logo
logo
logo

Агим Јонуз

На есен сме наебале к'о жути

Vecer | 06.08.2021

На есен сме наебале к'о жути

Ние уште сега сме наебале, ама не сме информирани, пошто ни пуштија малку вода под газ да се избањаме по горештиниве. Утешение грешним. И сето тоа со попуштањето и либерализацијата да мрднеме не го направија ради нас, луѓето, туку да си ги спасат колку – толку туризмите и индустриите.

А реално на терен, работава е ‘‘врвка‘‘! Никој не може да ме разубеди дека третата светска војна е во најголем ек, ако се земе предвид дека ‘‘големиот ресет‘‘, пандемијата и манипулацијата со слободата на движење во светски рамки, не е толку добро стратешки измислена. Да! Третата светска војна е во експлозија, е сега, никој не е крив што многумина војната ја замислуваат како ‘‘ партизани – германци‘‘ филм. Ова е за добро информираните експлицитен модел на биолошка војна.

Ние во Македонија сме шупакот на светот. Каков ‘‘папок‘‘ бе Венко ( Андоновски), ние сме држава во која папокот е ‘‘виша математика‘‘. Не се праи ‘‘Француз‘‘!

Македонија падна на сите можни испити освен на еден. А тоа е, да се води политика ради политика. Народски речено, тоа е исто како кога седиш на маса, и еден тип збори два саата а ти на крај се прашуваш ‘‘ што сакаше да каже овој бе‘‘! Битно, на масата се јадело, пиело, онаквело испод стола, а времето не прашуе кој е на маса, него саатот си го свртел кругчето што би се рекло ‘‘ од дванајс‘ ..до дванаесе‘‘.

Не знам зошто нешто ме тера да спомнам во колумнава едно прашање. Тоа е, а зошто некаде натаму накај Шар плланина не испадна ни еден пожар? Знаете зошто!?! Затоа што тој што таму ќе го фатат дека подметнува пожари, самите ќе го најдат и ќе му исечат раце. Каква ‘‘истрагата е во тек‘‘, бе !...

Нејсе, најавувањето дека од после одмори ќе биде многу заебано на поле на короната отвара широк океан за манипулација на политичко поле. Кој како сака и што сака ќе прави, зошто ќе има подлога за тоа. Докторите ќе бидат главни фраери по медиумите, а механизмите кои се во рацете на политичарите ќе доживуваат ренесанса. Капак на тоа попис, избори, ташаци!

Обичниот граѓанин може само како теле да гледа у шарена врата и да вика ‘‘ мууууу‘‘!

Македонија во кризно време е како риба во вода. Велат, ‘‘мокар од вода не се плаши‘‘, така да Македонија сама по себе е ‘‘криза‘‘. Ако биде се во ред, нешто ќе ни фали. Не сме навикнати да е се во ред. Уствари, ние во Македонија и не знаеме што е тоа и како изгледа. Да знаевме, ќе се потрудевме да се дрѓиме до тој модел на држава. Ако сме држава ( не реков не сме де, wink,.. wink).

Од есен се враќаме на филмот ‘‘ ајмо Јово на ново‘‘ по многу основи. Не верувам дека повторно ќе не затворат ко мајмуни у кафез, ама барем ќе не пуштат ‘‘пред кафез‘‘ како крелиња со ограничености чекајки да не шиша берберот ‘‘ Аламброс‘‘ ( стара класика до уши).

Интензитетот на гнев, очај, депресија, само ќе расте, а тоа ќе биде перфектно поле за ‘‘ПР‘‘ мајсторите на султанатите да знаат што да му пласираат на народот во смисла ‘‘ дај му го она што сака да го чуе‘‘, додека државата во своето тонење ќе биде во амбиент како во филмот ‘‘ Титаник‘‘, кога бродот тоне, ама оркестарот свира на ќемане за да биде ‘‘ на нивоу‘.

Село гори, а баба се чешла. И тоа го надминавме! Село гори, а баба прејде и дунда да драпа!

Ќе удри еден ‘‘летен пљусак‘‘ и Бог ако не луѓето ќе ги изгаснат пожарите. Што не може и да сака да изгасне? Не може да ја изгасне мизеријата што ја носиме во себе. Ти да не можеш да држиш под контрола една мала државичка како Македонија, па носи се бре у пизду материну.

Не заслужуваш ни држава ни мржава. Не постои ниво на кое нешто функционира како што треба. А, како да функционира кога има апсолутна диселекција на кадри по институциите, кога се е по партиска линија контролирано до ниво на ‘‘Коза Ностра‘‘. Патриоти!?

Максимално ќе ја употребам привилегијата на имиџот во јавноста дека сум простак и ќе вриснам до небо:

‘‘ ма да ве ебам‘‘! ( ова го мисли секој втор ама нема Г‘с да каже јавно)!

И да се вратиме на темата. На есен сме наебале ко жути. Она што претходно го минувавме ќе се врати и тоа надополнето со уште поголем очај, со долгови, невработеност, бес, исфрустрираност и неспособност да си го организираме животот. Во овој кус период на ‘‘слобода‘‘ не само што не успеавме некои работи да оправиме, туку згора и ги потрошивме резервите.

Бројот на починати ќе расте рапидно, ама никој нема да каже јавно дека тоа е од инфаркт, од мозочен удар, од карциноми след нездрав живот, од стрес, од чир на желудец. Сето тоа ќе биде употребено како статистика за да се води јавниот човечки ментум кон она што е потребно за да се биде ‘‘горе‘‘!

Дали локално, регионално, геостратешки. Биолошката војна ќе доживее што би се рекло со партизански јазик ‘‘ четврту офанзиву‘‘!

А, тоа што ние не знаеме да водиме и да си организираме државичка!? Се сеќавате на онаа парола од филмот ‘‘Професионалац‘‘ вика ‘‘ није Милошевич крив – ми смо говна‘‘! Арно ама, вака – така тие дојдоа да ни помагаат. Во неколку случаи. И тоа како на земја НАТО членка во која Америте си прават пикник на Криволак додека гори држава, а не пуштија ни една цистерна, па не дај боже авион за гасење пожар. Ма кој не ебе нас коа сме мајмуни.

Се обидувам да не бидам во колумнава некаква ‘‘ плачипичка‘‘. Е ај не биди! Ајде, ти читателу демантирај ме. Или мојот грев е во тоа што ја гледам вистината во очи и ја претставувам на хартија.

Од после одмори ( од наесен) се враќаме во филмот ‘‘ Амаркорд‘‘. Што би рекле босанците ‘‘ не зна се ко је кога јебо, а ко је кога туко‘ ‘‘. Ма, јесте болан, али смо сви некако ‘‘ јебани‘‘.

И тоа со најава дека нема скоро да излеземе од под јорганот на менталната чума на манипулации, полувистини, какафонии, рестрикции на движењето, мислата и умот.

И тоа полугладни, грогирани, невработени, задолжени... арно ама има и една уличарска фраза која е оптимистичка сепак. Вели, ‘‘ не могу они нас јебати колико ми можемо издржати‘‘ !

Ебем ти живот! Ај, ќути и пливај! Има и бетер! Македонска утешителна фраза, одвратна.

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk