logo
logo
logo

Вечер тема

Зошто по 20 год. НАТО излегува од Авганистан и Ал-Каеда дава интервјуа за CNN?

Vecer | 03.05.2021

Зошто по 20 год. НАТО излегува од Авганистан и Ал-Каеда дава интервјуа за CNN?

Овој викенд се одбележа десетгодишнината од убиството на лидерот на Ал-Каеда Осама бин Ладен кој се смета за главен организатор на нападот врз САД 10 години порано, во специјална операција на американските командоси во Пакистан.

Денес, Ал-Каеда сигурно повеќе не е терористичка организација која изведува напади од вакви размери, но групата е сè уште активна, и беше особено активна (и сè уште е) во Сирија каде што работи под името Фронт Ал-Нусра (и други имиња).

Но, за нападите во Сирија и беше „прогледани низ прсти“ на Ал Каеда, бидејќи беа насочени против „режимот на Башар ал Асад“.

Покрај тоа, екстремистичките милитанти во Сирија со години се отворено поддржувани во борбата против меѓународно признатите власти, а тоа е случај и денес (особено во областа Идлиб, каде турската армија ги контролира и милитантите).

Сега, десет години откако во операција беше ликвидиран Осама бин Ладен (за самата операција САД никогаш не дадоа конкретни детали на увид, а телото на Осама бин Ладен според нив било фрлено во морето), американски Си-Ен-Ен посочува дека добиле ексклузивно интервју со двајца членови на Ал-Каеда кои, како што тврдат, биле водени преку посредници.

[caption id="attachment_859893" align="alignnone" width="853"] Насловна страна по американската акција за ликвидација на Осама Бин Ладен[/caption]

Ова е малку чудно затоа што Ал-Каеда, низ сите години на своето постоење, нема дадено интервју за западните медиуми.

Секако е интересно што ова интервју, а деталите ќе ги разгледаме наскоро, доаѓа во време кога главната тема во САД и пошироко е моменталното повлекување на американската војска од Авганистан по 20 години војна.

Да потсетиме, по терористичките напади врз Соединетите држави на 11 септември 2001 година тогашната администрација на претседателот Џорџ В. Буш започна инвазија на Авганистан во потрага по Бин Ладен, но со цел, патем, и да ги собори талибанците.

Тие не го најдоа Бин Ладен во Авганистан, но ги срушија талибанците кои, иронично, се здобија со моќ и власт создадаени Западот како организација која би се спротиставила против СССР и социјалистичките власти во Авганистан во осумдесеттите години од минатиот век.

Што правеа САД во Авганистан овие 20 години, што е најдолга војна во американската историја?

Соединетите држави изгубија околу 2.420 војници за 20 години, според официјалните податоци, што е околу двојно помалку од бројот на жртви во Ирак кој го нападнаа во 2003 година - со образложение дека бараат бојни отрови и  „оружје за масовно уништување“.

Тоа беа години на американската офанзивна војна.

[caption id="attachment_859899" align="alignnone" width="852"] Претседателот Бајден на гробишта каде се погребани американски војници[/caption]

Некој ќе рече дека целта била, како што би рекол поранешниот американски претседател Доналд Трамп, „грабање на нафта“.

Други веруваат дека офанзивите имале за цел инсталирање на американско влијание во критична геополитичка област на светот, особено што еден од првите договор на Авганистан беше изградба на нафтовод/гасовод од Казахстан преку Авганистан кон западниот свет.

Можеби сите теории заедно даваат единствено објаснување, но едно е сигурно - американското влијание во Авганистан ќе се намали по повлекувањето на војската, особено ако тоа навистина е целосно повлекување (администрацијата на Бајден тврди дека ја повлекува целата војска до 11 септември годинава).

Да го разгледаме случајот со Ирак.

Американската војска делумно се повлече од таму, во моментот има приближно ист број војници во Ирак како и во Авганистан, околу 2.500, ако не ги сметаме тука “приватното обезбедување од САД“ кое го плаќа Авганистан, но влијанието на САД врз Ирак сигурно се намали.

Всушност, може да се тврди дека иранското влијание во Багдад сега е поголемо благодарение на американската инвазија (бидејќи Садам Хусеин беше смртен непријател на Иран).

И затоа Ирак е една од причините зошто некои во американскиот политички естаблишмент силно се спротивставуваат на повлекувањето на трупите од Авганистан.

[caption id="attachment_859895" align="alignnone" width="845"] Повлекување на трупи од Ирак[/caption]

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, и поранешната советничка за национална безбедност на администрацијата на Буш, Кондолиза Рајс изразија загриженост за военото повлекување на САД од Авганистан, а Рајс дури рече дека американската армија можеби „треба да се врати назад“.

Зошто војската би се вратила во Авганистан?

Само во еден случај - дека ситуацијата по повлекувањето не оди добро за САД. Како и да е, да погледнеме што велат наводните официјални лица на Ал Каеда за ова во интервју за Си-Ен-Ен.

„Војната против Соединетите држави ќе продолжи на сите фронтови, освен ако не бидат протерани од исламскиот свет“, рече наводен член на групата.

Во интервјуто тие ги пофалија талибанците и фактот дека им давале отпор на Американците во Авганистан сите овие години.

Значи, тие сугерираат дека би можеле да се поврзат со талибанците. Дали е ова можеби сценарио во кое американската војска се враќа во Авганистан како што веќе навестува Кондолиза Рајс?

Администрацијата на Бајден, пак, може да се пофали дека наскоро ќе заврши една од „вечните војни“.

Неговиот државен секретар Антони Блинкен во интервју за медиумите рече:

„Влеговме во Авганистан пред 20 години затоа што бевме нападнати на 11 септември. Влеговме да се справиме со оние кои нè нападнаа на 11 септември и да се осигураме дека Авганистан повеќе не може да стане упориште на тероризмот насочено против САД или нашите сојузници и партнери. Ние ги постигнавме целите што си ги поставивме на самите себе".

[caption id="attachment_859892" align="alignnone" width="847"] Принт скрин од видео од 19 јуни 2001 кое покажува припадници на саудиската Ал-Каида на Осама Бин Ладен како вежбаат со Калашњикови AK-47[/caption]

Што точно е постигнато?

Со талибанците беше постигнат договор во февруари минатата година, а талибанците ветија дека ќе ги раскинат врските со Ал Каеда.

Дали Вашингтон навистина ќе ги земе во предвид талибанците во врска со прашањето за Ал-Каеда, која, ако интервјуто е навистина веродостојно, веќе ги фали своите „талибански другари“?

Покрај тоа, во интервјуто, претставниците на Ал-Каеда се фалат дека имаат силни односи со ТТП (талибанците во Пакистан), како и со авганистанските талибанци.

Тие исто така прогласија победа во Авганистан - „Американците се поразени и заминуваат“, велат тие, правејќи паралела со поразениот СССР, кој исто така се повлече од Авганистан по долга војна.

Покојниот Осама бин Ладен веруваше дека Советскиот Сојуз се распадна во Авганистан до банкрот. Денешните наследници на Ал-Каеда веруваат дека истото ќе се случи со САД сега.

Факт е дека САД потрошија милијарди долари на војни во Авганистан, Ирак и на други места, но тие не доживеаја економски колапс поради тоа.

Наместо тоа, може да се каже дека Ал-Каеда е таа што пропадна бидејќи е заменета на „сцената“ во последните години од уште поекстремната терористичка организација наречена ИСИЛ.

Но, ИСИЛ исто така е во голема мерка поразен, и ИСИЛ е исто така сомнителна организација кога станува збор за нивното појавување. Засега не се знае многу како се појави ИСИЛ, но факт е дека тој е „создаден“ во време кога беа потребни екстремисти за војната во Сирија.

Актуелниот лидер на Ал-Каеда, Ајман ал-Завахири, кој го наследи Осама бин Ладен, никогаш не бил познат како харизматичен водач.

Само повремено, ретко, се појавува со пропагандна порака.

[caption id="attachment_859891" align="alignnone" width="845"] Ајман Ал Завахири, наследникот на Бин Ладен на чело на Ал-Каида[/caption]

Но, Ал-Каеда сè уште се смета себеси за водечка група меѓу глобалните џихадисти. Нивните ограноци работат денес во Јемен, Сирија, Сомалија, низ Северна Африка и на други места.

Следното место каде што тие би можеле повторно да живеат може да биде Авганистан по повлекувањето на Американците.

Како Бајден има намера да осигури дека талибанците ќе го одржат својот збор и „нема да се дружат“ со Ал-Каеда?Многу тешко.

Понатаму, талибанците се надеваат дека ќе се вратат во за нив „добрите 90-ти“ штом си заминат  Американците. Тоа секако е нивната цел, повторно да станат власт, што нема да биде лесно, иако тие сигурно имаат основа за продолжување на борбата.

Во моментов, според некои проценки, околу 4,7 милиони луѓе во Авганистан живеат под контрола на талибанците. 14 милиони живеат на територија контролирана од централната власт, но други 14 милиони се некаде помеѓу два пожара.

Едно е за жал сигурно, заминувањето на американската војска од Авганистан сигурно нема да биде почеток на мирот и просперитетот.

Ќе биде интересно да се види што ќе прави Кина, затоа што Авганистан е стратешки важна зона во нејзините долгорочни планови за поврзување на Евроазија и им треба стабилен Авганистан - што значи дека САД, кои ќе ги штитат своите и ќе се обидат да ги спречат кинеските интереси, можеби немаат за цел стабилност во Авганистан, и можеби тоа е една од причините зошто тие се повлекуваат.

(Vecer.mk VIA)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk