logo
logo
logo

Мартина

Тажен и лажен триумфализам

Vecer | 19.07.2022

Тажен и лажен триумфализам

Тажно е денвиве во Македонија по потпишувањето на протоколот со Република Бугарија, и колку и да се труди Владата да покаже триумфализам дека ете по не знам кој пат почнавме преговори со ЕУ дури и врапчињата на гранките знаат дека Македонија е на истото место каде што беше ако не и подалеку од „рајските“ порти на ЕУ.

Тажен и лажен  е триумфализмот кој денеска ни се продава како успех кога за Македонија вистинските преговори ќе почнат по втората меѓувладина конференција, а не денеска. Кога ќе почнат навистина преговорите зависи од властите во Република Македонија рече Генчовска, односно зависи колку брзо ќе ги имплементираме четирите барања на Бугарија особено она во кое треба да го смениме Уставот за да влезат Бугарите во него како државотворен народ во Македонија.

Пишуваат за гордост, додека ги чува полиција. Продаваат триумф додека ги колне народ до 68 колено за позицијата во која ја доведоа државата кленувајќи ја на колена пред Бугарија потврдувајќи ја нивната теза дека сме един народ, а две држави.

Триумфално зборува министерот за надворешни работи, почитуваниот Бујар Османи за некаков си реципроцитет. Пзаете он успеал да издејствува реципроцитет, ама каков не знаеше баш да одговори. Бидејќи или не знае што значи зборот реципроцитет или пак знае ама не го разбира. Реципроцитет не може да биде венсување на Бугарите во Устав додека Македонците во Бугарија се негираат и дека постојат дури и со неколку пресуди на Судот во Стразбур. Реципроцитет би било да влезат и Македонците во нивниот Устав, ама не, според Бујар Бугарија имала различно уставно уредување па не можело да бидат внесени Македонците кога тамуу биле напишани само Бугарите и никој друг. Е колај работа де Бујар, нека го сменат во духот на добрососедски односи, кога можеме ние на две години да правиме отвори затвори, пиши допиши во Уставот, што да не можат и тие?! Тогаш ќе можеше тримфалистички да бзоруваш за некаков си реципроцитет, сега не можеш. Зборува за реципроцитет во учебниците, пак не знам за каков реципроцитет се зборува кога ете во Македонија ќе треба да се откажеме од цар Самоил, треба да избришеме дека е наш цар, што ќе избришат Бугарите кога во нивните учебници Цар Самоил е нивен цар?! Или како ќе се договориме за Гоце? За Илинденското Востание итн? За каков реципроцитет зборуваме кога ќе мораме да се откажеме од тврдењето дека со Букурешткиот договор Македонија не била распарчена на три дела и дека едниот позамашен е доделен на Бугарија, па со откажувањето од тоа тврдење автоматски се откажуваме од нашето малцинство. И ова се само неколку од примерите за таканаречениот реципроцитет на Бујар кој веројатно само тој и неколкумина со него како Таче и Маричиќ го сфаќаат.

За што да се радуваме? Дека јазикот не е македонски туку јазик на граѓаниет на Република Северна Македонија? За тоа што ќе не луструра Бугарија за да утврди кој се бил мета на прогон на комунистичкиот режим па сите што завршија на голи оток ќе излезат дека биле Бугари? Или пак може треба да се радуваме за тоа дека одеднаш не сме биле под окупација во втората светаска војна, туку само под нивна администрација,? Дали треба да се радуваме за тоа што не смееме да кажеме бугарски фашистички окупатор, и што треба да замижеме пред еден куп ѕверства во Втората светска војна од кое можеби најмонструозно е товарењето на  7135 Евреи во возот накај Треблинка односно истребувањето на 98% од  еврејското население во Македонија? Што ќе кажеме администраторите им купиле карта во еден правец не знаејчи кај ќе одат?

По сè што прифатија за да стигнат до првата меѓувладина конференција и сè што треба да жртвуваат за да се стигне до втората кога де факто ќе почнат преговорите најмалку што требаше да направи Владата е да отиде во Брисел со наведната глава, а од народот да бара прошка, а не со пркос и ароганција да трие сол на рана дека треба да слави некаква си пирова победа.

Мартина Басарова Ѓеровска

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk