logo
logo
logo

Томиќ

За Шолц, умот и разумот

Vecer | 13.07.2022

За Шолц, умот и разумот

Европските вредности денес се сведоа на корумпираната Бугарија. А изнуди 12 милијарди евра од европските даночни обврзници, со цел да ги покрие дупките на неуспешната и банкротираната бугарска благајна купувајќи мир и политички поени.

И Грција инкасира од таа Европа 150 милијарди евра. Но, кога им се може...

И двете проиграа на темата Македонија. Иако Македонија се уште е во бриселската чекална, обезличена и банкротирана...

Патем, никој не зборува за копенхашките критериуми, кои дефинираат дали една земја има право да се приклучи на Европската унија или не.

Критериумите бараат државата да има институции со демократско владеење на правото и човекови права, да има функционална пазарна економија и да ги прифаќа обврските и намерите на Европската Унија.

Тогаш, врз кои контролни механизми се мери македонската апликација за членство во ЕУ, на копенхашките критериуми или врз нацистичките интереси на Бугарија?

Дали бугарските интереси кон Македонија од времето на Санстефанска Бугарија се вредносен код на 21-от век и воопшто на цивилизацијата денес?

Кога зборуваме за демократското владеење на правото и човековите права, Македонија е пример за цела Европа.

Македонскиот модел на мултикултурализмот ја прави Македонија ексклузивна на планетата земја, треба да биде пример за сите 26 земји членки на ЕУ.

Непристојните услови на Софија за членство на Македонија во Европската Унија се лудост за девалвација на државата Македонија.

Токму затоа, Македонскиот народ е на улица со НЕ на сите ултиматуми кои водат кон асимилација и бугаризација. Македонците го бранат своето неотуѓиво, неприкосновено и неотстапно веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација!

Македонскиот народ е запечатен код, а тоа го потврдија и Мадридскиот институт и светската и престижна антрополошка институција - Женевската Игенеа!

Тоа се верификациите кои никој не може и не смее да ги негира, да ги фалсификува или омаловажува.

Македонците со 73% рекоа НЕ на непристојниот предлог на францускиот претседател Макрон.

Се разбира, Македонија не вели НЕ за Европа, напротив ДА, но со достоинство и без никакви асимилации во Бугарски народ, бугарски јазик историја и бугарска историја! НЕ со ваков неевропски Договор, укаживаат интелектуалци, аналитичари и народот македонски!

Неизбежно е ехото на новоизбраниот германски канцелар Олаф Шолц, кој претходно директно во брк и на Радев и Петков им го плесна, потсетувајќи ги, како влегоа Бугарите во ЕУ и НАТО и дали ги исполниле копенхашките критериуми или основните одредници за членство во ЕУ и НАТО.

Веројатно затоа, канцеларот Шолц, во намерата да го спаси образот и имиџот на пристижниот клуб ЕУ во врска со француската Преговарачка рамка за членство на Македонија во ЕУ рече: “Јас го разбирам Вашиот сомнеж, дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ. Но, сакам да бидам сосема искрен со Вас. Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен!“

Ќе има и други пречки кои ќе треба да се надминат. Значи бугарското не е се’! Сопки и замки и натаму ќе престојат, но нам сепак ни преостанува да речеме, дека бараме нов предлог кој нема да биде самоуништувачки, туку чисто европски почитувајќи го македонското самоопределување и самоидентификување!

Охрабрува фактот што младите Македонци, по род и државјанство, веќе повеќе денови со крената глава упатуваат порака НЕ за асимилирани Бугари, ДА за европски Македонци, Македонија, Макeдонски јазик, култура и историја.

Кога се спомнува канцеларот Шолц, не може а де не се испушти и пратеникот на опозициската ЦДУ во германскиот Бундестаг и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Кнут Абрахам. Овој германски политичар со став: “Веродостојноста на процесот на проширување на ЕУ и мотивацијата на Западниот Балкан за такво нешто, може да се вратат со почетокот на пристапните преговори со ....... Македонија и Албанија.“ Според Абрахам, Шолц мора силно да ја притисне Бугарија.

Канцеларот Олаф Шолц мора да ја притисне Бугарија да го тргне ветото за Северна Македонија во ЕУ!

Затоа, безусловно треба да се отфрли француската Преговарачка рамка за членство на Македонија во ЕУ како неповолна, бидејќи ги прифаќа само бугарските барања за негација на Македонскиот народ и државата Македонија!

Пожелни се предлозите од сите партии и пратеници, пријатно изненадување е предлогот на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов како можна опција за надминување на политичката криза предизвикана со францускиот предлог.

Имено, Демократски сојуз на Павле Трајанов најавува дека и формално ќе ги поднесе свои предлог-заклучоци во Собранието за оваа седница. Со нив, Трајанов бара да се изменат делови од преговарачката рамка.

Во делот на јазикот, Трајанов бара во рамката да се додаде нов став кој вели:

„По приемот на Република Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик станува службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка“.

Демократски сојуз предлага и да се тргнат билатералните прашања од преговорите со Унијата.

Трајанов вели дека нема поддржи заклучоци кои би биле донесени без поширок консензус во кој би влегла и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, или пак, кои нема да значат промена на рамката.

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека собраниската дебата нема значење ако тоа не значи промена на самиот предлог.

Власта пак, од друга страна очекува парламентот да расправа по нејзините заклучоци кои не се однесуваат на измени во преговарачката рамка туку како задолжителни насочи на Владата во идните преговори.

СДСМ мора да ретерира од цунамито за бришење на семакедонското во Македонија!

Затоа и повикот до поранешниот лидер на СДСМ, да направи ресет и да се ослободи од јавачите на апокалипсата - авантуристи и комедијанти и да и’ помогне на татковината.

Тука, е и Максим Димитриевски со најавата за формирање на ново движење. Тука мислам и на Влада со Христијан Мицкоски, на сите заедно во одбрана на Македонскиот народ и Македонија.

Да го решаваме македонскиот влез во ЕУ, со поладни глави, нека прво завршат одморите, да не се брзаме се’ да решиме поради одморите кои за европската администрација почнуваат од 22 јули годинава.

Нашите пријатели, кои априори мораме да ги придобиеме, ќе мора најпрвин да извршат притисок врз Софија, да им укажат дека билатералните прашања, како што е македонско-бугарскиот спор, не смеат да го блокираат процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Во тој контекст, ЕУ и Германија имаат механизми да ја натераат Бугарија да го тргне ветото.

На сите земји-кандидати за членство во ЕУ треба да им се даде можност за поблиска интеграција, во прв ред економска, со Унијата уште пред да станат членки.

Инаку, идејата на францускиот претседател Макрон, Европа во две брзини создава многу контроверзи: Дали ЕУ се реформира во две лиги, два клуба со различни привилегии, или патот води кон нова асоцијација на земји од Западен Балкан.

Според европските експерти во ЕУ е важно да се разгледуваат модели во кои државите ќе усвојуваат делови од европското законодавство, особено за внатрешниот пазар, и на тој начин ќе можат да имаат корист од економските фондови на Европа без да бидат полноправни членки.

Едновремено тие порачуваа дека “таквото поврзување или членство во внатрешниот пазар е чекор кон полноправно членство, а не замена за полноправното членство“.

Инаку “бугарската дрска политика и дипломатија“ кон Македонија и македонските национални вредности и посебност, со ваквото насилство и неевропски однос, ја доведува во прашање иднината на Еcропската Унија!

Евроскептицизмот станува се’ поголем не само во Македонија, туку и на другите простори на Западен Балкан.

Затоа пораката на Олаф Шолц е повеќе од отворено отрезнување, останува да се отрезнат и освестат макeдонските политичари и тие кои се однесуваат недржавнички, односно мора најитно да направат тотален ресет на целиот политички систем и во самите политички партии!

Македонија Е за влез во ЕУ, но со чесни политичари и достојна политика, без криминалци, клиентелисти, предавници, одродници и други бандити.

Нивното време замина, тие треба да одговарат за секое злодело и предавство, бидејќи злосторствата никогаш не застаруваат порачува народот!

До кога ваква зла крв меѓу Македонците кога, се работи за, иднината, македонизмот, идентитетот, јазикот, историјата и се македонското?!

До кога, ќе живее познатата : двајца, се караат третиот користи, односно му следува "награда" или , сеалбанско обидинување кога, треба, да, се избира нешто што е против македонската посебност, и самобитност, прашуваат народот и познавачите на, приликите?!

Каде е совеста и одговорноста на, политичарите на СДСМ и коалицијата, секоја чест на, поединците, кои во изминатите 5 години последователно од лукративни причини и нанесоа катастрофи на Македонија и нејзината национална карта и опстанок, додаваат аналитичарите, обелоденувајќи дека на закажаната седница, во Собранието, повторно без "пират протоколот", само да, помине штетниот договор наречен Макрон 1 и 2

Седницата ќе трае најмногу три дена, односно со, исцрпување на, листата на, соговорници. Да, поминат заклучоците потребно ќе биде присуство од најмалку 61 пратеник, од кои 41 треба да гласаат „ЗА“!

Инаку, според неофицијални извори се објавуваат информации во кои се вели дека веќе подготвени заклучоци закажаната седница. Тие речиси се истоветни со заклучоците кои на маса ги стави СДСМ пред работната група. Во нив, стои дека парламентот ја усвојува Информацијата на Владата и ја прифаќа преговарачката рамка. При тоа, се задолжува Владата „доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара, односно не се дел од преговарачкиот процес за полноправно членство во ЕУ“.

Додека, се подготвува колумната за, објавување, како во земја пропаднаа, двоецот Ковачевски-Османи, дај Боже за, добро да е, можеби ќе не изненадат како на, 18 јуни 2022 како вистински Македонци по род и државјанство од пушка им кажат „НЕ“ на европските челници за, Францускиот предлог.

Интересно, е што за време на владеењето на коалицијата СДСМ - ДУИ, паднаа 2 историски понуди за, спас на Македонија.

Имено, првата, од страна на Никола Груевски кога му понуди 51 пратенички мандати на, ВМРО - ДПМНЕ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев или се на, се 100 пратеници и да, се избере малцинска влада за, спас на Македонија од можните сценарија што денеска се факт, и сега истото од страна на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски или се исто за, спас на Македонија од можна бугаризација.

Историјата и проклетијата продолжува и повторува! Останува да се види или обелодени?!

Ќе повторам и потсетам, ако германскиот канцелар со изјавата дека не очекуваат безброј, сопки, блокади и ултиматуми, ни ги отвори очите, и умот, дали конечно во над треба да, проработи РАЗУМОТ?!

Останува, дилемата ако ДС со Павле Трајанов, се знае како ќе настапи на, собраниската седница, како ќе гласаат ДОМ И ЛДП?! Прашањето е сега?!

Затоа, заклучокот, достојна Македонија во достојна Европа, но претходно Македонија да добие писмени ГАРАНЦИИ од САД и ЕУ со своевидна ДЕКЛАРАЦИЈА која ќе биде своевидно бетонски столб на, кој ќе се потпира, цврсто поддршка на, нашите стратешки пријатели за, нашиот јазик, идентитет историја, и севкупно постоење во континуитет и дека овој октроиран т.н. француски предлог не смее да, донесе и предизвика бугаризација на Македонија во никој случај. и дека, со овој фантомски договор се става крај на бугарските барања, а за домашните грешници по членот 308 од Кривичниот Законик, местото не им е во политиката, туку таму каде заслужуваат!

Слобдан Томиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk