logo
logo
logo

 Славески:

„Никој нема контрола врз буџетот, неодговорноста на власта во енергетиката ќе доведе до поголема сиромаштија“

Vecer | 08.11.2021

„Никој нема контрола врз буџетот, неодговорноста на власта во енергетиката ќе доведе до поголема сиромаштија“

Никој нема контрола врз државниот буџет, а со цела консталација на работите со нереално довезување јаглен, мазут, ситуацијата со празнење на буџетот ќе продолжи, а тоа ќе значи помалку средства за инфраструктура, образование, односно сиромаштија заради неодговорност, изјави проф. Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во Анализа на Телевизија 24, говорејќи за енергетската криза и тоа што власта троши милиони за земање на струја од европската енергетска мрежа.

- Преку ноќ за само неколку дена се отидени над 25 милиони евра од буџетот, никој нема контрола врз буџетот. Ние денеска од базниот производител немаме електрична струја, се снаоѓаме како можеме од европската енергетска мрежа, но тој таксиметар само отчукува и плаќаме казнени цени кои ниедна земја во Европа не ги плаќа за набавка на електрична енергија, рече Славески.

Според него доколку се продолжи со ваквото празнење на буџетот заради набавка на скапа електрична енергија, заради нула домашно производство долгот на државата ќе расте и додаде дека нереално проектираниот буџет на владата тоа нема да може да го покрие.

Во однос колку тоа владата работи неспособно и неодговорно тој ја посочи и политиката кон странските инвестиции потенцирајќи дека ние заостануваме во странски директни инвестиции позади сите земји во регионот и фактите го говорат тоа.

- Оваа влада го напушти моделот од претходната влада, но нов не понудија. Додека германските инвеститори минатата година со оцена нула ја оценија политиката на оваа влада за привлекување на инвеститори, нагласи Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk