Нема. Тврдам. А, зошто нема? Нема луѓе. Се е тоа ‘‘ја би сакал да се онадам, ама ако може да не ми влезе‘‘! Е, не може! Едно е да си начитан, прошетан, да те викаат ‘‘ интелектуалец‘‘ а ти да се топиш од ухрането Его, да си некој што барем 20 – тина луѓе исто прошетани го почитуваат.

Револуција е друго. Во време какво е, да правиш политичка партија е како да отвориш фирма на име на вујна ти а ти да газдуваш, поготово ако вујна ти е толку наивна и ‘‘рипа ли рипа‘‘ на берзата на политичка панаѓурска галама, додека ти се вадиш на тоа дека ‘‘ не ме разбраа‘‘, а ја баш им мислев добро! Е па друже, стави го сопствениот газ на врела тава па после прди. Немој да глумиш.. ‘‘ ех да не бев јас‘‘!

Во Република Северна Македонија најдалеку што можеш да одиш е да се обидеш да формираш граѓанско здружение засновано на ‘‘ ми се волимо ко граџани‘‘ и продавајки лажен космополитизам да сметаш дека државата само ти можеш да ја оправиш. И, се останува на ‘‘сметање‘‘. Пардон, дури и партија можеш да основаш, ама откога се виде дека секој “Levi Strauss” може да формира партија, ги заострија процедурите.

Во држава во која една огромна маса граѓани се продадени за ‘‘фишек семки‘‘, ефтиноќата на граѓанската свест те доведува до круцијално прашање. Со кого да градиш сериозна, здрава, права, јака, влијателна и сенародска партија ако знаеш дека за да направиш некакви промени и да смениш нешто, не ти се потребни само луѓе што знаат колку е дистанцата меѓу земјата и месецот, туку и една цела плејада ‘‘ајвани‘‘ кои ја владејат и носат – улицата! А, политика и улица се едно те исто. Ако ја немаш во себе улицата, ИЧ не се мешај у политика.

Колку ‘‘Боро и Рамиз‘‘ ликови постојат кои се спремни да загинат за државава! Заедно! Нема! А, знаете зошто нема? Па, нема држава. Има само едно големо претпријатие во кое најмаркантната роља си ја одигра покојни Амди Бајрам, кој триесет години убаво си пливаше во политичките води.

Ачик си признаваше! ‘‘Јас сум секогаш со победникот‘‘. Ионака Македонија е ‘‘ Дом за вешање‘‘. Визионерски од еден тип кој продаваше фармерки ‘‘оргиналки‘‘ префрлени преку рака и одејки од маса на маса во ‘‘Кафе Грил‘‘ во трговски центар.

Да прашаш 80% од скопјаниве нема да знаат каде бил ‘‘Кафе Грил‘‘. Се дошљак до дошљак. Ама, да ги прашаш сите го знаат Амди Бајрам. Сите во ‘‘домот за вешање‘‘. Затоа што тој истиот Амди беше ‘‘бренд‘‘. А, домот за вешање стана санаториум. За, мене, тебе, него, вас, нас, нив,… за сите што судбината ги осудила да живеат како ‘‘Перхани‘‘ во сопствениот радиус на беда, неодговорност, не љубов кон сопствената држава, мразејки се до пладне себе си, а попладне сиот свет.

И ти, сакаш ‘‘ граѓанска партија во граѓанска држава‘‘ во која сопственикот се мрази себе си наутро додека се гледа во огледало. Можеш да замислиш колку тек комшијата си го мрази.

За граѓанска партија потребна е граѓанска свест. А, граѓанската свест подразбира да си ја сакаш државата. Да ‘‘танцуваш со неа‘‘ и ‘‘за‘‘ неа. Единствената финта која можеш да ја направиш е да бидеш Амди Бајрам, колку да учествуваш во власта. Свесен дека не мењаш ништо, дека ионака се распаѓа се а ти и да сакаш не можеш да го спречиш тоа.

Јас, Агим Јонуз, постхумно и јавно сериозно изјавувам дека Амди Бајрам беше единствениот вистински ‘‘политичар‘‘ во современа Македонија. Се останато беше… ‘‘ја,.. па ја,.. ‘‘. Срање!

Македонија нема лидер! Нема еден Тито! Еден Лех Валенса! Еден Мендела! Еден Че Гевара!

Нема зашто нема кого да предводи. Нема ‘‘заедничка свест‘‘. Постојат држави со мултикултура во ссветот, ама не постојат ‘‘македонци‘‘ ( Демос) во нив. Постои поделена багра ( не реков стока) на сите нивоа кои се поделија дома, па на улица, па у фирма, па насекаде. Постои само статистичка бројка ( и тоа претпоставена) на елементи кои сочинуваат јавност. Се – останато е ‘‘Антигона‘‘ од Софокле облечено во рува на Anno Domini 2021!

Дали и кога ке има една реална граѓанска опција? Ќе има, ако даде Господ, велат. Слушам некои типови прават некој ‘‘Граѓански Фронт‘‘. Слушам и јас сум бил таму. Е, јбг ‘‘сум бил‘‘! Ама не сум и требал на интелектуалната и високограѓанска фела како ‘‘непоуздана пијаница‘‘, од која не знаеш кој момент може да те отера у пичку лепу материну ако не и се свиѓаш.

Ама, таа пијаница те носи друже мој ‘‘ у малом џепу‘‘, ко Амди бајрам фармерките преку рака! И тачно ја заболе курот ( у свој стил,…) да ти објаснува и допрва да те подучува дека ‘‘ на непријатељске тенкове голом песницом није скакао Владимир Назор, него некој си ајван Николетина Бурсач‘‘ кој после го прогласиле за ‘‘народен херој‘‘.

На Македонија во моментов последно потребни и се соломонски економски решенија. Македонија е одамна распродадена. Други одлучуваат, и допрва ке одлучуваат за Македонија. На Македонија и е потребна реална револуција. Револуција на свеста. Револуција на елиминација на елитистички комплекси. На афирмирање на правата на оној што продава чорапи на пазар ‘‘ 3 за 100‘‘. На неговата верба во мултикултурата, во можноста за заедништво, во надежта. Не во објаснувањето дека на секого у државата може да му се инсталираат сончеви панели на врвот од куќата . Човече, изгради му прво куќа, после панелите сам ќе си ги стави.

А, тоа може само оној што има доволно ‘‘прегорени бушони ‘‘ у глава кој секој момент може да биде и со докторот, и со клошарот, и со пијаницата, и со тој што продава весници после полноќ по раскрсниците. И со лудиот, и со збунетиот. И со изгубениот кој е нај броен.

Македонија?…. да!
Граѓанско општество?….да!
Еднакви права за сите?…. да!
Швајцарски модел?….да!
Со кого!?….

П.С. Амди Бајрам,.. не знам зошто, драг пријател ми беше, ама те спомнувам често во колумнава. Постхумно! Лесна ти земја! Allah rahmet canina!

Ти беше единствениот веројатно што многу добро знаеше да препознаеш дека ионака ова е само ‘‘Дом за Вешање‘‘. А, сите ние ‘‘Перхани‘‘. Таков ни е и генот и кодот. Не се бега од тоа. На Македонија не знам зошто мислам дека типови како тебе сега и се најпотребни. ‘‘Николетини Бурсач‘‘,…. Све је ово остало…. користам авторско право да си го задржам мислењето за себе.

На Македонија и треба итно револуција,.. улица,.. не салони за состанок у кои ‘‘ не се пуши‘‘.
А… јас?! Јас сум тука,.. ама кому се потребни будали ко мене!?….

Агим Јонуз