Вечер анализа

Југославија се распадна за да се создадат мали, зависни колонии

Американскиот политиколог Фил Батлер напишал колумна во која тврди дека уништувањето и распадот на Југославија било само дел од поширокиот план на НАТО–алијансата, каде што намерата била геополитички да се ослабат противниците на западниот блок и да се "проголтаат" здравите економии на народите од овие простори. Резимето на Батлеровата анализа ја пренесе италијанскиот " Глобалист".

"Можете ли да ја замислите денес Европа со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Југославија, всушност, беше еден од најголемите културно-општествени експерименти во историјата. Основана на подрачјето каде што се судриле некогашната Австроунгарска и Отоманска Империја. Југославија ги обединила двете култури на начин кој не е виден уште од времето на Александар Велики, кој по големите освојувања ги асимилирал народите. Експериментот, ако може така да го наречам, траеше нешто повеќе од половина век. Беше идеален затоа што во една држава живееле сите јужнословенски народи. Создавањето на Југославија делумно беше и потег од геостратешка природа на В. Британија и Франција, со цел да забави или блокира Германија", пишува Батлер.

Според него, одредбите од т.н. "Декларација од Крф" ги поставиле темелите на уставната монархија, која во никој случај не се разликувала од англиската.

Правата и правото на глас, како и почитување на основните принципи на Илирското движење беа ветувачки аспекти на почетокот на Југославија. Но, тогаш кралот Александар го укинува уставот и изборите, ама заедничкиот живот на етничките и културните заедници и понатаму даваше надеж за иднината. Војната, политичките сплетки, внатрешните и надворешните притисоци во тоа време биле тежок товар на оваа нова светска сила. Како што тоа беше случај во многу такви експерименти, така и тука на крајот авторитарната власт беше неопходна, а можеби и посакувана, тврди Батлер.

Фил Батлер пишува дека националниот херој Јосип Броз Тито стана "диктатор", но се здоби со светска слава и цврсто ги држеше работите под контрола, а Југославија играше голема улога на светската сцена. Меѓутоа, кога неговата моќ ослабна, спротивставените сили најдоа своја потпора. Не постои научник или политичар кој нема да каже дека улогата на Тито во основањето на Движењето на неврзаните земји, била голема, исклучително важна и значајна, особено за луѓето кои денеска живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и останатите поранешни југословенски држави.

Темелите и идеалите на Движењето на неврзаните земји се поставени во Белград 1961 година. Во создавањето на Движењето учествуваат Тито, индискиот премиер Џавахарлал Нехру, претседателот на Индонезија, Сукарно, египетскиот претседател, Гамал Абдел Насер и претседателот на Гана, Кваме Нкрумах. Идејата за Движењето на неврзаните, во кратки црти ја објаснува и кубанскиот лидер, Фидел Кастро во говорот одржан во Хавана во 1979 година, во кој вели дека "Движењето на неврзаните земји постои со цел да ја чува националната независност, суверенитет, територијален интегритет и сигурност на неврзаните земји во нивната борба против империјализмот, колонијализмот, неоколонијализмот, расизмот и сите облици на надворешна агресија, окупација, доминација, мешање или хегемонија, како и против големите сили и политиката поделена на блокови.

Ослабување на немоќните

Блатер вели дека во суштина, Движењето на неврзаните земји, тежнеело кон самостоен развој на народите помеѓу големите сили, со идеја да ја негира Студената војна. Секако, големите сили кои се занимавале со идеолошки војни и имале свои стратегии, кои вклучувале апсорпција на секоја од тие сиромашни независни земји.

Исто така, според Блатер, стратегијата била да се предизвикаат ситуации кои ќе водат кон фрагментација, поделби и создавање на немоќни земји и народи во светот.

- Распадот на Југославија е најдобар пример зошто денес ниту една држава не покажува интерес и залагање кон Движењето на неврзаните. Наместо тоа, ЕУ и НАТО беа гравитациска сила која ги привлече Словенија, Хрватска и другите. Ги гледаме остатоците од стратегијата на Студената војна и фактот што Белорусија и Азербејџан се единствените две држави од Европа кои се членки на Движењето, додека Фиџи во 2011 година се придружи како најнов член на Движењето на неврзаните. Меѓутоа, самитот на Движењето на неврзаните, во 2012 година бележи најголема посетеност од која било претходна година, што можеби е и знак дека постои криза на Западот. Со декларирана цел 'Борба за мир во светот' и своите основни догми, Движењето теоретски вреди да има посредничка рамка. Но, допуштите ми да се вратам на случајот Југославија и каква би била доколку би постоела денес, вели Батлер.

Според него, гледано на распадот на Југославија од далечина, евидентно е дека станува збор за вградување на геостратегијата на Вашингтон, која се спроведува насекаде во светот, вклучувајќи и користење на тешки методи. Акциите кои ги спроведувала администрацијата на Клинтон во тоа време беа тајна за јавноста, исто како што се и денес.

Читајќи го "think - thank" на пропагандниот Институт "Брукингс" од Вашингтон, ќе го откриете ова. Имено во текстот "Одлука за интервенција – како да се заврши војната во Босна"" од 1998 година, авторот Иво Х. Далдер вели: Иако денес многу се пишува елоквентно и со многу страст со цел да се објасни неуспехот на Вашингтон и на Запад да се запре етничкото чистење, концентрациони логори и масакрот на стотици илјади цивили, малкумина го поставија тоа прашање во текот на летото 1995 година, кога САД конечно реши да ја преземе водечката улога во ставање крај на војната во Босна.

Но, вистината е многу поедноставна од реалноста

"Никому не му треба "think - thank" , за да открие зашто поранешниот американски претседател Бил Клинтон се двоумеше да интервенира во Босна. Клинтон всушност продолжуваше да ја практикува политиката на својот претходник Џорџ Буш Постариот, чија цел била да се дестабилизира југословенскиот успех како социјалистичка држава. Сега знаеме дека клучна улога во поделбата на регионот одиграла организацијата позната како "Атлантска бригада#, составена од бунтовници кои се обучувани во САД, која броела 400 луѓе, кои подоцна учествувале во војната во Косово на страната на Ослободителната војска на Косово (ОВК) " („Christian Science Monitor " 1999 г.)

Овој извештај, открива дека САД под лажен изговор воделе војна на посредување (проџѕ њар) во поранешна Југославија. Што се однесува до Бил Клинтон и неговата неподготвеност да се интервенира во регионот порано познат како Југославија, тоа е валкана историја на геноцидот и бескрајни лаги, вели Батлер.Тој забележува дека приказната која тој ја пронашол е приказна за еден Французин, кој ја обучувал Атлантската бригада, што во се потсетува подоцна на Украина, Либија и Сирија.

- Ги гледате 'Шемите' кои не водат до вистината повеќе отколку доволно. Ужасните загуби на Југославија служеа за вложување во поделба на преостанатите парчиња земја, со помош на американските претседатели, британските господари и германските индустријалци. Атлантската бригада зеде учество во разни посреднички војни на Балканот, а во неа членувале убијци од странство. Американските функционери кои се на врвот, добро ги познавале и управувајќи со нив ги влечеа конците на Косово и пошироко на Балканот. Југославија стана прототип, пример за "работење во Авганистан и Ирак, Арапската пролет. Имињата на Медлин Олбрајт, Хавиер Солана, генералот Весли Кларк и други и понатаму се спомнуваат. Во поранешна Југославија, клучните играчи, односно нивните пријатели буквално планирале да ги претворат народите и државите зависни од кредити и нивни инвестиции, односно планирале да си направат свој "Елдорадо", вели Батлер.

Приказната за таквиот геноцид во име на демократијата е пострашна, вели американскиот експерт.
Повеќето земји и народи од овие простори, беа вратени 200 години наназад, во еден вид на средновековно постоење без надеж. Единствената надеж за повеќето поранешни "Југословени" , се ЕУ и НАТО-алијансата. Додека го пишувам ова, американски, британски и германски планери веќе ја уредуваат Сирија. Познатата корпорација Ранд, изработува план за поделба на суверените држави. За оние кои не се свесни за тоа, Ранд корпорацијата е "Големиот Брат" на сите хегемонистички "think - thank" институти и непрофитни организации – вели Батлер и го поставува прашањето – Кој и зашто ја уништи Југославија ?

"Сигурно дека биле извршени злосторства и геноцид во војните на Балканот. Но, тоа не е поентата зашто се фокусирав на оваа катастрофа. Како прво, ниеден народ од поранешна Југославија денес нема право на глас. Како второ, поделбата помеѓу народите, е причина за смрт или преселба на милиони луѓе. Но, мојата 'фантазија' за Југославија можеби, може да биде изненадување . Дозволете ми да дадам заклучок. Југославија е изградена на идејата во неа Јужните Словени да не останата слаби и поделени народи. Обединети во Југославија не би биле лесен плен за империјалистите и нивните намери, како што тоа се случува денес#, истакнува Батлер и додава дека е факт што по Втората светска војна, социјалистичка Југославија стана европска приказна за успех.

Помеѓу 1960 и 1980 година, Југославија има една од најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатно здравство и образование, гарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, стапка на писменост над 90 проценти, а животниот век е 72 години. Колку што знам, ниту една од државите на Балканот денес не можат да сонуваат ниту пола од овој просперитет. Тоа бил напредок кој помеѓу западните сили предизвикал желба да се уништи Југославија. Мултиетничкото население во земјата имало поволен јавен превоз, домување и комуналии. Непрофитната економија која во голема мера била во државна сопственост, не е баш најдобар пример за љубов кон западната демократија.
Во тоа време Германија, Франција или Велика Британија беа далеку од ресурсите, а банкарите од Лондон и Луксембург не беа во можноста да извлекуваат милијарди од социјалистичкиот систем, вели Батлер.

Батлер тврди дека Југославија морала да умре, а Реган, Буш Постариот и помладиот и Клинтон помогнале тоа да се случи.

Наградуваниот автор, политички научник и надворешниот соработник во Институтот за политички студии во Вашингтон, Мајкл Паренти, честопати има зборувано за катастрофата во Југославија.
Според Паренти, целта на Американците била Југословенските народи да се претворат во народи од Третиот свет, а тоа можело да се оствари само преку поделба на земјата, на повеќе држави кои подоцна ќе ги отворат своите економии на корпорациите и западните банкари. По распаѓањето на Југославија, новонастанатите држави би требало да бидат неспособни да го следат независниот курс за сопствен развој, да имаат разнишани економии и природни ресурси кои во целост ќе бидат достапни за мултинационална корпорациска експлоатација, осиромашено, но писмено и квалификувано население кое ќе биде присилено да работи за минимални плати, а евтината работна сила ќе биде пример преку кој полесно ќе дојде до намалување на платите во Западна Европа и поширока, демонтирање на автомобилската, нафтената, машинската, петрохемиската, рударската и другите индустрии кои би биле конкуренција на западните производители.

Поврзани

Најнови вести

Коментари