logo
logo
logo

Вечер Тема

Скриена историја: Лондон ја фрли Југославија во комунизам

Vecer | 01.02.2021

Скриена историја: Лондон ја фрли Југославија во комунизам

Британците ја создале современа Грција. Поттикнувале протести против Турците, и ги плаќале трошоците преку свои мисонери.

Еден од најпознатите мисонери за таа цел е големиот поет Бајрон, кој умира во северна Грција, на задача. Тие учествуваат и во создавањето на династијата Обреновиќ во Србија, создавањето на државата Албанија… илирското,југословенското движење кај Хрватите

Некои сили на Балканот доаѓале последните два века, други заминувале – но, едни се секогаш и секаде присутни. Британците.

Без детали, само ќе ја спомнеме нивната улога и во создавање на Југославија, и во 1918 и во 1944. како и нејзиното растурање во деведесеттите, и нивните мисонери Лордот ОвенЏорџ Роберстон

Уште во времето на Кралството Југославија Британците имале свои, организирани разузнавачки инсталации во неа. Биле организирани во три групи: МИ-6, или воен сервис, СОЕ, специјална оперативна егзекутива, и Тајна служба на Форин Офис (Надворешни работи).

Главните претставници на мрежата биле во Белград: Мастерсон, Ханаи и Бејли, со втор дела на инсталација, во Букурешт: Емери.

Во 1944, Емери – кога Германците се повлекуваат од Балканот, разработува план да се урне браната Ѓердап на границата со Југославија, да се направи потоп и да се спречи германското повлекување, олеснувајќи им го напредувањето на Војските на САД и Британија.

Реализацијата на овој план би имало за последица над 10.000 мртви во околината, кога браната тајно би се урнала и притоа би биле поплавени над 70 поголеми села и гратчиња од регионот.

Негов соработник на тој план во Белград бил министерот за внатрешни работи на окупационата Влада на НедиќТанасије Диниќ.

Кога Тито на островот Вис се среќава со Черчил, договарат Британците да им ги испорачаат сите учесници и функционери на Владата на Недиќ кои пребегале во Лондон, а кралското семејство да остане под заштита на англиската кралица и Британија. Така и се случило.

Танасије Диниќ е испорачан на Белград на почетокот на 1946, и стрелан во мај истата година.

Публицистот Вјенцислав Ценчиќ, од Ријека/Хрватска собирал документација за присуството и соработката на британските разузнавачи со фашистичката Влада на Анте Павелиќ во Хрватска, како и со Албанците на Косово.

Ценчиќ ги објавува иизвештите на Бранко Фигуриќ, началникот на разузнавачката служба на усташката НДХ. Според нив – првите шпиони кои тие ги откриле во Загреб биле – британски! Се работи за Злата и Вилим Бенковиќ, адвокат, како и Петар Мештровиќ, брат на познатиот вајар со исто презиме.

На сослушување пред офицерите на ОЗНА (УДБА) во 1945 Фигуриќ, откако е упасен, дава изјава според која освен во усташката хрватска, Британците имале свој офицер резидент и во Белград.

Тоа бил мајорот Жарко Тодоровиќ, задолжен за контакти и комуникација на Британците со генералот Дража Михајловиќ. Бидејќи центарот на британските разузнавачки служби до 1945 бил во Загреб, Тодоровиќ морал често да патува од Белград до таму. Во Загреб контактирал со усташкиот потполковник Иван Матијашевиќ, регистиран како таен агент Југ.

Британците главниот продор го прават во 1943 кога ги посетуваат четниците на Дража Михајловиќ и партизаните на Тито, за да ја истражат состојбата пред преговорите со Советите за поделба на Балканот според зони на интерес.

За контакти со партизаните бил задолжен капетанот Фицрој Меклин, и радиотелеграфистот Бил Дикинс.

Меклин бил дипломатски службеник во Москва, и имал искуства и сознанија за комунистичката идеологија и дејствување. Според Владимир Дедијер, Титов дипломат и разузнавач, Фицрој Меклин спаѓа во врвот на разузнавачите во Британија, и Европа во тоа време!

Меклин бил личен пријател на Черчил, а како негови врвни достигнувања се смета тоа што прв дознал и јавил за потпишувањето на тајниот пакт помеѓу Хитлер и Сталин, како и откривањето на плановите и движењата на германскиот Генерал Ромел во северна Африка.

Фицрој Меклин дошол во Југославија во 1943 година, спуштајќи се со падобран. По неколку месеци престој и анализи, му пишува на Черчил дека Дража Михајловиќ претставува “крал кој нема моќ, и лидер е на една нација во повеќе националната Југославија… па затоа, нема иднина во обновата на целата држава Југославија по војната. По ова, од средината на 1943. година Британија и САД не го поддржуваат веќе кралскиот генерал Дража Михаиловиќ. Наскоро, нивни избор и фаворит ќе биде комунистот Јосип Броз Тито.

Тито / Дража Михаиловиќ

Преку телеграфските врски на британското разузнавање сместени во Истанбул, кон Лондон се праќаат манипулирани извештаи во кои Тито се бори против Германците. Во суштина, се манипулира со фактот кој во Југославија активно се борел против Германците до средината на 1944. година.

Се работи за манипулацијата дека на партизаните им се припишуваат акции водени од кралскиот, југословенски генерал Дража Михаиловиќ како да се партизански акции, иако тие акции војската на генералот Дража Михаиловиќ ги водела со оружје и логистика добиена од САД и Велика Британија На Лондон му треба нов херој, и иден сојузник – Тито Вестите, потоа, одат на радио преку Лондон.

Некои од тие вести доаѓаат и до Дража Михајловиќ кој протестира кај Фицрој Меклин. Објаснувањата биле: ќе го поправиме тоа, се работи за грешки на телеграфистот во Итстанбул!

Оваа линија за размена на информации е искористена и за залажувања на Германија. Така, од Балаканот, преку Истанбул се протура, наводно, дискретна информација дека Британија и САД ќе се истоварат на јадранскиот брег во Истра, и оттаму ќе оди продорот кон Германија, за да се навлечат германските сили на таа страна.

А вистината, од друга страна пак, била дека истоварувањето на овие земји се планира, и навистина случува во Сицилија и Италија!

Соработката на генералот Дража Михаиловиќ со САД и Велика Британија е најочигледно докажана во големата акција за спас на дури 500 американски пилоти, позната во САД како “операција Халијард“ (Operation Halyard) .

Имено, во текот на 1944 година, со финалната инвазија на САД врз германскте сили на Балканот, во Југославија се нашле над 500 соборени, приземјени американски пилоти кои војската на генералот Дража Михаиловиќ во соработка со САД преку американкиот генерал Икер (Ira Eaker) од 24. јула 1944 според заеднички план пронаоѓале, евакуирале и транспортирале кон Армијата на САД над 500 пилоти до италијанскиот град Бари, во најголем дел преку импровизираниот аеродром Прањани, кај Горњи Милановац.

Еден од клучните настани кои пресудиле Британија, и премиерот Черчил, да застанат на страната на партизаните и Тито е спасувањето на Рандолф Черчил, синот на премиерот Винстон. Тој, како офицер на британската армија, бил во мисија на истражување во Југославија при што во Мај 1944. бил заробен од Германците кои, за среќа, не го откриле неговиот вистински идентитет. Партизаните го ослободиле Рандолф Черчил кој, потоа, заедно со Фицрој Меклин, бил евакуиран на островот Вис.

Черчил, Рузвелт, Сталин

На техеранската конференција во Ноември 1943, и на Крим во Февруари 1944 година, големите три лидери на Британија, САД и Советскиот Сојуз (Черчил, Рузвелт и Сталин) вршат поделба на интереси на Балканот според кои Југославија влегува во советската зона. Избор на Москва е Јосип Брпоз Тито, и со тоа е решено кој во историјата ќе влезе како ослободител.

Во Јули 1946 година власта на Федеративна Југославија, предводена од Тито, со акција на УДБА го апси генералот Дража Миахиловиќ, и по итна постапка го стрела на 17. јули, закопувајќи го телото на локација која до ден денес не е откриена.

Југославија со Тито ја врзува својата политика и судбина со Москва, и станува дел од источниот социјалистички блок, со многу по умерена политика во споредба со тврдиот комунизам на Советскиот сојуз, Бугарија, Романија, Полска или Албанија. Но, останува надвор од демократскиот, западен свет, кој за време на Втората светска војна, се до средината на 1944. година ја поддржувал прозападната, југословенска кралска војска предводена од генералот Дража Михаиловиќ.

На 29. Март 1948 година американскиот претседател Хари Труман постхумно го одликува генералот Дража Михаиловиќ за заслугите во борбите против Германците и спасот на американски пилоти со највисок американски орден за странски офицер, Орден на честа (Legion of merit)

Тито го ценел трудот на Фицрој Меклин да ја убеди британската влада дека партизаните и тој, а не кралската војска на Дража Михаиловиќ, треба да бидат поддржани од владата во Лондон. По војната го сметал за свој пријател, и му подарил куќа на островот Корчула. Фицрој Меклин ја посетувал куќата на Корчула речиси се до својата смрт, во 1996 година.

ИНСТАЛАЦИИ НА БРИТАНЦИТЕ

Иво Андриќ

Черчил, во договор со Сталин и Рузвелт, ја препушта Југославија на Советскиот сојуз но, Британија не се откажува од потребата да има и понатаму влиание. Дел од своите инсталации британските разузнавачи наоѓале меѓу интелектуалците, и дипломатите. Ги имало помалку меѓу Словенците и Хрватите, бидејќи овие биле врзани со Москва, помеѓу останатото тие се најчесто школувани во НКВД (КГБ) и ризични за соработка. Затоа, Британија соработници почесто барала меѓу Србите кои традиционално биле блиски до Франција и Британија, и противници на комунизмот кој во Србија немал корени како во Словенија и Хрватска.

Србија формирала комунистичка партија многу подоцна од другите југословенски народи. За време на Втората светска војна комунистите воопшто немале своја партија во Србија, а имале во Словенија, Хрватска или Македонија. Комунистичка партија, Сојузот на комунисти на Србија, е формирана дури на 8 мај 1945 година со Благоје Нешковиќ како прв секретар, еден ден пред крајот на Втората светска војна. Овој антикомунизам Тито и Москва никогаш не им го простиле на Србите.

Затоа, Британците барале свои сојузници меѓу српските интелектуалци. Познато е дека Србинот Иво Андриќ, бивш амбасадор во Берлин на Кралството Југославија до 1941, добитник на Нобелова награда за книжевност во 1961 година, УДБА го следела под сомневања дека е британски соработник. Истото се однесува и за друг познат, и голем писател, Милош Црњански кој бил новинар и дипломат во Кралството Југославија, и долгогодишен емигрант во Лондон.

Црњански се вараќа во Белград речиси две децении по војната, на посебна покана и гаранција од Тито, но УДБА води педантно досие за него со сомневања за соработка со британските разузнавачи.

Јаков Давичо, еден од најпознатите новинари во Кралството Југославија, бил исто така емигрант во Лондон. Британските служби го враќаат во Југославија со цел да следи економски движења и доставува информации за нив. Во Белград го создава, и води гласилото Економска политика што му дава професионално покритие за интересирањата и движењата. Во Втората управа на УДБА е отворено посебно досие под име, Јаша Давичо, по што е следен и прислушкуван речиси една деценија.

Следењата откриле шокантно сознание за УДБА: негов главен информатор бил никој друг, туку Борис Кидрич. Со Едвард Кардељ, главниот Титов соработник за економија!

Кидрич не бил соработник по своја волја, туку бил користен за тоа. Давичо бил исклучително образуван и стручен по економските прашања, имал добри контакти кај британските и американски дипломати што на Борис Кидрич му импонирало и, така, низ чести разговори и анализи, Јаков Давичо комплетирал цели извешати од прва рака за економската состојба, планови и стопанска способност на Југославија.

УДБА најавува истарага во која ќе биде опфатен и Борис Кидрич, прво за да се испита обемот на материјалот до кој се дошло преку него, а потоа и можното свесно соработништво на тоа. Но, Митја Рибичич, преку Стево Крајачиќ успеваат да го убедат Тито да ја спречи истрагата. Никогаш не е утвдено дали Кидрич бил навистина невнимателен информатор, или соработник на Британците.

Овие извештаи биле особено важни за Британија и САД затоа што според нив се проценувало дали, и колку, Југославија е способна економски да опстане без поддршката од Москва, и во развојот на инфраструктурата и воената индустрија.

Јаков Давичо своите извешати ги прзентирал само лично, со патување во Лондон во Форин Офис, и МИ-6, зависно од темата.

По скандалот со Кидрич за информатор, УДБА решава да влезе во офанзивна акција против Јаков Давичо, со намера да го упаси и суди според член 105 од Кривичниот закон на ФНРЈ – за шпионажа!

Но, доцна е. Јаков Давичо умира половина година потоа, од леукемија.

(Vecer.mk)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk