Вратата за промени е отворена. ВМРО ДПМНЕ сега има власт во 42 општини наспроти 16 на СДСМ. Фамилијата има локална власт само во еден поголем град, во Струмица, а во Скопје се маргина. Данела Арсовска имаше 30.000 гласови повеќе од Петре Шилегов, така што на профитерот му е јасно дека Скопје очи не сака да му види, а не да им биде градоначалник.

СДСМ и ДУИ се поразени до болка. Со години нема да можат да се повратат од овој пораз. И едните, и другите, ги чека долг и мачен период не за враќање на гласачите назад, туку за опстанок на политичката сцена, а дури потоа, она што ќе остане од овие руинирани СДСМ и ДУИ, може да планира што со себе понатаму.

И едните и другите загубија поради три причини: корупција, корупција и корупција.

Зоран Заев дојде на власт како амнестирано, аболирано лице, и со две активни обвиненија за корупција и отворени судски процеси. По изјавата на ДУИ дека нема да прави коалиција за власт со изборниот победник ВМРО ДПМНЕ, туку со СДСМ, на благонадежните обвинители и судии им стана јасно дека Заев е премиер и, не чекаа многу, паднаа обвиненијата и пресудија ослободување на Заев. Тоа падна, а се крена неговото сознание дека има апсолутна моќ. Никој ништо не му може, и не смее да му стои на патот.

Се понатаму беше пат до апсолутизам, до тоталитаризам. Неговото СЈО му го чистеше тој пат со уништување опозиција и било какво јавно или политичко мислење и движење против неговата апсолутна власт. Работите отидоа до таму што сам себе се постави за предводник на советот за реформи во судството. Премиер, прв човек на извршната власт, да спроведе чистка во сосема друга власт, судската. Со свое СЈО и свои судови, се е можно.

Кога имаш апсолутна власт, имаш и апсолутна контрола врз корупцијата. Особено кога некој така злобен со паланечки карактер како Заев ќе се добере до таква, апсолутна власт.

ДУИ, по дваесет години држење под контрола на албанските гласови во Македонија, пред се со насилство, кеш и преку нарко клановите, го доживеа поразот од кој, убеден сум, нема никогаш да се опорават. Го загубија Тетово, центарот на својата политичка хемисфера и тоа од малата Беса, помогната од Алијанса и од ВМРО ДПМНЕ.

Две дециении корупцијата на ДУИ ја гнаси Македонија. Им продаваа на македонските Албанци националистички приказни, им дигаа споменици на командантите од УЧК но, за две децении, нивна локална власт ДУИ не изгради ни колометар нов булевар или улица во Гостивар, Тетово, Липково или Боговиње. Ни амбуланта, ни градинка ни школо. Нивните нарко дилери ровореа по селата и полнеа кутии на избори, обезбедувајќи му на Али Ахмети добра позиција за преговори и влез во сите влади последниве две децении.

И ДУИ, како и Заев, дојдоа на власт со опшаки од обвиненија и судски процеси. ДУИ беше и под меѓународна истрага за корупција во Телеком. Но, стапувањето на власт значеше спас и за Заев, односно СДСМ, и за ДУИ. Се најдоа, што би се рекло, како порачани. Она што најсилно ги спојуваше тогаш, и сега, ДУИ и СДСМ е нескриената склоност кон длабока корупција, кон контрола на полицијата и судството, и кон апсолутна насилна власт. ДУИ заедно со Заев жртвуваа запалени болни во Тетово за да ги спасат фотељите на своите. Не му значеше ништо на Али Ахмети што речиси сите беа Албанци, а устата му е полна со нив.

Со нивниот брак, Заев во мираз и на располагање ги доби нивните нарко кланови со кои тој, и неговите министри влегоа во бизниси, се сликаа и фалеа по Фејсбук. Се сродија меѓусебе.

И тука би ставил крај на прашаето зошто ваков резултат? Се понатаму, завршно со прљавата, гнасна и насилна кампања на СДСМ и ДУИ ви е познато.

По поразот Зоран Заев јавно кажа дека дава оставка на функцијата премеир и претседател на СДСМ. Кажа дека дава, а кога и како ќе ги биде, е веќе друго прашање и тема. Заев, за ваша информација, отпорано се спремаше за оставка, само се чекаше логична причина. Го спастри Костадин Манулаќ, неговата десна рака, за градоначалник во Струмица а за другите, како им дал господ.

Оние на кои тоа им е работа, последниве пар години следат како капиталот на Заев се сели во Бугарија, Швајцарија и… Аргентина. А каде оди капиталот, таму и капиталците. Тоа ми е најголема гаранција дека оставките, овојпат, не се блеф туку финале на неговиот план.

Заев даде оставка затоа што филмот му заврши. Приказните дека ќе воведе правда завршија како и неговото СЈО. Правда од нив не видовме, само корупција. Разликата е во тоа што засега само Катица е на државен трошок, а во двата случаи државате е во зијан.

Државата ја сјеба до патос: ја задолжи нови 4 милијарди евра, криминализираше цел полициски, обвинителски и судски систем за кој ќе следат дебели истраги, избега пред хаосот со скапа струја, рестрикции и можна девалвација зимава, остави над 7.000 починати од епидемија, остави осилена нарко мафија која управува со власта… Накусо, како тајфун да ја прегазил Македонија.

Нарко клановите, со кои власта тесно соработува, ги штити и им дели пасоши, се шокирани од поразот и оставката на Заев. Сега се со неизвесна иднина, а имаат неподмирени сметки со власта на заминување. Следејќи ги искуствата од Србија и Бугарија, да сум функционер на СДСМ и ДУИ на власт не би имал мирен сон. Ќе бидат среќни ако им суди редовен суд, да не им се случи разочараните и изневерени нарко дилери да им судат.

СДСМ е пред експлозија одвнатре. Нема кој да го наследи Заев, а никој нормален во вакви околности не би се ни нафатил на тоа. Се местеше за наследник Оливер Спасовски но, и поразот во Куманово, а и соработката со нарко подземјето на кое полицијата му издаваше дури и македонски пасоши му ги запечати амбициите.

Амбициите на Љупчо Николовски, кого Заев плански си го спремаше за свој наследник, исчуреа после ваков пораз на избори во кои тој беше шеф. А Сања Лукаревска? Која заедно со Арафат Муареми, директорот на финансиска полиција, беше главна владина алатка за прогон на луѓе и фирми и покривање на корупцијата. Заедно со полицијата, ОЈО и судовите секако… Не, можеби Заев ќе ја турка Лукаревска за времен премеир затоа што има со што да ја држи во рака и под контрола, но за шеф на партија како СДСМ, таа не поминува.

Што го чека СДСМ? Партија без идеологија. Внатрепартиска тешка и валкана борба. Политички свесниот дел на СДСМ, кој е близок до старата гарда предводена од Црвенковски, знае дека СДСМ со бришењето на АСНОМ од уставот, со Северна, со бришењето на македонската историја и идентитет, и со ваквото ниво на корупција и отворена соработка со нарко клановите е поставен на столбот на историски срам. Дека по падот од власт следи долга и мачна опозиција. Кој ќе им се нафати да минува низ тоа?

Политички свесниот дел од СДСМ, на крај, ќе ја добие битката против Заев и Фамилијата. Ќе се обиде да го врати партизанското наследство и државотворната позиција но, за тоа ќе требаат години. Многу повеќе време од она што им требаше на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ после прогоните и газењето од СЈО, обвинителството и судовите на Фамилијата. Ако не за друго, затоа што СДСМ ќе има и силна конкуренција за таквата нова политика – во Левица.

Левица се профилираше како потентна партија која има моќ да стаса до 8-9 пратеници, со околу 70.000 гласови како максимум, но во сегашната состојба. Кога СДСМ е се уште на нозе. За разлика од овој СДСМ, Левица инсистира на идеологија како свое главно, па и единствено можно политичко оружје. Но, тоа е силно оружје. Им го презема идолошкото наследство од АСНОМ и партизаните на СДСМ, му се спротистави на Заев во трговијата со Бугарија, со што ги презема и национално освестените гласачи на СДСМ под своја контрола. Тоа го прави плански, и засега успешно. Како ќе се разгорува внатре партската борба во СДСМ, се повеќе нивни ќе преминуваат во Левица.

Дали ова значи тотален распад на СДСМ? Исчезнување, или пасокизација, како што го нарекува Апасиев. Не, СДСМ ќе опстане но, никогаш веќе како оној силен СДСМ со Бранко. Нема таму веќе луѓе со авторитет и јавен углед, допрва треба да се бараат и прилагодуваат. За почеток, во врвот на партијата треба да го вратат Максим Димитриевски, од Куманово. Бизнис опашките и релациите со нарко мафијата уште долго ќе се влечат и тлеат. И, што е најважно, СДСМ нема идеологија. Партија без идеологија е акционерско друштво, профитно здружение чија дејност се тендери, а алатки се корупција и политичко насилство.

А ДУИ? Ооооооо, тоа ќе биде приказна со пукање и пеење. Тетовскиот клан ја губи власта, Ахмети е на листа на чекање во Хаг, а Чаир ја презема иницијативата. Оној Чаир кој со години бара шут карта за милениците на Али Ахмети, од Бујар Османи до Артан Груби. Артан добро знае за снимките од аеродром во Колумбија каде негови пријтели дилаат дрога. А и кои намери имаат дилерите од Сингелиќ што ги апсеа летово за чистење на пазарот за интерес на колегите од Грчец и Чаир, како и за свои потреби на изборите.

Теута Арфи прва го напушта бродот што тоне. Спонзорирана од моќниот Дестани, веќе се гледа себе како иден амбасадор на Македонија во Вашингтон, што значи уште една пушинела за Шеќеринска која беше убедена дека се сели во САД како дипломат. Во битката за амбасадор во Вашингтон Теута Арифи е фаворит пред неа, иако од двете заедно еден асален дипломат не можеш да составиш.

Па, поштована публико, вратата за промени е отворена. Секој што гласал за промените има причина лично да се чувствува како победник, а оние другите да им бидат благодарни што што ги спасиле нив од беља, од орупцијата на Фамилијата, а децата од нарко дилерите.

(Д.П. Латас, 01.11.2021)