logo
logo
logo

Понеделнички

Корупција во 100 лекции

Vecer | 28.11.2021

Корупција во 100 лекции

Кога ќе помислам на она време на режимот, ми олеснува со демократијава. Таа си има своја цена, а ние треба да ја платиме. Е сега, скапо било, скапо е. Демократија е тоа. Ние не сме знаеле што е демократија па сега, ете, можеме да ја видиме со свои очи. Марихуана, пасоши за нарко дилери, корупција до плафон, апсења и судења по нарачка, државен рекет, купување пратеници, провизии од увезена струја кога домашната намерно се остава без ќумур и мазут, неказнети убиства по улици, етнички вработуавња без одење на работа, затварање фирми, прогон на новинари и цензура на медиуми, луѓе што горат по болници и автобуси, не се набавуваат вакцини ако нема провизија... Тоа е демократија. Нашата.

Него, кога сме кај палењето луѓе, при последново со запалени 45, или 46 патници во автобусот на Беса транс ги премина сите граници. Како во секое лудило, кога лудилото ќе искочи од контрола, ситуацијата станува хистерична. Премиерот Заев по тој повод изјави: овој настан дополнително ќе ја зближи Македонија со Бугарија! Ако изгориме бар 1.000 ќе не зближи до толку што никој нема да може да не раздели. Таму, на небото.

Уште ни случајот Ласкарци, со загинувањето 16 патници во автобусот на Дурмо турс не е решен, а еве нова трагедија ни приредија естрадните уметници од власта. Уште не е завршена истрагата за пожарот во тетовската болница во кој изгореа 15 пациенти, а еве нов пожар однесе наши луѓе. Овојпат уште пострашно, загинаа 45 Македонци.

Ако некому наметнатава демократија што ескалира му беше интересна на почетокот, сега секому е јасно дека заебанцијата стана траума. Тешка и болна. Секој од нас е следен кандидат да изгори во некој автобус, болница, дискотека, да те убијат со претицање, ни крив ни дужен да загинеш, а виновникот да добие 6 месеци затвор. Помалку од убиство на комшиска кокошка или куче им се досудува за таква работа на соработниците на Фамилијата. Они си ги ценат и чуваат луѓето што им се од интерес, нас кој не ебе. На нас судиите нивни вежбаат статистика која тврди дека во 100 судења 97 се осудени за вина.

Кога пишувам дека оваа власт, по наод на европските институции, е темелно корумпирана таа власт мене ме гони по судови. И дека е таа корупција опасна за општеството, не е само кражба на пари туку уривање на систем. Ме гонат. И не само мене, десетина новинари се под истраги и по судења, некои од нас сега, некои се во припрема. Секогаш ќе се најде причина. Нема причина кога нивните новинари го ограбија Фондот за иновации, Агенцијата за филм и измислените проекти на владата. Кога Пендаровски во Комисија за помилување го става и државниот обвинител Јовевски кој го врши прогонот, а потоа треба да те помилува. Нема удвојување на функциите. Не, тоа е нешто друго. Демократија. Но, нас не гонат, и ќе не гонат се додека збориме и пишуваме за нивната корупција.

Во времето на кралот Александар Караѓорѓевиќ Обединител, во вакви прилики, за главни уредници весниците поставувале клошари и бездомници. И така ќе лежат затвор, па барем нека биде политички инспирирано. Тогаш тоа било ценето за диктатура на кралот, а сега?

Зијан сме ние, гонетите, но зијан е и секој од вас бидејќи без нас попушта браната против корупцијата а потоа корупцијата напаѓа секој од вас. Многумина платија и со живот. Дали во време на епидемија без вакцини и болници, дали изгореа во пожари, дали останаа без работа, дали ќе враќаме украдени кредити... Причина за сето тоа е – корупција на власта.

Еве, да објаснам. Мнозинството Албанци во Македонија, плус увезените косовари, две децении гласаат за ДУИ. Кој доброволно, која платен, кој под присила на нивните нарко дилери, ама на крај ДУИ влегуваат во секоја власт. Го накитија судот со свои луѓе, и сега владеат и со судството. Кој контролира полиција и суд, контролира и подземје, особено нарко секторот. Пола тендери се нивни. 1.700 Албанци примаат плата од државна администрација и не одат на работа. И, ќе се најде по некој Албанец кој е горд што неговите ја држат и надземната и подземната власт во државава. А каква е таа власт?

Толкава моќ, особено во раце на неписмени политичари како мнозинството во ДУИ, раѓа бескрајна корупција. Никој ништо не им може, за секоја услуга наплаќаат и стануваат богати, недодирливи. Како такви многумина им се покоруваат и прилагодуваат, тргаат по нивниот пат. Плаќаш, поткупуваш, ДУИ те штити и ти тераш.

Така, по тој пат, доаѓаме до трагедиите со Дурмо турс во Ласкарци, до изгорените 15 пациенти во Тетово, и 45-те изгорени во автобусот на Беса транс.

Дурмо турс возел со лажен технички преглед, и со неисправни кочници. Директорот на болницата во Тетово дозволил масовно влез на роднини во ковид центарот и прифатил пластичен киоск за болница без технички прием и противпожарна заштита. Автобусот на Беса транс немал ни лиценца за меѓународен превоз... По трагедијата државата најави одземање на лиценцата за превоз на Беса транс. Само во Македонија може да се одземе лиценца на некој што ја нема.

Министерот за транспорт, кој ги издава лиценците, оној Бочварски од Штип, не се чувствува одговорен. Царина што 120 пати и поминал автобусот без лиценца, исто не е одговорна. Како ни Филипче за пожарот во пластичната болница без технички прием во Тетово. А кој да ги гони? Обвинителството на СДСМ? Да ги судат судиите на ДУИ?

Заев е се во државава. И обвинител, и судија, и полицаец, и уредник, и глумец, и лекар кој знае дека марихуана лечи рак...и цариник. Се сеќавате ли на изјавата на Заев од март годинава кога лично наредил да се пуштат возила преку царински премин Деве баир и да патуваат во време на полициски час...“ Јас лично и се јавив на полициската службеничка Виолета со прекрасен глас...“ кажа Заев. Е, така функционира нашата царина.

Сите три случаи се последица на корупција. Сите сме шокирани и сочувствуваме но, речиси сите жртви во трите случаи се македонски Албанци па кај нив дополнително е зголемен гневот. Фамилиите се очајни. Нивниот херој Али Ахмети, со Заев, создаде корупција која сега скапо, со живот се плаќа, како што рече лидерот на Алијанса Зијадин Села .

Дали конечно сите ќе се сложиме дека корупцијата е основ на сите наши проблеми и несреќи?

Дали е сега јасно зошто има цензури на порталите и вашите постови на Фејсбук кои не им се допаѓаат на власта, зошто гонат новинари, зошто сме под постојани истраги, обвиненија, судења... На едната страна сме ние, и вие, а на другата мнооооогуууу пари. Милијарда и кусур евра, според европските извештаи, фалат во буџетите на Македонија за овие пет години власт на СДСМ и ДУИ. За милијарда и по улици ќе не пукаат.

А таа милијарда и кусур, де факто украдени, се наши пари. Кога за тоа пишуваме нивните “невладини“ и нивните портали спремаат атмосфера за наш прогон и судења. Се објавуваат само извешати од обвинеија и изјави на обвинители. Штом те има во обвинение крив си, и веќе осуден. Нема изјави на прогонетите. Ние немаме свој Бранко да не аболицира.

Но затоа ве имаме вас. Што се тресете под поплавата од корупција која би била многу потешка, многу поголема и по скапа ако нема кој да пишува и објавува за тоа. Да не немаше, и овие локални избори ќе поминеа со “победа“ на Заев, и нов бран корупција.

Сега Зоран Заев си заминува. Бега од одговорност. Некој друг да ги подмири ветувањата и сметките со нарко дилерите, да го смени членот 353 од КЗ за злоупотреба на службена положба, друг да ги враќа кредитите што ги зема за да купува избори, друг да врши рестрикции, друг да се кара со партиските “невладини“ и нивните медиуми на кои им се фрла по 4-5 милиони буџетски евра годишно а тие никогаш не се задоволни, друг да објаснува за инфлација и девалвација, друг да загуби на идните парламентарни избори...

Сега Зоран Заев сака да замине. Арно ама, ДУИ не му дава. Има долгови кон нив и нарко дилерите, особено во врска со плантажите за марихуана и тендерите. Они после два изгубени избори сепак го донесоа на власт. Во скут им е. А седнат во скутот на ДУИ не се чувствува пријатно, колку повеќе прета седнат во скутот толку ДУИ повеќе уживаат.

Никој со углед и авторитет во СДСМ не се нафаќа да биде дојебник на неговата корупција, пеглач на одговорноста. Заев реши дека тој “друг“ треба да биде кумановецот Димитар Ковачевски Таче.

Димитар Ковачевски го знам одамна, човекот си е на место што се однесува до неговата професија, врзана за истражувања, маркетинг во економијата. Ја нема алчноста и го нема оној зол, злобен и садистички карактер на Зоран Заев кој ужива да гони луѓе и да сеири на нивната мака оговарајќи ги со нему блиските. Овој е спротивен лик. Амерички човек. Но, да сум на негово место не би се нафатил да го сработам тоа што Заев го очекува од него. Нема он карактер за тие прљави дела кои Заев му ги остава во наследство. Други ќе спроведуваат а тој ќе ја сноси одговорноста и омразата на јавноста. Ќе го потпише и изборниот пораз.

Главната програма на новиот СДСМ ќе биде: 100 јадења без месо и зејтин, како да се преживее без струја, предности на невработеноста во 100 ситуации, лекување од корона во домашни услови, собрани телефонски разговори на бившата власт за семејна забава, стрип серија Суперфилипче, марихуана во секоја прилика, увод во цензура, брз курс за корупција и рекет во 100 лекции, упатство за независно обвинителство и судство, како да се збогатиш од фондации и грантови ... Кој сака, нека им честита.

(Д.П. Латас, 29.11.2021)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk