logo
logo
logo

Понеделнички

Јажето да биде купечко, или гратис

Vecer | 21.11.2021

Јажето да биде купечко, или гратис

Босанците стасаа до просечна плата од 520 евра. Србија има и повеќе од тоа. Македонија своите 500 евра просечна плата може да ги добие само од пропагандата на СДСМ. Кој мисли дека таа пропаганда може да му ги плаќа сметките, аирлија да му е. Кој му верува на Заев и СДСМ слободно нека почне да пишува желби до Дедо Мраз што да му донесе за Нова година. Иста е веројатноста дека да добие.

За разлика од Дедо Мраз, Зоран Заев никој веќе не го сака. Освен дилерите, тендерашите и банкарите во Бугарија и Швајцарија, на нив им е се уште омилен. И Елвис Бајрам.

Да, тој Елвис Бајрам, синот на Амди Бајрам што СДСМ го осуди на четири години затвор затоа што “на Бранко му дал гол со пета“ кога го заеба Црвенковски дека со СДСМ ќе прави ново парламентарно мнозинство по што ќе падне владата на ВМРО и Демократска алтернатива на Васил Тупурковски. Одмаздата беше брутална.

И треба да си тотален шупак и одрод да бидеш градоначалник на истиот тој СДСМ што таткоти го пратил на робија со политички процес, и да бидеш советник на истата партија. Мора многу кеш да е во прашање за Елвис Бајрам да ја проголта робијата, и да се ујдиса со Зоран Заев во криминал со покритие.

А кеш за Елвис Бајрам со покритие од Заев и СДСМ има, и тоа многу. Се плаќаат ромските гласови за избори. Како и за дилерите од Сарај, Чаир и Грчец. Во време кога цела држава се потресува што ќе биде со цената на струјата и можните рестрикции Елвис Бајрам е фатен, жив и на лице место, дека краде струја од скопскиот ГТЦ за да ја троши на компјутери кои копаат Биткоини.

Криминалот на Елвис Бајрам е исклучително профитен. Затоа СДСМ, полицијата и Јавното обвинителство, нормално, веднаш го заташкаа случајот. Во исто време, фатија службеници од државна Железница кои во канцеларија го правеле истото. За разлика од Елвис Бајрам нив, нормално, ги гонат. Они немаат на лагер ромски гласови за избори. Без да навлегуваме во стручни детали, да објаснам накусо за што се работи.

Во светот постојат криптовалути, вредности кои не ги признава ниедна банка и држава бидејќи се надвор од финансиска контрола и правни рамки. Тие криптовалути можат, не секогаш и не секаде, да се заменат за пари ако некој сака да ги купи. За да се создадат криптовалутите, како Биткоин, треба сложен комјутерски и софтверски ситем кој “копа криптовалути“ кои потоа се книжат во виртуелни сметки за вредностите.

Тој компјутерски систем, како сложен, неписмениот Елвис Бајрам не можел ни да го разбере ни да го создаде. Некој писмен му ја завршил таа работа. А, во пар реченици, тој систем добива нарачки од некаде во светот за компјутерско извршување алгоритми и сложени математички задачи за потреби на оној што нема доволно ресурси сам да го направи тоа. Значи, станувате рудар во рудникот на енергија и алгоритми.

За таа цел се дизајнираат компјутери, различни од домашните или тие во канцеларии, кои имаат исклучително моќни, бучни и трошаџиски графички картички чиј процесори се користат. Ако ги гледавте снимките кои Александар Митовски ги направи во подрумот на ГТЦ на секој компјутер имаше по пет или шест големи графички картички. Такви компјутери, на сминката, можеа да се избројат повеќе од 30.

Секој од тие компјутери троши околу 2-3 киловати струја на саат, или околу 60 киловати струја на ден. ГТЦ на дуќанџиите им ја наплаќа струјата по 16 денари за киловат. Според тоа секој од компјутерите троши околу 1.000 денари дневно! Ако на снимките видовме најмалку 30 такви компјутери (а не ги видовме сите), Елвис Бајрам трошел 30.000 денари, или околу 500 евра струја на ден, што е 15.000 евра месечно, 180.000 евра годишно!!! А компјутерите се во подрумот на ГТЦ најмалку три години, секако со знаење на власта.

Елвис Бајрам, секако, не ја плаќал оваа потрошена струја на ГТЦ. Струјата ја плаќале дуќанџиите кои немаат свој струјомер туку плаќаат паушално, според квадратура што ја користат па, затоа, подрумот на ГТЦ кој нема струјомер е идеално решение за дубарите на Елвис Бајрам и директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски кој, секако, не им се нашол на услуга – бесплатно. Имал ќар. Пола милиоон евра за струја поделил да ја платат 200-те дуќани. Или, за атер на власта, ќе си преќутите. Ќе си платите од џеп.

Па, дуќанџии од ГТЦ, повелете вие што крпите крај со крај во ГТЦ кој го води бандата на Амди Бајрам и наследниците, во кој не влегува никој затоа што е претворен во бедни тезги на бандата и ѓубриште, стегнете му кривична на директорот на ГТЦ, а освен тоа барајте и поврат на најмалку пола милион евра кои ви се украдени од Ѓоко Трајчевски и ГТЦ.

Врв на овој скандал е кога Елвис Бајрам чита изјава дека он, замисли, сервисирал компјутери за извоз, а не копал Биткоини без да плаќа струја. Момак, јес да си шериф у Топана, ама надвор од таму си никој и ништо. Обичен преварант во служба на Фамилијата за да плашиш народ и купуваш гласови за избори. Секое писмено дете веќе според снимките знае што си правел. Со пет накачени АМД картици на матична плоча ни К од компјутер, ни С од сервис не вршиш. А за извоз треба да имаш документација од царина, како и сметки дека си плаќал струја на ГТЦ колку што си потрошил. А немаш.

Патем, тоа што го правел Елвис Бајрам е и загрозување на безбедноста на ГТЦ затоа што подрумот нема инсталација за безбедно користење толку голем проток на струја.

Па, драги соросоиди што вршите цензура на сите слободномислечки низ Македонија, затоа ли “го гушкавте ГТЦ“, за Елвис Бајрам во него да усели криминал. Мислам дека – да. Се што соросоидите допреа и поддржуваа послдениве пет години, се криминалци и криминал. Почнувајќи од СЈО, за кое се молчи за милионот што Катица го подели на обвинителите.

Да, знаеле добро во СДСМ што се случува и кој е Елвис Бајрам. Како што знаат се и за дилерите од Грчец, Сарај, Арачиново или Чаир. Знаат, и ги покриваат за да им обезбедат гласови со кои, потоа, ќе се фалат дека народот верувал во нивната политика. Која политика е тоа? На Заев и СДСМ им веруваат уште само наивните, полтроните и подземјето.

А тој што од подземјето добил и одржува власт, нема потреба да работи и задоволи потреби на граѓаните. Да оправда глас добиен од гласачите. Штекуе кеш и знае дека некои Елвиси и дилерите ќе му завршат работа на избори. Нема зошто да се труди и вознемирува.

Токму затоа пет години откако СДСМ е на власт не е довршен автопатот Кичево-Охрид кој уште претходната влада на ВМРО го донесе до напредна фаза. Затоа пет години стои во фаза карабина управната зграда, ректоратот и администрацијата на Универзитетот Кирил и Методи. Затоа нема ни едно ново школо, болница или амбуланта барем.

Клиничката болница во Штип, почната исто така од владата на ВМРО, е прогласена за мртва. Европјаните го блокираа кредитот за нејзина изградба откако видоа дека ни после пет години Заев и Филипче не ја завршуваат. А најавија дека ќе биде готова до јануари 2019 година, и собираа на таа приказна гласови по Штип и околината. Очајно. Во време на корона кризата 2020/21 можевме да имаме ганц нова болница што значи барем 100 тешко заболени од Источна Македонија денес ќе беа живи. Ги пуштија низ вода.

И после се ние се уште се мислиме треба ли оваа влада да остане, и опстане. Дали Заев треба да си замине од власта, и треба ли да има нови избори до април?! Ќе добиел датум за прегоори... Пази, датум, не и преговори, а скраја да е членство на Македонија во ЕУ. Мислам дека главното прашање е: ќе ни дадете бесилки гратис, или сами да го купиме јажето.

Секој сам си знае што повеќе му одговара: дал’ свое, дал’ купечко јаже. Очигледно сме влегле без своја воља во секта која, како пресветлиот Џим Џонс, не води во самоубиство.

Не газат по автопати, и добиваат шест месеци затвор за убиство во сообраќај. Нивните партиски лекари по грешка ни вадат органи, и се кријат со партиската книшка. Ја украдоа буквално касата на Фонд за иновации и владиниот буџет со измислени проекти за своите новинари и “невладини“, а гонат други кои за тоа пишуваат. Ви ги цензурираат постовите на Фејсбук и вестите од порталите што ги читате, и ви создаваат магла и привид дека граѓаните ја поддржуваат власта. Ваквата власт. Власт која намерно не обезбеди јаглен и мазут за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино за сега да може раат да купува струја која е пет пати (500%) поскапа од таа што би се произведувала во Битола и Неготино... Кај има пари, таму има и провизија.

Затруени сме, контаминирани со гадости, со туѓи телефонски разговори што они ги снимале како наметната најважна тема за нашите животи, додека ни ги крадат автопатиштата, болниците, градинките и школите што требаше да се изградат од буџетот занимавајќи не со спинови, афери и прогони од нивното обвинителство и судство. Зомбирање на нацијата.

Никој не наполни фрижидер, ни бензин во колата со голтање на аферите, туѓите телефонски разговори, притворите на Миле Јанакиевски... Но, затоа, додека ние се забавуваме со нивните спинови цените на бензинот, струјата, храната... отидоа до небо, невработеноста расте, здравството папса, а заразните умираа како од атомска бомба.

Босна е протекторат. Поминаа пет години тешка војна, разурнувања и уништувања. Не ни има саглам власт, а просечната плата им е 520 евра. Србија десет години беше во војни, со 600.000 доселени очајни бегалци, а по бомбардирањето имаше штета од 2 милијарди долари. И двете се, денес, подобри од нас. Ние, очигледно, и без војни и бегалци имаме поголема непогода од нив: се вика Зоран Заев.

(Д.П. Латас, 22.11.2021)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk