?

Американците се осмелиja. Тие ја покажаа својата храброст. Воен напад врз две, три фабрики (за среќа никој не беше убиен), како одмазда за наводната употреба на хемиско оружје.

А што потоа? Башар ал-Асад се уште е во претседателската палата, а Запад се уште треба да си најде начин да го прифати тој факт.

Во текот на немирите и лудилото во последните неколку дена, се чини дека само логично и оддалеку подобро ја согледа состојбата само Германија. Сето ова премногу потсетува на почетокот на воената интервенција во Ирак.

Првиот потсетник е хемиско оружје. Во минатото, познато е дека арапските режими користеле хемиско оружје, а ние знаеме дека тоа се уште постои.

Сепак, не е тоа таквото оружје што може да се мие надвор пред фото апарати, бидејќи хемиското оружје де факто е непроменето од Првата светска војна и има еднаква силина, таква контаминација значи крај не само за оние кои пред телевизиските камери се тушираат, но исто така и за оние кои го фрлиле на наводните жртви.

Садам Хусеин употреби хемиско оружје против Иранците и нивните граѓани, како што правел Асад против своите непријатели. Во секој случај тоа е смртоносно оружје, кое е толку опасно, што со право е забрането со меѓународните конвенции.

Асад, можеби го искористил во нападот на Дума. Можеби не. Зависи на кого му верувате, бидејќи фактите не постојат.

Американците, Британците и Французите велат дека имаат докази дека се користело хемиско оружје, но не ги покажаа овие докази во јавноста.

Русите велат дека имаат докази дека хемиско оружје не се користело, но, исто така, не ги покажаа јавно тие докази.

Сите имаат фантомски докази, што е веројатно доволно за да се тргне во напад. Исто како што беше во Ирак. Тогашниот британски премиер Тони Блер убаво си кажа зошто оди во агресија на Ирак "Правилно е да се постапи така" (It is the right thing to do).

Хипотетички, ако всушност се користело хемиско оружје, за тој чекор треба да има дебели казни. За тоа, американскиот претседател Доналд Трамп, секако, е во право. Оној кој сторил такво дело, тој мора да плати голема казна.

Но, тоа не значи дека треба веднаш да се тргне со бомбардирање, бидејќи тоа е последното нешто што треба да биде казна за сторителите.

Одржувањето на мирот во Сирија се уште е далеку од вистинските обиди, но ограничен напад на воено-индустриски постројки во Сирија може да значи само две работи: прво, тоа е почеток на една посилна и воена стратегија на Западот за решавање на војната во Сирија, и второ, се работи само за уште една тактика да се сруши Асад.

Првото наликува на ирачката стратегија - испраќање на војници во Сирија.

Уште една илузија е дека Асад доброволно ќе се повлече. Побогу, ова стана битка за неговиот живот! Сирискиот претседател нема апсолутно никаква друга опција освен да се бори до самиот крај.

Во седум години војна, во Хашкиот трибунал ќе седнат сите страни на судска клупа со сериозни повреди на човековите права и извршувањето на ужасни злосторства, и хемискиот напад (доколку се случил), што за жал, е само еден дел од овој огромен мозаик.

Зошто таква силна конфронтација?

Сирија стана симбол на остатоци од стариот или доаѓањето на новиот светски поредок. Ако западните земји го загубат својот интерес и го признаат поразот пред руско-иранско-турско-сирискиот фрагментиран политички сојуз, тоа значи дека дојде времето на мултиполарни центри на моќ.

Светот веќе нема да биде во сенка на американската униполарност, туку технолошки, воено и економски ќе се влијае од други центри на моќ.

Покрај САД, постојат Кина и Русија, како и голем број на други регионални сили.

Во оваа војна, секој може да добие се или ништо. Блокадата и импотенција на меѓународни организации придонесува за тоа. Барањето за акција на меѓународната заедница е добро - но, тоа не е основа за голема воена интервенција за соборување на Асад и смена на целата влада. Таквиот потег сега би бил, исто така, војна против Русија и Иран, што е чисто лудило со незамисливи последици. И ако Асад и беше урнат, тоа само ќе доведе до нов, можеби далеку поголем хаос во Сирија и во поширокиот регион.

Западот го има решението во рацете, но тоа е многу непријатна одлука: Асад останува на власт; Иран и Русија имаат дипломатска и воено влијание на Блискиот Исток, и со признавањето на овој факт, западните земји може да продолжат да ја играат својата улога во настаните на засегнатите страни во регионот.

Само, ве молам, да не зборуваме за борбата против диктатор - затоа што ако тоа е така, тогаш зошто го нарекувате за пријател саудиското кралско семејство и нивните полтрони во соседните монархии?

Овој чин на агресија врз Сирија не одговори на прашањето што точно Западот сака на среден и долг рок, што е целта на овој напад, како милсат сега да го спречат продолжувањето на војната и каде е толку фалената дипломатија?

Единствената земја која решително настапи против овој потег е Германија, и тоа треба да биде на патот на Европската унија. За жал, Емануел Макрон потклекна на притисокот од страна на Американците и Британците, со што ги загрози француските дипломатски напори на Блискиот Исток. На тој начин, француско-германскиот тандем ја пропушти најдобрата шанса за европското посредништво во Сирија. Да се потсетиме дека, сепак, Германија, исто така беше остро против заминувањето на НАТО во Ирак, додека Британците (и скришно и Французите) остреа копја.

Резултатите можеме да ги видиме и денес.

Ова не е повик за поддршка на автократските режими на власт, но тешко е да се разликува кој диктатор е добар или не. Следејќи ја американската логика, кралот Салман е ангел, а и Ким Јонг, не лош човек. Но, Асад е ужасен, да не зборуваме пак за иранските Ајатоласи.

Сепак, Путин е многу амбивалентен. Ова е кратка, современа американска стратегија слепо следена од европски полтрони и во Лондон и во Париз.

Да се потсетиме, сепак, дека Тони Блер речиси заврши во затвор за таквото полтронство.

Овој напад е во сенка на друга американска "стратегија"; Трамп неодамна самиот кажа дека за Сирија некои други луѓе да се грижат од сега натаму. Американците се пензионираат.

Но, потоа, наводниот хемиски напад ја промени целата идеја.

На регионално ниво, овој напад предизвикува нови и непријатни прашања. Особено тешко е за Анкара. Ако западната интервенција ескалира, Турција ќе мора да ја напушти својата политика на опортунизам и конечно да се одлучи помеѓу поддршката на Западот и сојузот со Русија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, преку портпаролот ја осуди сириската влада за нападите во различни делови на земјата, но по разговорите со Путин, турската претседателска функција повика на итна истрага и доаѓање до вистината за тоа што се случило. Портпаролот на турската влада предупреди дека Сирија не смее да биде жртвувана во борбата за власт меѓу САД и Русија, и дека меѓународната заедница треба заеднички да ги спречи ваквите акции. Во исто време, Турција ја поддржа американската резолуција пред Советот за безбедност, повикувајќи на акција против Асад. Нападите на САД, Велика Британија и Франција во Сирија се оправдани, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул. Ова е знак на лојалност кон сојузниците на НАТО, а турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека силната позиција на Турција е дека Асад мора да замине.

Оваа шизофрена ситуација, во која Анкара не го сака Асад, но сака економски и воени односи со Русија, сериозно го поткопува секој следен турски чекор. Очигледно е дека Турција ќе мора да ја прилагоди својата политика кон Курдите; турската економија има негативни линии, а воената мисија во Сирија е само привремена поддршка за водачите на АКП. Без оглед на одлуката на Турција, ситуацијата во Сирија ќе стане причина за сериозна криза во Турција.

Можеби е премногу утопистички, но сигурно рационален повик да се запре војната и да се создадат сеопфатни мировни дипломатски мерки доаѓа од либанскиот Кардинал Бечарa Бутрос ал Рахи.

Овој Патријарх на Маронитските христијани и се обрати на меѓународната заедница со зборовите: "Додека големите сили силно удираат на тапани за нова војна против Сирија, ние жалиме поради недостаток на јазикот на мирот од устите на високи претставници на нашиот свет денес.'

Кардиналот жали дека нивното срце е надвор од секоја човечка емоција кон милиони невини цивили и повикува на совеста на светските сили. Рахи директно ги обвини големите сили, истакнувајќи дека објавата на војна е знак на слабост, бидејќи вистински хероизам не е во тоа како да се започне војна, туку како да се заврши.

Либан, има повеќе од 1,1 милиони бегалци од Сирија, во време кога Европа ги затвори своите врати и кога во Лондон и Париз, и притоа повикуваат на војна без размислување што тоа може да значи за една земја како што е Либан или Јордан. Овој повик е малку трагичен и утопичен, но совршено ја рефлектира состојбата на помрачените умови во светот. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари