Вечер тема

Каде и зошто исчезнаа докуменетите за прислушкувањето на Тито

Постојат настани, имиња и последици од настаните. Погледнете ги имињата. Дали е случајно што истите луѓе кои во 1966 година без задолжени за уривање на Александар Ранковиќ, во 1991 во Хрватска и во Србија беа поддржувачи и промотери на Туѓман и Слободан Милошевиќ. 

Сето ова што последниве 30-тина години, практично од распадот на Југославија до денес го гледаме и доживуваме како национални, економски и лични трагедии има свој корен. И свој почеток. Југославија беше држава на т.н. отворен социјализам, со еднопартиска комунистичка власт но, со значителни слободи во говорот, движењето, економијата и личните слободи во однос на другите држави водени од комунистите.

Она што и недостауваше беше само трансформација во слободно, повеќепартиско општетво како што тоа го направија во Полска, Унгарија или малите балтички држави. Југославија имаше покана и беше на чекор од Европската зедница, денес ЕУ, но етничките и национални лидери го спречија тоа за да создадат свои мали, племенски држави во кои тие ќе бидат неприкосновени лидери.

Тезата дека во фередативна Југославија не можеле да се изразат националните стремежи и идентитет добива одговор во добровлното предавање на самостојноста и идентитет на сите поранешни републики во рацете на ЕУ и НАТО. Југославија, а во неа и Македонија, денес можеше да биде член на ЕУ, па и на НАТО но, тие кои одлучуваа сакаа патот до таму да биде поинаков. Ризичен и незивесен. Пат на кој тие, и токму тие. ќе го наплатат својата племснко водство со речиси неограничена власт за да не донесат на истата точка на која бевме и претходно. Патем, низ четири војни, црна транзиција, над 200.000 загинати и до слепило скарани меѓусебе.

Еден настан имаше клучно влијание врз распадот на Југослаија, пореметување на балансот помеѓу внатрешните сили, создавање на национализмот во седумдесеттите, албанскиот сепаратизам во осумдесеттите и, на крајот, војните на почетокот на деведесеттите. Влијане врз разбивањето на системот и преземањето на државната политика во раце на радикланите националисти.

Тој настан е Брионскиот пленум во 1966 година. Настан на кој се одлучувало, судело за наводното прислушкување на Тито од страна на УДБА, предводена од Александар Ранковиќ, кој потоа е сменет, а севкупната власт во Југославија набргу ја преземаат хрватските комунисти кои се пред и по војната школувани во советската КГБ. Со Уставот од 1974 година го создаваат Косово како централен југословенски проблем за тензии во Србија, Македонија и Црна Гора, и преку тој проблем од Загреб владеат со ситуацијата во таа тензична југословенска половина.

Зачудувачки е што ни ден денес ја нема документацијата за наводното прислушкување ниту заклучоците од тоа. Како што ја нема ни документацијата за прогонот во времето на Информбиро, и страдањето на околу 20.000 затвореници во логорски услови, и тоа без ниту една валидна судска пресуда. По секое обвинение на Голи оток се одело со години во логор заради пресуден - прекршок. Сите обвинети се и осудени, нема ослободителни пресуди. И нема жалби кои се усвоени.

Селим Нумиќ во времето на Брионскиот пленум во јуни/јули 1966 бил на компетентна функција: началник на управата за прислушување при УДБА, и помошник на сојузниот министер за внатрешни работи Хрватот Милан Мишковиќ (брат на началникот на воената КОС, Иван Мишковиќ).

Накусо, тој во тоа време бил најупатен во состојбата со случајот. Испитуван е, иако е тоа надвор од законските овластувања, од офицери на КОС. Понудена му е соработка да биде во функција на докажување дека тој, по налог на потпретсдетаелот Ранковиќ, поставил, и користел уреди за прислушкување во приватните простории на Тито и Јованка, како и на тогашниот претседател на сојузното Собрание, Словенецот Едвард Кардељ... Но, тој одбива таква соработка - УДБА не прислушувала, а и не можела, бидејќи КОС била единствена служба која имала контрола врз Белиот двор на Тито, и "Ужичка улица" - резиденцијата на маршалот.

Хрватски Телеграм во поширок напис објавен на 24.3.2016 година, пренесува изјава на Иван Мишковиќ, тогашен раководител на воената КОС, и брат на првиот човек на полицијата Милан Мишковиќ дека никогаш не се најдени докази, снимки или било каков друг материјал од кој би се видело дека Тито е прислушкуван. Едноставно, тоа не ни било фокус на Брионскиот пленум, централна точка било политичка елиминација на двајцата тогаш најсилни српски политичари: Алекандар Ранковиќ, во тоа време по Тито тој бил втор човек во Југославија и  Светислав Стефановиќ, од 1953-1963 година министер за внатрешни работи.

По четири месеци затвор, откако Брионскиот пленум ќе си ја заврши својата функција: смена на Ранковиќ, и расформирање на УДБА, како и трансформација од Управа во Служба - СДБ, Селим Нумиќ е помилуван со посебна одлука на владата и Тито. Но, него тоа не го задоволува.

Наредните 20 години, тој заедно со своите колеги ќе врши сопствена истрага, и ќе докаже: Немало прислушување, се било измама. Словенците Едвард Кардељ и Еди Брајник, заедно со Хрватите Иван Крајачиќ и Бакариќ монтирале постапка за смена на Ранковиќ, кој со години наназад се споменувал за најсигурен наследник на Тито.

За да не биде тоа словенечко-хрватска победа, искористен е Крсте Црвенковски и неговиот кариеризам и подготвеност на се, само да се надмине авторитетот на Колишевски. Токму Крсте Црвенковски, според повеќе пишувани сеќавања на брионскиот процес од дел од учесниците, заедно со Киро Глигоров е оценет за најтврд кариерист меѓу македонскиот политички врв. Патем, Ранковиќ бил долгогодишен прв удбаш и многумина се плашеле од него, Се замерил со многу луѓе, и добар дел од јавноста. Многумина на таа моќ сакале да и го видат крајот.

Со сите сознанија во 1989 година, Селим Нумиќ излегува со книга.

Во истаргата долга над дваесет години тој открива:

- Едниот од авторите на брионската измама, Иван Крајчиќ, на 28 октомври 1984 година ќе даде интервју за загрепски "Неделен вјесник" во врска со Брионскиот пленум: Кога во 1966, изјавува Крајачиќ, се случи аферата околу прислушувањето на Тито, јас веднаш од Загреб испратив експерти таа работа да ја спречат, и докажав дека треба да се имаат резервни центри, а не само сојузниот полициски центар во Белград... Конкретно, вели Крајачиќ, една ноќ пратив двајца експерти од Републичката хрватска полиција, на тајна задача со авион. Едниот од нив беше пилот, и тие ја извршија задачата! Така експертите не и беа од полза само на Хрватска, туку и на целата земја. Крајачиќ, од позиција на тогашен претседател на хрватското Собрание немал никакви ингеренции за овие прашања - но го направил тоа.

Тој во интервјуто ќе потврди дека овие сознанија на тие експерти од Загреб биле клучни за настаните на четвртиот пленум на Бриони.

Крајачиќ има моќ врз КОС уште од 1945, кога го спасува фашистичкиот соработник, кардиналот Степинац.

Селим Нумиќ, началникот на сојузната служба за прислушување на УДБА, пишува: проверено знам дека во хрватската полиција имало тогаш само еден човек кој едновремено се разбира и во прислушување и во авиони, а се работи за Ацо Глобочник, од Четвртата управа на хрватската УДБА. Со Ацо Глобочник, како негов шеф, Нумиќ соработувал од 1961, и имале средби. За втор човек на таа тајна задача го препознава извесен Штефан, еден од двајцата загрепски експерти за прислушување.

Оваа тајна заадача на експертите од Загреб не е заведена, ниту како лет, ниту како налог, во документите на сојузната УДБА, а без тоа нема акција од овие размери на републичките полиции. Затоа, за да им се дозволи на тие двајца ноќе, тајно, да користат авион, да влезат во Титовите приватни простории, и пребаруваат или монтираат уреди за да се наклевети некој трет... е можно само во соработка со КОС. Бидејќи воената КОС, и никој друг, бил одговорен за безбедноста, движењето и обезбедувањето на просториите на Тито, заклучува Селим Нумиќ!

Аферата со прислушкувањето била создадена и користена само за политички прогон.

Освен ова, Селим Нумиќ го цитира Тито - со кои зборови го отворил случајот на Брионскиот пленум. На седницата на Извршниот комитет, изјавува Тито, одржана на 16 јуни 1966, е разгледувано прашањето на некои деформации во работата на органите на државната безедност. На таа седница е избрана државно-партиска комисија таа работа да се истражи, а пред тоа, изјавува Јисип Броз, формирана е техничка комисија која требаше да ги утврди техничките детали од тој случај...

Секој што барем малку се разбира во нашата работа, пишува Селим Нумиќ, знае дека техничката комисија, збир на експерти, се формира после политичко-партиската комисија - која ќе определи таква екипа, ќе им даде насоки и мандат, и ќе очекува соодветен извештај!

Заедно со стотиците други изнесени докази, и ова му докажува дека зад целата монтажа на прислушувањето стои хрватскаиот КОС, Кардељ, Бакариќ, Еди Брајник и Крајачиќ... но и Тито!

Дваесетте години истрага му дале уште едно, шокантно сознание на бившиот разузнавач  Селим Нумиќ: најголем дел од документацијата за брионскиот пленум е уништена! Исто како и поголем дел од документацијата за формалните, но и неформалните истраги и пресуди за Информбирото и Голи Оток.

ТИМОТ ПРОТИВ РАНКОВИЌ ГО ПРОМОВИРА ТУЃМАН И МИЛОШЕВИЌ!

Уште во 1947 год. УДБА издава прирачник, нормално без автор: "Принципи на работа и средства на УДБ". Според него, за политичките постапки се водат архивски документации до најситни, дури и банални детали. Но, токму повеќето од докумнетите за Голи Оток, и Брионскиот пленум  исчезнале!

До денес нема документ - кој луѓе провериле и утвдиле дека во просторитте на Тито има прислушни уреди и прислушување. Нема имиња, надлежности, процедура... иако Крсте Црвенковски, и неговите соработници, постојано се повикуваат на некаква Техничка комисија.

Стотици лица, кои по 1985/1990 тужат за пресудите за затвор на Голи Оток и за последиците од Брионскиот пленум, не можат да најдат каков било валиден, државен документ дека се осудени и затворени.

А се документирало се: Генералот Јово Капичиќ, кој едно време бил управник на Голи Оток, од говорницата на 6. партиски конгрес одржан во Загреб, ќе го критикува Петар Стамболиќ затоа што му ја презел - жената! Тој документ е сочуван, но службените - со имиња и постапки ги нема.

На пленумот одржан на Бриони Ранковиќ не се бранел, иако тешко го доживел сето тоа. Утрото, на 2 јули, преживеал инфаркт. Се до својата смрт, во 1983 година, Ранковиќ никаде, и никогаш, нема да дава изјави за овој процес, ниту ќе обвинува луге, особено не Тито. Непосредно по Титовата смрт (1980), а малку пред умирањето на Ранковиќ (1983), со упад во неговиот стан, ќе му бидат украдени сите негови воени и мирновременски одликувања, и лична документација. Ќе биде погребан три години по Тито, со лажни ордени, наместо вистинските украдени од страна на КОС.

По Брионекиот пленум, во јули 1966, се отпуштаат 712 офицери на УДБА. Едвард Кардељ формира специјален тим, комисија за насочување на јавното мислење кај граѓаните во врска со Брионскиот пленум и последиците. Претседетал на таа Комисија бил Раша Лазаревиќ, главен и одговорен уредник на "Борба", а членови Перо Ивичиќ, главен уредник во Танјуг, Саша Веселиновиќ, уредник во Танјуг, Милан Јовановиќ, новинар...Павле Стојанов, Обрен Ручиќ и Ѓорѓе Миљевиќ од сојузната полиција, односно Службата за државна безбедност (УДБА).

Меѓу српските политичари задолжени за ликвидацијата на Ранковиќ биле: Добривое Видиќ, Добривое Радосављевиќ, Дража Марковиќ, Мирко Тривиќ, Петар Стамболиќ, Вељко Миќуновиќ, Никола Љубичиќ... Интересно, дваесет и пет години подоцна, речиси истиот тим за ликвидација на Ранковиќ, во Хрватска ќе го создаде Туѓман, а во Србија Слободан Милиошевиќ! Во првите редови ќе биде и тогаш младиот Мило Ѓукановиќ, потомок на семејство со директни активности во КОС.

За политичко елиминарање на Ранковиќ во тоа време била и Јованка Броз. Ќе поминат само неколку години, и таа ќе биде жртва на сопствените содружници против Ранковиќ.        (Vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари