logo
logo
logo

Агим Јонуз

Македонија нема иднина

Vecer | 06.05.2022

Македонија нема иднина

Нема младина. Да, има млади луѓе, ама нема  ‘‘младина‘‘. Можеби некој ке рече дека бладам, но реално, имаме само ‘‘партиски омладинци‘‘ во рамки на политички партии кои со самото свое делување и со самото свое постоење создадоа само инвалиди во однос на љубов и лојалност кон државата. Не создадоа нешто што се вика ‘‘рипаме за татковината‘‘ кога и да е, каде и да е сите на купче кога ке се спомне Македонија. Тоа е еден феномен кој го имаше во СФРЈ. Тоа во Македонија е мисловна именка.

Еден куршум да пукне во Македонија јас ви гарантирам дека 90% ке фати ‘‘ тутањ‘‘. Додека постарите си играа демократија и вежбаа држава, ја уништија клучната компонента за една држава, а тоа е да негуваш младина на која можеш да се потпреш. Не и вбризга на младината доза љубов и надеж дека не за џабе си ја сакаат татковината. Дека имаат за кого и зашто ‘‘ да рипнат‘‘ ако треба. Се е само фолклор и кореографија за медиуми. А, што очекуваш од држава во која не само младо, него и старо сака да бега.

Младите во Македонија имаат ‘‘тро‘‘ дупли хендикеп. Прво, како што викаат старите, денес младите се раѓаат со факултетска диплома, што би се рекло не се глупави и гледаат дека не ја бива државава. Тие гледаат дека државата е уствари на некој начин ‘‘веќе распадната‘‘ ама е ‘‘врзувана со жица‘‘ од сите страни за да функционира како-така. Интернетот си го прави своето. Паралелата со се она што на некое друго место функционира додава само дополнителен очај кај младите гледајки како светот на домашните ‘‘елити‘‘, државници, политичари и квази национални херои е еден издуван балон на неспособњаковичи и лузери.

Македонските млади се поделени како и поколенијата пред нив. Ген е тоа. Не можеш тоа да го смениш. И наместо политичкиот естаблишмент да работи на тема ‘‘ деца, ова е само еден период кој мора да се мине, се ќе биде во ред‘‘, упорно се работи на инсталација на само некакви идни копии на политички олош, на политичари кои се бават со политика поради политика, а не поради државата и нејзиното добро.

Се работи само на инсталација на ‘‘безбедна иднина за избрани‘‘, наместо на сите оние млади кои чекаат автобус за да одат на школо, додека пред нивни носеви минуваат нивни врсници со гарантирана иднина, диплома, позиција. Зборуваме генерално. Секако дека има и поинакви.

Но, математиките во главите на сите тие млади луѓе кои со една рака гледаат на Google, со друга мењаат канали да гледаат вести, со едно око гледаат обезбедени врсници, а со друго око очај кога ќе погледаат пијан татко, деморализирана мајка, истетовирана сестра и помал брат кој изел ќутек у автобус од некој врсник кој не е македонец,.. Тие математики поставуваат само едно прашање. Тоа е прашањето ‘‘каде живеам‘‘!? А, зошто тука живеам!? Кога згора на се, а интоксициран со национализам, ( не реков вроден, инсталиран е), прашањето кога и каде ќе бега станува единствено прашање со кое се буди и заспива. И, сакаш да размишља за ‘‘татковината‘‘!?! Да простите ‘‘го заболе курац‘‘!!!

Албанската младина е во друг филм. Можеби по некој од постарите генерации водени од ‘‘Братство-Јединство‘‘ филмот и ќе се загрижат за државата обидувајки се да бидат конструктивни, ама ако земеме во предвид дека од двеиљади прва до денес поминаа дваесет години, тоа се веќе дваесет генерации информирани дека тука се леела крв за каузата, а таа вели дека до онаму каде што има албанци, до таму е етничка Албанија.

Не само кај албанската младина, и кај македонската постои феноменот на ‘‘чија е државата‘‘. Прашање на која политичарите не успеаја и сеуште не успеваат да им објаснат на младите дека таа е пред се нивна без оглед на тоа на која страна и припаѓаат и на која политичка партија. На кое име и презиме!

На која вера и етничка припадност. Капак на се е се поголемата верска антагонистичка рошоминијада без оглед на тоа што кај младите постои пораст на атеистички и современи погледи. Албанската младина за разлика од македонската има еден условно да го наречеме позитивен елемент. А тоа е, албанчето не го предава албанчето, за разлика од македончето. Тоа го имаат и србите, но не и македонците. Тоа е реалност , па дали некому одговарала или не.

Македонија нема иднина овака, ама една работа има. А, тоа е политичка стока која работи на изградба на кариера, а не на силно и емотивно чувство на државност, на ‘‘Pro patriam vitam damus”! Нема ни да има во догледно време. Се додека не излезе некој мајчин кој ќе рече ‘‘стоп‘‘! Не може вака. Не може да бидеме среќни што НАТО ни ги чува границите, туку треба да ги чуваме пред се – сами! А, кој да ги чува, кого изродивме и кого спремивме за тоа. Младината!?! Таа додека го чита овој текст ( ако го чита ) во себе си вели ‘‘мрш бе стари у пичку лепу материну‘‘, кажи кај да бегам од овдека! Носи се у курац!

Трагично. Ако грешам, нека изгорам.

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk