logo
logo
logo

За да ја поддржи Мила Царовска, Коста Петров ги запали сите свои книги

Vecer | 09.10.2021

За да ја поддржи Мила Царовска, Коста Петров ги запали сите свои книги

Директорот на фондот за иновации, Коста Петров, кој во минатото работеше како мултимедијален уметник, лајф коуч, мотивационен говорник, но и многу други непостоечки професии, се приклучи во војната што министерката за образование Мила Царовска ја почна со хартиените учебници и книжарите така што го запали сиот книжевен свој опус пред очите на јавноста.

За време на свеченото палење на книгите, тој истакна дека освен за да ја поддржи Царовска, ова го прави пред се за природата, затоа што таа е најголемата жртва од производството на хартија.

- Дрвјата треба да се сечат за убави работи, како билборди, булевари, скверови, а не за книги или не дај боже, за учебници - изјави г-нот Петров додека го потпалуваше огнот со учебници за основно образование.

Целата сатирична вест можете да ја прочитате на КООПЕРАЦИЈА.МК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk