Вечер тема

Како функционира, и кои се главни во албанската нарко мафија

Околу 70% од европскиот пазар на наркотици кои се продаваат на мало, на непосредните дилери, се наоѓа во рацете на албанската мафија. Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво изнесува две милијарди долари.
Само ден откако албанскиот претседател Бујар Нишани, кој на таа функција e од 2012 година, кон крајот на 2016 година најави дека поради драматичниот пораст на илегални активности врзани за производството на мариухана ќе мора да го повика Советот за национална безбедност, албанските специјалци во рација во околината на местото Решн во Албанија запленија три тони дрога и уапсија 15 лица. На таа акција претходеа серија апсења, а полицијата на неколку места запленила повеќе тони марихуана спремна за „извоз" во Западна Европа.

Албанскиот канал „Њуз 24" објави дека истражувајќи го нелегалното производство на дрога во Албанија, дека во таа држава постојат два тајни аеродроми, преку кои марихуаната се превезува до Италија. Инаку, еден од пилотите на „Пајпер" авионите со кои се превезува дрогата, во 2016 година е уапсен во Албанија. Италијанските медиуми последниве година-две Албанија ја нарекуваат „Канабистан", поради фактот дека канабисот се одгледува на стотици хектари, и дека полицијата суштински е немоќна тоа да го сузбие.

Хиерархијата е неприкосновена во Албанските наркокартели кои се најпознати во Европа, а проценките на светските експерти, кои се занимаваат со наркотици, укажуваат на фактот дека дури 70% активности поврзани за таа материја водат токму кон Албанците. Самиот факт дека тешко се разбива кланот се темели на цврстата семејна поврзаност на учесниците и длабоката вкоренетост на албансата нарко мафија во врвовите на европската политика, како и националните политики кадешто е таа најефискана како Чешка, Полска, Италија, Германија, Швајцарија, Шведска, Франција, Британија, Шпанија...

Инаку, малку е познато дека еден од најпознатите ликвидатори на „Коза ностра" и човекот заслужен за разбивањето на италијанските „фамилии" Сами Гравано – Бик, по потекло бил Албанец. Најпознат клан кој се појавил во САД е кланот Рудај. Во октомври 2004-та година во координирана акција ФБИ упасиле 24 члена на тој клан, заедно со лидерот Алекс Рудај. Еден од неговите гревови бил што влегол на територија на фамилијата Лукезе во Њујорк

Денешните „владетели" на наркокартелите во САД го сметаат него за основоположник на албанската мафија таму. Албанската наркомафија во САД е толку силна што од првото место ги потисна Колумбијците, кои до пред шест години беа неприкосновени во светот по илегална трговија со дрога.

Притоа, албанската наркомафија не е организирана пирамидално, односно, нема еден главен, што не е случај со останатите мафии, бидејќи се поделени во семејни и регионални кланови (фисови), кои меѓусебно соработуваат. Посебен јазик, правила и изразена семејна традиција, како и почитување на хиерархијата, се она на што се темел силата на албанската мафија, заклучено е на еден од извештаите на Стејт департментот, кој работи на оваа материја. Стејт департментот, потсетуваме, пред неколку години Албанија ја означи како земја – база на светскиот криминал.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=OCj0YVNVs3g

„Албанија е транзитна држава за шверц на дрога, оружје, нелегални мигранти и фалсификувана стока", пишува во извештајот на американскиот Стејт Департмент од 2016 година за Стратегијата за контрола на меѓународната трговија со дрога.

Албанската мафија одамна не дејствува само на југот на Србија, во Косово, Црна Гора, Грција, Турција, Македонија, туку нејзиното влијание се раширува и тоа во земјите од Средна Европа, а достигнува до Источниот брег на САД и Канада.

Во извештаите на српската полиција одамна се наоѓаат сведоштва за организирани криминални групи на Косово, кои говорат за трговија со наркотици како семеен бизнис. Строга дисциплина внатре во семејството, лојалност, но и систем за казнување доколку се воочи секое отстапување од интерно поставени планови, ги држат клановите хомогени. Обајвена е и карта на Косово од која се гледа тесна поврзаност на нарко мафијата со актуелната косовска политика, во која мапа се наведени и териториите во кои владеат политичките кланови.

Оперативните податоци на светските организации за период од последниве пет години засега познаваат четири најсилни мафијашки кланови од Албанија, со кои раководат семејствата Кула,  Абази, Борици и Брокај. Под нивна команда се наоѓаат речиси 20 косовски „фамилии", кои заедно го контролираат не само пазарот на наркотици, туку и шверцот на дрога, оружје, цигари, крадени автомобили, проституција, рекетирање, перење пари, уцени. Сепак, името од кое сите се плашат и кое се смета за еден од најопасните мафијашки кланови во Албанија е семејството Кула. Тие ја контролираат трговијата со дрога од Турција.

Фамилијата Абази, освен дрога, шверцува и оружје, а нивните работи главно се свртени кон Италија. Кланот Борици за семеен бизнис ја избрале проституцијата и тоа им е главен „пат" за растурање на дрогата. Групата Брокај е специфична, бидејќи неа главно ја сочинуваат бивши припадници на албанската тајна служба, чии главен примат им се врските во светот, пред се во безбедносните служби, царината па и во политичките кругови од држави во светот.

Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво е две милијарди долари.

Во Косово работите се поделени по региони. Тие правила строго се почитуваат, а најпознати кланови се Кељеменди, Лука и Селими. Најпрометен е делот во регионт на Пеќ, па така сите „работи" се концентрирани главно во тој дел на Косово. Тука, освен споменатите „братски" соработуваат уште фемилии, меѓу кои и кланот Ељшани и Халити.
Сите нивни работи се главно усмерени кон Црна Гора. Семејството Китај ја контролира областа помеѓу Клина и Исток. Се врзуваат за шверц со крадени возила и продажба на оружје. Најозогласен клан е кланот Сума, кој делува на подрачјето на Качаник. Се занимаваат со рекетирање и уцени, шверц со оружје и дрога од Македонија на Косово и понатаму.

Освен тие, на Косово оперираат и помалку познати кланови како Суља, Агуши, Геци и Бабаљија, задолжени за Приштина, Митровица и Ѓаковица. Треба да се каже дека, според податоците за последниве пет години, територијата на Косово, кога се зборува за организиран криминал е поделена на три интересни зони: Дреница, Дукаѓини и Лаб. Областа Дреница низ Призрен, Клина и Исток ја поврзуваат Црна Гора со Македонија, а ја контролира дреничката група која профитира со трговија со оружје, украдени автомобили, луѓе, цигари и гориво. Таа група е поврзана со браќа од Албанија, црногорска, македонска, бугарска и чешката мафија.
На територијата на општините Пеќ, Дечани и Ѓаковица, во областа Дукаѓин, делува Метохијската група насочени на илегална трговија со оружје, дрога, акцизна роба, крадени автомобили и на ректирање. Криумчарената стока се дистрибуира во Македонија, на југот на Србија, во Рашката област и во Црна Гора, користејќи ги правците Пеќ-Кула-Рожаје. Метохиската група ги контролира и подрачјето на Лаб, преку кое се криумчари дрога. Дури и некои од припадниците на семејството да биде уапсен, кланот не се распаѓа, бидејќи е организиран во повеќе нивоа. Сепак, сите патишта и работи се завршуваат на северот на Албанија. Од дрога до трговија со луѓе.

Албанскиот наркокартел Камила со години е еден од петте најсилни групи во Европа. Освен дрога, главната дејност на оваа група е трговија со луѓе. Во една од порано објавените истражувања на меѓународните организации „Транспаренси интернешнл", како и центрите за трговија со луѓе во Албанија, означени се рутите Влора, Тирана, Фиер и Скадар, погранични места кон Црна Гора, Македонија и Грција.

Нивната проценка е дека албанската мафија само во 1999-2000 година префрлила најмалку 70.000 лица во Европа и заработила 50 милиони долари. Албанската мафијашка нарко-мрежа е раширена во Италија, Швајцарија, Австрија, Германија како и во скандинавските земји.

Да кажеме и дека Албанците во Италија за кратко време ги потиснаа и турските трговци со дрога и постанаа партнери на сицилијанската, наполската и калабриската мафија. Криминалната активност во Швајцарија Албанците според податоците на тамошните безбедносни служби, ја искористиле за нелегално набавување на „калашњикови" и „узи", финансирање на ОВК итн. Седиштето на црната берза на оружје, инаку било во Берн и Базел.      (Vecer.mk)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари