logo
logo
logo

Понеделнички

Од Галичник до Река

Vecer | 07.11.2021

Од Галичник до Река

Се чека и формално падот на оваа власт која никој не ја сака, па дури ни сами себе не се сакаат. Во СДСМ заклучија дека не загубиле само од ВМРО ДПМНЕ, туку и сами од себе. Најболно е кога ќе ти излезе пред очи дека и на децата дома си им се огадил, тогаш е стварно тиња работата. Крај.

Мене најмногу ме интересира што ќе биде со струјата, пошто ние немаме ни гас ни бутур за енергија освен струја и крадени дрва по дампинг цена. Како што најавуваат експерти од надвор, стручни и паметни, а потврдуваат нашиве што се разбираат во тоа, Македонија е ем пред банкрот, ем пред гасење на светлото. Очекувам Чом и Сашо Орданоски да го изгаснат последни светлото кога Заев ќе си замине од Илинденска. Во нашава ситуација со очекувани рестрикции, ќе можат само да ја дувнат свеќата за фајронт.

Заев ќе си оди а зад себе, и тоа буквално, ќе остави мрак, студ и очај. Македонија нема јаглен за РЕК Битола, сакаат да купат скоро милион тони јаглен преку ноќ. Милион тони, за што се потребни близу 1.000 камиони. И никој не им продава. Слушам ќе купеле од Црна Гора. Од Црна Гора, еј! Они ќумур ни за скара во сезона немаат и, нормално, ќе има црногорски посредници а ќуморот од Босна. Пак корупција. Како за кинеските вакцини.

Грција не дава, а и Косово, за кого Македонија толку направи па и се скара со Србија, не дава ќумур за нас. Толку од нашите албански политичари на чело со Заев кои се колнат во Косово и Рамуш Харадинај. Ништо од тоа. Се сликаа со “оној“ Рамуш Харадинај од Жолта куќа на отварање на Ист Гејт трговскиот, и се разотидоа секој по свој бизнис.

Така што, најголем извоз од Косово во Македонија се уште се командантите и УЧК. Нешто друго од таму не влезе освен хероин, особено ако е адресиран за Грција и понатаму во Европа. Марихуната од тука им ја даваме како бартер компензација. Затоа Али Ахмети се промовира како “зелена партија“, го потсеќа на марихуана и долари. А на што друго?

Стаса абер дека владава на СДСМ, ДУИ и Заев ќе падне, дали сами ќе се распуштат дали новото парламентарно мнозинство ќе ги исфрли од Илинденска, сеедно. Работава е ил’ ќе ми даеш, или ќе те ебам, па ти види. Се касни со оставката на Заев пошто се во тешка дилема дали да се даде на хартија, или согласно дигитализацијата на Мила Цароска да се прати по мејл. Заев би ја дал уште вчера, ама Али Ахмети не му дава.

Кај ќе најде Али ваков бизнис партенр како наш друже Зоки? Нема ни на Косово. Со Али во хор плачат по Заев и соросоидите. Измкнаа над 30 милиони евра од власта за овие пет години за своите “експерти“, портали, медиуми, проекти, фондации, кампањи... Не се бореле на избори, ама соросоидите имаат и министерка во владата која никој не ја видел ниту ја знае, но им врши работа со плаќање за проектите од “интерес за културата“. Знаете ли како се вика министерката за култура? Тешко.

Само не ми е јасно “невладините“ што се напикаа во влада, сега кога ќе падне власта пак ли ќе си бидат “невладини“, или ќе баталат пошто ќе го нема Заев да ги финансира.

Стравот станува хистерија. Нивната хероина Шкодране Дардишта, од ДУИ, најави дека ќе ги земеле од таван чизмите и ќе имало и војна ако паднеле ДУИ.

Ни мање ни више, Шкодране Дардишта најави војна во држава членка на НАТО.

Соодветната госпоѓа Шкодране од ДУИ инаку до лани била директор во Клинички, а е член на одборот на директори во Телеком. Државава ја плаќа. Стручен лик, за општа намена. УЧК влезе во Македонија за да ги земе тендерите и бизнисите од ДПА и Мендух Тачи. Од март до мај таа 2001 година јавно се препукуваа дека Тачи бил корумпиран и шверцувал со Косово, а Тачи им одговараше по телевизии дека Али Ахмети и тие се криминалци што останале без плен на Косово, дојдени за криминал е не за политика.

Еве ги сега тој Мендух Тачи и Али Ахмети во коалиција. Шкодране не е во тек и со фактот дека за 20 години откако е ДУИ на власт општини каде се мнозинство Албанци, а на власт ДУИ, не видоа никаков аир ни благодет од Али Ахмети. Ги кити со албански знамиња, им кажува народни умотворини, им дига свои споменици ама амбуланти, школи, пат... нема. И така, 20 години. Затоа, нарко дилерите се под заштита на Али Ахмети токму во општините со мнозинско население Албанци. Он ги штити, они плаќаат, сите задоволни. А вие китете се со знамиња и плаќајте сметки од спомениците на УЧК и Али Ахмети.

ДУИ, од тие причини, е фокусиран на полиција, обвинителство и судство. Треба корупцијата некој да им ја покрива, а ако корупцијата е од СДСМ да дојде кај нив и да замоли за услуга кај фиљан обвинител и судија да се среди работата. Услуга бараш, после услуга ќе даваш.

ДУИ контролира полиција, особено дрога и економски криминал. Има свои 106 директори по државни фирми, 206 членови на Управни одбори, 3 члена на Совет на обвинители, 7 виши јавни обвинители, дури 7 судии во Врховен суд, 2 судии во Уставен суд, 7 судии во Управен суд... а Шкодране се заканува војна ќе имало ако паднел ДУИ. Па државата на која и се закануваш ја води ДУИ, Заев и СДСМ се тука извоѓачи радова и бизнис партнер.

За ДУИ и Шкодране сите Албанци, надвор од штабот во Мала Речица – не се Албанци. Само они од ДУИ се Албанци, и тоа по професија. Ако паднел ДУИ, паѓале Албанците. За таквите како Али Ахмети и Шкодране Дардишта, сосе нивниот Рамуш Харадинај албанскиот премеир Еди Рама имаше една изјава која не би ја цитирал, за да не ги навредам, си знаат они која е.

Него, кога Шкодране Дардишта се заканува со чизмите на таван и пушките од 2001-ва у подрум, редно е да ни каже ги чуваат ли и автобусите што под странско покровителство ги евакуираа поразените од УЧК од Арачиново. Тие автобуси се историја, треба да се чуваат.

Другиве Албанци, што не се од ДУИ, имаат други планови. Го сакаат она што ДУИ 20 години не им го даде: еднаквост, нови школи, градинки, образование, патишта, вистински а не киоск болници во кои ќе горат, сакаат добра плата и пензија, сакаат децата да им се навлечени на книги и компјутери, а не на хероин и на бело. Сакаат поштен водовод во Тетово за кој државата плати, а ДУИ со пајташите на Бучковски премеирот го украде и ден денес го нема. Сакаат промени.

Како што сега, пак во влада на СДСМ, и Албанците и Македонците гледаат како Заев им го украде автопатот Кичево-Охрид кој ВМРО го почна, а потоа пет години СДСМ и ДУИ го држат во хибернација и лапаат тендери. Во римско и турско време, рачно, 40 километри Виа Игнација е градена за три години, СДСМ и ДУИ не се ни на пола за пет години.

И затоа не ме чуди кога Турците ни се потсмеваат: Абе ние името македонско ви го чувавме пет века, вие за две години на власт со Заев го изгубивте.

СДСМ и ДУИ не се сетија да ги известат во Брисел и Вашингтон дека Грција ниту една точка од Преспанскиот договор нема извршено. Ни на таблата за влез во Македонија не стои Северна. Зошто? Америте и Брисел се известени дека 20% од буџетот секоја година е предмет на корупција. Тоа се скоро милијарда долари, што и за Брисел е крупна пара.

Од Брисел прашуваат, има ли кај вас Закон? Ако има, кој ќе одговара што Македонија украла струја од европската енергетска мрежа за што државата ќе биде казнета со 15 милиони евра. И тоа пред избори. Се исплашиле во СДСМ да не гласаме против власта во мрак. Заради нечија одлука од власта ќе платиме 15 милиони евра државни пари, за сторен криминал. Ако тоа не е за апсење според член 353 од КЗ, за злоупотреба на службена положба со огромна штета и загуба за буџетот, што е?

Е тука е сега заебот. Во Член 353 од КЗ. Министерот Маричиќ уште во март годинава најави дека ќе се менува член 353 од КЗ, за злоупотреба на службена положба по кој одговараат сите вмровски функционери по прогонот од СЈО. Маричиќ и СДСМ спремаат промени во тој закон со намалување на казните и олеснителна квалификација за делото, да се обезбедат себе од идни судења. Но, ако падне владава, нема ништо од тоа. Црно им се пишува.

Затоа, со нетрпение чекаме пад на власта. Чекаме и ние, чекаат и странциве. Прашањето е само дали ќе биде по оставка на Заев, што му дава надеж за поблаг третман, или сите 61 потпишани пратеници на барањето за оставка на владата ќе го изгласаат потпишаното и лично во Собрание. А како одат деновите многумина од кампот на СДСМ и ДУИ се со ниет им се најдат на новата власт. Никој не сака да трпи лично за корупцијата на владата.

Да беше сигурен Заев дека има 61 пратеник одамна ќе поднесеше оставка, но не е.

Штета што Заев не може сега да пикне едно 6-7 пратеници од ВМРО во апсаана, и да си ги извади од притвор за да гласаат за него. Како што си направи за Северна.

Полтроните од типот на Златко Ориѓански, кои со завршено вечерно средно школо добија функции по странство, се во колапс. Плачат и се слуша од Галичник до Река. Бладаат. Еве што пиша ликот кога ја видел сликата со новото парламентарно мнозинство:

“Ние не смееме да се предадеме. До псоелдниот човек, до псоелдната мисла, до псоелдниот здив не смееме да се предадеме на овие дебили, седнати таму на масата. Ние тоа не сме, ние сме океан на лепота, модерност, нежност, доброта и визуленост“ напиша Зчатко Ориѓански, апологетот на Заев и СДСМ, на функција платен од државни пари.

(Д.П. Латас, 08.11.2021)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk