logo
logo
logo

Томиќ

Техничка влада и предвремени избори - итно

Vecer | 11.11.2022

Техничка влада и предвремени избори - итно

Седенката кај Таче заврши. Се тресеше гората, се роди глувче... Толку од фанфарите... Еден спикер, осуманесет лидери, четири часа состанок, нула заеднички ставови... Едноставно речено, лидерската заврши без договор за уставни измени: Бугари да се внесат во Уставот на државата Македонија.

Ниту збор за Македонија како земја со највисока инфлација во регионот и мерки за надминување на економската и енергетската криза во државата!

И како потсетување на суровата реалност: Инфлацијата во Македонија е 19.8%. Словенија има речиси двојно помала инфлација - само 10%. Инфлацијата кај храната и пијалоците во Македонија е 32.4%, а во Словенија 17.2%. Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија.

Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот! Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%. Но, ова покажува и дека големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со економскиот колапс пред кој е исправена државата.

Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храната и пијалоците. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.

Средбата кај премиерот покажа дека единственото излезно решение е: Избор на техничка влада која ќе ги подготви предвремените избори заради спас на државата и нацијата!

Инаку заминавме сите во амбис поради девастирачка и хибридна влада предводена од двоецот Заев-Ковачевски, во коорганизација со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети со дружината.

Наместо прогрес имаме регрес, наместо странски инвестиции за време на нивното владеење, добивме неколку сендвичари со црвени ленти и ништо повеќе. Ден денес возиме по автопатиштата изградени од “тоталитарниот режим“ на владата пред 2016 година.

Тогаш, нели, ни се случи “шарената револуција“ и државата отиде во аут!

Затоа крикот за нови избори, веднаш и сега! Се разбира, фер и демократски, ако такви навистина има!

За потсетување: Македонија ја има на сите пет континенти со големи Македонци, кон кои изминативе три децении, државата односно Владата остана глува, нема и слепа!

Настрана пародијата “за татковината пет долари“! Годишно во земјава се слеваат околу една до две милијарди евра од Македонците во светот. Да, одат во семејни буџети на роднини и родители. А, зарем некој мисли треба да легнат на нелија сметка и да ги прокоцка за секунда?

Доаѓаат пари од Македонците во светот и за хуманитарни и донаторски цели! За жал, сето тоа е инцидентно и без систем, бидејќи системот секојдневно ги брка Македонците во светот! Ги има меѓу нашите во светот и милионери и милијардери, ама повеќето се во Македонија, го исцедија народот, и затоа од надвор пари нема.

А, благодарност до Ѓорѓија Атанасоски, Владо Ралев, Џон Битов, Мајкал Илич, Стив Ставро, Коста Станвик, Влахо, Лефтер Манче, Каркински...

Како и да е со нашите во светот, ни претстои “перестројка“ дома!

Ни требаат партии со луѓе домаќини со име и образ, а не султан партии! Да не бидеме по веќе држава за подбив во која владе криминалот, деспотизмот, корупицијата и подземјето!

Секако, имаме добри, чесни и докажани луѓе, но тие се далеку од султаните кои бараат клиентелисти и тапетари,и "тапанари", а меѓу нив чесните ги нема!

Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2022 година, јасно стои дека реформите мора да се интензивираат и да се искористи сиот потенцијал за да се забрзаат.

Истовремено, борбата против корупцијата мора да продолжи! Ова е пораката која ја прати еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој пред Европскиот парламент ги презентираше извештаите за земјите од Западен Балкан и за Турција.

А, што има Македонија во моментов?

“Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува ‘топтан’ каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата која им се дава од граѓаните...“, вели Елми Азири, потпретседател на Алијанса на Албанците која сега изрази желба да биде дел од парламенатарното мнозинство, во истиот шверц-комерц собрание!

Да, се’ е топ-тан политика и дипломатија, особено кога се решават прашања од Тиранската платформа и барања од Атина и Софија!

Невидена дисторзија, невидена трагедија кон еден народ кој се бори да си го одбрани името и идентитетот - најсветото дадено од Бога!

Впрочем, јасни беа извештаите на најавторитетните антрополошки пулови на светот, Мадридскиот институт и Женевската ЕГЕНЕА дека сме Македонци по ген и по биолошки КОД, дека на територијата на Македонија каде низ милиениуми живее денешниот Македонски народ!

Тогаш, што не е јасно?

И Енциклопедија Британика ја потврди македонската посебност и идентитет, дека Македонците се разликуваат од Србите, Хрватите, Словенците, Грците, дури и од Бугарите кои за жал немаат сопствена историја и посегаат по туѓа!

Да потсетам дека уште во времето на Киро Глигоров беше предложено Бугарите да бидат впишани во Македоснкиот устав како, реципроцитетно со признавањето на Македонците во Бугарија, но тоа беше експресно одбиено!

Денес Македонија е заглавена во преговорите со Бугарија и Европската Унија за Македонското име, јазик, култура и историја.

Згора на се’, неприфатливо е дегестивниот хирург Бујар Османи со предлог до рускиот пилот Радев: Нема проблем Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав исто како што Албанците ги има впишано!

Проблем е што се заборава реципроцитетот, во Бугарија има многу Македонци кои Софија не ги признава!

Проблемот во Македонија, како алфа и омега, и натаму останува: Корупцијата, криминалот, партизацијата и тендераштвото!

Затоа и новата американска амбасадорка Агелер јасно упати порака дека ќе води “битка кон сите криминогени лица во Македонија и воопшто на Балканот кои се вклучени во коруптивни и незаконски дејанија!“

Непосредно пред доаѓањето во земјава Агелер пред членовите на Сенатот во САД најави дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери во Македонија. Од се’ срце ќе речам:

Добре дојде амбасадорке, веруваме дека ќе направиш “гиљотина“ на криминалот во Македонија?! Welcome ambassador, we believe that you will make a guillotine of crime in Macedonia?!

Според некои сознанија, Стејт Департментот одвои 5 милијарди долари за борба против криминалот, корупцијата и девијантните појави на Балканот, а центарот ќе биде токму во Македонија. Затоа многу надежи во новонаименуваната американска амбасадорка во Македонија!

Не смее да се запостави и нацрт Законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, предложен од претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој заедно со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на лидерската средба предложија под итно да се избере Техничка влада да ја зачува државата Македонија и да подготви предвремени избори кои неминовно се итно потребни!

А, бидејќи Македонија одамна е земја на чудата, го доби и првиот обвинител за организиран криминал, како Алиса во земјата на чудата - Ислам Абази од родното место на Али Ахмети!

Ислам Абази е новата “Алиса во земјата на чудата“! Истовремено, Ислам Абази е старото лице на корумпираното Јавно обвинителство на Македонија!

Замина суспендираната Вилма Рускоска по судирот со директорот на Управата за финансиската полиција Арафата Муареми!

Со мизерното искуство, Ислам Абази дефинитивно не е избран да го суспендира, туку да го стави под тепих организираниот криминал на ДУИ и нивниот коалиционен партнер СДСМ.

Едно да, им е јасно на, трилингот, Заев - Ковачевски-Ахмети, доколу инсистираат уставни промени, веднаш на, брзи парламентарни избори. Секоја чест тие се сигурни дека се успешни во водењето на политиката во Македонија, затоа веднаш на избори и конечно да го остават народот на, мира.

Народот заслужува релаксирано да живее, а не да биде во заложништво и заточеништво од коалицијата СДСМ-ДУИ! Македонија, е заробена држава, топ - тан, тоа, подразбира, во сите пори на живеење, институции, јавен живот и се по ред!

Затоа и барањето за крај на агонијата во државата Македонија: Избор на техничка влада и ајде на предвремени парламентарни изори, затоа што корупцијата, организираниот криминал и сиромаштијата ќе ја доуништат државата и нацијата!

Секако измени на Изборниот законик и Законот за пратениците, да имаме чесни пратеници кои ќе донесат ред и мир во Македонија!

Слободан ТОМИЌ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk