Скопје има шанса. Ние ќе судиме дали Скопје наредните години ќе биде изолирано, или обединето. Ако ВМРО ДПМНЕ ги доби речиси сите битни скопски општини, со победата и во Скопје, градот ќе биде обединет и ќе соработува со општините. Во спротивно, власта на Петре Шилегов во Скопје ќе биде изолирана од соработка со општините, ќе гледаме кавги, бојкот и инаетење на Петрето. И ќе гледаме нова корупција, на најјако.

А му треба ли на Скопје нова поделба и изолација од останатите. Не.

Следниот викенд не чека втор круг гласање за градоначалници. Со 22:9 ВМРО ДПМНЕ победи во првиот круг и Заев, на трепавици да почне да стои, нема шанса да го смени крајниот резултат и својот пораз. Нема од кого да чека нови гласови, освен од нарко дилерите од Сингелиќ до Грчец виа Чаир, Сарај и Кондово.

Левица преку кандидатот нивни за Скопје, Перо Камиказа, порача дека нема да гласа за Петре Шилегов. За Петрето нема да гласа ни Бени Шакири, кандидат на ДОМ и ЛДП, што го кажа и јавно. За да се знае и запамти, Зоран Заев и Петре Шилегов останаа сами. Ни Левица, ни ДОМ, ни ЛДП не делеле од нивната корупција за сега да го делат поразот.

А за Заев сите што не гласаат за Шилегов се зло. Тежок збор, особено од политичар кој и плата и тоа над плата со тендерите и марихуаната го добива од сите граѓани. Да наречеш зло најмалку 100.000 скопјани, и 300.000 останати низ Македонија е голем ризик, и покажување лична злоба и омраза. Покажување немоќ и потврда за насилен карактер.

Сме имале ние многу премиери, претседатели, министри… oд ’91 наваму но, ниту еден од нив не покажал толку зол карактер, прогони, и презир кон својот народ како Зоран Заев. Никој пола од своите граѓани не ги нарече – зло. Дури ни во воената 2001.

Па уште одозгора министерот за правда, Маричиќ, преку кој оди контролата врз обвинителите и судиите, се пожали дека на социјалните мрежи граѓани им се заканувале на функционери и гласачи на СДСМ. Момакот заборавил за речникот и делата на неговата шарена револуција. Заборавил дека бараа бесење за политички неистомисленици, судења без суд туку од улица, дека кршеа глави на полицајци со бекатон плочки, дека уништуваа туѓ и јавен имот… и тоа не преку Фејсбук, туку конкретно, на дело.

Кандидатот на СДСМ за Центар, Горан Герасимовски, шпарта низ Скопје со Фрчкоски, Ѓунер Исмаил и лудион Бранко Тричковски за да биде, демек, промовиран. Треба ли на Маричиќ да му напишам едно 200 постови, изјави, навреди и закани од Фрчкоски и особено ментолот Бранко Тричковски до сите кои не се од СДСМ. Треба ли да го потсетам за повикот и наведување на убиство од Тричковски врз десетина луѓе од јавниот и политичкиот живот. Од нивниот Тричковски, кој е плаќан од нивните товени портали.

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ, за ова друштво напиша: Од повозрасните секогаш има што да се слушне и научи, благодарност до Ѓунер Исмаил, Љубомир Фрчкоски и Бранко Тричковски… Па не би те гласал во Центар Горане Герасимовски никој нормален, па макар и Каракачанов лично да ти е противкандидат.

Маричиќ заборава колку судии се сменети откако е СДСМ на власт, и тие судии од 100 обвинети 98 ги осудуваат за виновни. Затоа што тој, Заев, СДСМ и нивните од улица тоа го бараат. Заборава дека над 200 луѓе кои они јавно ги означија за политички противници денес се под истраги, по судења или по затвори. Дека и европски држави, написмено, им порачаа дека тоа што го прават се политички судења. А он, ете, се плашел од Фејсбук.

Не друже. Не се плашите вие од Фејсбук, се плашите од губење власт, а процесот како што гледате е здраво отпочнат. И прилично убедливо. На толкава корупција и Фесјбук е полн со доказите за лоповлукот и врските со нарко мафијата, полн со доказите за вашиот политички прогон кој не се заборава и простува. Уште после првиот круг почна пеење на ваши соработници за корупцијата што ја терате, да јават на време, да фатат ред…

Она што стравот ви го прави хистерија е фактот дека ни вашите не ве гласаат. СДСМ не е од вчера, знаат дека вие не сте лика и прилика на таа партија, вие сте нејзин срам. Не се откажа од вас само Бранко Црвенковски, 50.000 гласачи на СДСМ не го поддржуваат Заев и сето тоа што го прави заедно со вас, а сите вие на куп со нарко дилерите и тендерашите.

СДСМ не се Заев и Фамилијата. И не дозволуваат некој паднат од некаде за да смени уставно име сега да им ја уништи партијата за навек, да погази се од ’41 до денес. Триесет години тој СДСМ е граден за да се сроза за пет години на ова сега.

Хистеријата е дека, по падот на власта, ќе има колона од ваши тендераши и нарко дилери кои ќе се тркаат да се правдаат дека не сакале, ама морале да го прават тоа за вас. Се плашеле од вашето СЈО, од вашите полицајци, обвинители и судии… Го знаете тоа.

Каде се, после првиот круг, за гласање во вториот да повикаат главните ѕвезди на Заев: Филипче Пламенче, Радмила Шеќеринска, Мила Цароска, Никола Димитров… Никаде ги нема. Мукла. За атер на сите пари што ги собраа требаше да се појават, за поддршка, и подзаборавените ваши адути Анѓушев и Ден Дончев. Со сите нив победувате сигурно.

И кога губеше, и кога победуваше СДСМ, некои други луѓе беа слика и прилика на таа партија. Достоинствени и со усул. Без омраза. Овие сега го разјебаа за свој ќар и за штета на целата нација. Денес, различни од овие, со дигнато чело од СДСМ е и Максо Димитриевски од Куманово, и нивниот Петар Атанасов кој јавно повикува да не се гласа за СДСМ и Петре Шилегов. Немат поддршка ни од Левица ни ЛДП ни од ДОМ. Со нова кеш донација шефовите можат и да им ги прекандисаат, но нивните гласачи не.

Ниту еден гласач на Левица сега нема интерес да гласа за СДСМ. Ќе гласаат за било кој противник на СДСМ, особено против Петре Шилегов, и ќе туркаат што поголем пораз и смена на Заев. Ова го порача Апасиев, кога ја објави стратегијата на Левица за после овие избори па натаму. Неговиот план е пад и тотално разбивање на овој СДСМ. “Пасокизација“ рече Апасиев. Судбина на ПАСОК во Грција кој денес е лево сметало таму. Апасиев Левица ја гледа за нова Сириза, преземање на гласачите од СДСМ и изградба на лева опција без хипотеки со корупција и нарко дилери.

Ја разбравме пораката, во паника објави Заев ноќта кога се виде дека убедливо загубиле. Ништо во СДСМ од утре нема да биде како досега, рече. Мислам дека ни Коста Манулаќ кој едвај помина во Стрмица не му верува на шефот. Ова е трет пат Заев да ветува “метла“ во партијата. После првите две метли му се случија најголемите корупции. Што значи, заборавете. А,освен тоа, ако секоја година ти треба “метла“ во СДСМ, што ќе ти е таков.

Ја разбравме пораката и казната од гласачите, рече Заев, и кажа дека ќе го поддржат Мерко во Струга. Мерко, единица мерка после Петре Шилегов и Константин Георгиевски од Охрид за корупција во локална власт. Па ти сега види колку е пораката разбрана 🙂 освен ако не е разбрано дека мора да се чуваат корумпираните градоначалници до последен здив, инаку корупцијата на СДСМ и ДУИ ќе нема со кого локално да соработува.

Дека не бива ништо друго од оваа власт отколку тоа што го гледаме денеска, потврда се и новите скандали дека во пратка на дипломатска пошта на МНР фатен е шверц на алкохол и цигари. Шилегов и неговиот пајташ од Универзална сала потрошиле 150.000 евра за сценски настапи, а Универзална сала четири години е затворена! Нивниот градоначалник од Бутел пред избори премолчел што нарко дилер узурпирал државно земјиште за свои градежни потреби. Така функционира нати-дајми тимот на СДСМ со нарко дилерите.

Шилегов, дознаваме деновиве, потрошил 10.169.487 денари за обезбедување школи во време кога наставата беше онлајн, а школите – затворени. Шилегов на 11.02.2021 договорил 130.000 евра градски пари на маркетинг агенција од Скопје која сега им работи за избориве. Не бе, можат и сто метли да обеќаат, од нив друго не може да биде.

Молете господ Заев д го одржи зборот, и да даде оставка. Да има нова влада околу Нова година. Најавија тешка криза и рестрикции на струјата, и големо покачување на нејзината цена. Не чека мрак и студ со овие. Ги видовме во кризата со короната колку ги бива. Дури и тогаш стегнаа корупција со вакцините. Не мислеле на време дека РЕК Битола нема јаглен, не резервирале струја за купување… Ќе биде мноооогу тешко. Не мислеле, немале време додека Шеќеринска, Шилегов, Мила Цароска, Филипче… градеа нови куќи за себе, а Фамилијата беше посветена на плантажите со марихуана и политички прогони.

Затоа, да си ги гледаме ние своите потреби и интереси. Да ја смениме ваквата власт од која и нивните функционери и гласачи се откажуваат. Шилегов има повеќе гласови само во Сарај, Чаир и Шутка, дури и во Карпош загубил во првиот круг. Кај што можел да плати.

Не верувам дека ниту еден скопјанец, млад кој сака жив и функционален град, домаќин или жена што знае како се води фамилија, не посакува власт во Скопје која е изолирана, во кавга со скопските општини наредните четири години. А без соработка на градот Скопје со општините хаосот и проблемите се секојдневни. Изборот е помеѓу корумпиран лик и госпоѓа која е манаџер. Изборот е помеѓу тензии и поделби, и обединето Скопје.

Финале би било вратата од владата, кога ќе заминува Заев, да му ја отвори Крсто Мукоски, а пред влада да ја чуе “Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро…“ Филмски крај .

(Д.П. Латас, 25.10.2021)